Будистичките монаси не се единствените, способни, да доживеат будење со молитва и медитација. Нема тука ексклузива. А што е мир? Шеташ, уживаш во природа и фокусиран си само на природни појави околу тебе-мир. Слушаш џез додека уживаш во сладок вкус на тортелини со пршута или мирис на њоки-мир. Игра со мачки и посветеност на играта-мир. Респектирам будизам, али за се тоа не треба да седиш избричен на врвот на Тибет во портокалово...
Кога некоја посиромашна девојка ќе роди дете на помлади години, одма сите коментираат: - Наместо да се образува, таа бремена останала...Заостанати луѓе...Кој раѓа толку рано?...Наместо да работи и да шета, таа бебе ќе чува...Што да очекуваш од прости и сиромашни? (скоро никој не им честита). Кога некоја богата девојка ќе роди на помлади години, истите луѓе коментираат: - Браво, секоја чест. Така треба на време да си роди детенце...Сигурно родителите и е многу среќни, и јас би била...Има време да си го заврши факултетот, битно нов живот донесе на свет...Благословено е девојчето на млади години. (сите со трчање одат на мекици) Зашто ако си сиромашен автоматски си глуп, а ако си богат мозок ти тече низ уши и воедно си модерен.
@JollyGirl 100% си во право , кај го прочитав постот твој уште посабајле, ми се повраќа сега од неправда и злоба. Го има и обратното.... Ако сиромашна девојка нејке деца или брак, одма муабетот е леле греотка подобро да не раѓа, да не се мажи дали ке има пари да го гледа, каде ли ке живеат. А некоја добро ситуирана ако нејке, одма е себична кучка што само мисли на себе. СДК Мене 2018 година ми донесе мрза. Јас сум станата најмрза од сите светски мрзи. Да ми дадат златен медал за мрза , ке ме мрзи да станам да го земам. Си дремам по форуми, си барам глупости на нет, ко да ми е се рамно. А не бев такво дете бе, планина можев да кренам, со 250 активности на ден барав уште. Ова сега на ништо не личи. Иш мрзо !! Иш!!
Ќотекот не е излезен од рајот, и со ќотек не се воспитуваат деца. Со збор ќе го воспиташ, со ќотек ќе го разгневиш и расипеш детето. Ама кој да слушне и разбере...
Chudna koleshka imam,zboruva za eden,zboruva za drugi kolega ko demek sedele a zemale plata Pa ti prijatelke prvo vidise shto i kolku rabotash pa posle zboruvaj za drugi. Nezz zash ali mrazam takvi koi ne si gledaat za sebe,a gi ogovaraat tie okolu sebe shto jadat zaedno leb.
Треба да се потпише петиција за да се тргне срцево од инстаграм. Колку пати се имам обрукано пред луѓе на кои никад не би им пратила срце. Не е фер.
Си се смеам сама на себе. И приватно кога одам на доктор со препорака одам а денес се залетав државно јас без врски без ништо дека ќе завршам работа. Освен што дремев во ходник 90 минути ништо друго не направив е така. Сама на себе се смеам.
Во моментот кога ќе престанеш да ги исполнуваш туѓите желби... ќе почнеш да стануваш сѐ посреќен и посреќен.
Си стануваш наутро, се подготвуваш и тргнуваш за на работа/факултет/училиште. Си одиш така по тротоар и гледаш еден паркиран автомобил пред тебе, слегуваш на улица и си велиш: „Ајде можеби накратко е тука паркиран“, и потоа повторно преминуваш на тротоар. Продолжуваш да одиш и гледаш три автомобили паркирани на тротоар. Ги заобиколуваш. Продолжуваш да одиш повторно на тротоар и повторно пред тебе има паркиран автомобил. Слегуваш по десети пат на улица за да го заобиколиш и тој во тој момент тргнува и не гледа ни пред него ниту зад него. Си вози човекот. Пешаците се небитни. Па зошто тебе да ти биде гајле дали мене ќе ме прегазиш или не, кога многу поважно е да стигнеш на време на местото на кое одиш. Епа луѓенца во држава во која најголем успех во текот на денот е да останеш жив, не може да има напредок. Само уназадување со ваква сообраќјна и општа култура
Зошто народот што и да направиш на кој начин и да постапиш за нив нема да биде исправен.Како приказната со мажот,жената и магарето
Пасивна агресивност е кога цело ќе му пишеш на клиентот "last requests" наместо "latest requests", чисто за да му дадеш до знаење дека крајно време е да заврши со барањата, ама знаеш дека англискиот не му е толку добар за да сфати.
Денеска средив сè, и тоа од сабајле. Трајна депилација на веѓи, паѓање на коса, ми се смени бојата на очите (од зелена стана црна), јазикот ми овена а богами и ми израснаа уште по два прста на двете раце и сето тоа благодарение на познатиот освежувач на автобуси од сабајле а тоа е - лукот. Кој и да беше ти благодарам многу, тоа е нешто што највеќе го сакам зошто сепак, мора да се каже дека лукот го има тоа магично дејствие да разбуди мртовец од турски гробишта или пак да направи да почне да цути кокиче во зима.
Сам најубаво ќе се разбереш,без да те осуди некој. Како ненормален,сам со себе зборувај си,ќе ти олесни на душичката
Толку подеми и падови во еден ден, полошо и од ролеркостер. Туку, СДК лук со путерче на скара сега ми се пријаде. Или од оние лепчињата по маркетите во Германија, тазе печено, мирисот се шири насекаде.
Oooo интернету село весело! Многу се забавувам периодов со бескрајните знајни и незнајни ставови, препукувања, жолчни расправии, силни-зад-екран појави, глуматори, лицемери, испади од Вселената и такви ми ти состојби во оваа ера. Експертизата владее со оваа географска точка во светот. Македонија е епски паметен простор/време локалитет. Само нема кој да ни каже дека сите сме забегани! Седни бре, пушти си плоча од Ела Фицџералд, сети се вчера која убавина владееше на Астални, на прекрасниот подарок - книга од Џојс, на падобранецот потопен во чајче, на убавите лица и не толку убавите лица. На себе сети се, дека радоста од тебе доаѓа и во тебе се враќа...