- Лесно ти е тебе, цел ден си седиш на работа. Ова ми е најглупавото нешто што сум го слушнала во животот. Секоја професија си има своја тежина, ако газот ми е на столче 8 саати, не значи дека само дремам и пијам кафе за тоа време.
Прееска слушнав еден муабет... Не ја знам целата содржина, ама претпоставувам кој е воведот. И вика едната на другата, ќе земеш турмалин и ќе си го ставиш до креветот, ќе земеш ќе искадиш со жалфија и ќе си ставиш сол под креветот, така да ја избркаш лошата енергија. А на тоа другата и вика - а не, јас во господ си верувам, јас со темјан кадам и со крстена вода попрскувам, молитва и тоа е... На тоа првава и одговара, ај не забегувај и ти со поповине, глупости се тоа, напрај ова што ти кажувам... Сакав да им речам и на двете дека се забегани. Ама тоа е кога забеганиот го убедува другиот дека е забеган. Ми текна одма и на муабетите вчера на форумов...се поднасмеав.
Во последно време насловите по некои сајтови што ми излегуваат низ фб, не знам дали 3 годишно дете ги пишува, дали некој возрасен што нема појма од животот или некој трол. - Имате влакно на брада? Погледнете што значи тоа. (Фото+ Совет од доктор) Отвораш и читаш дека ништо не значи туку треба да се избричиш. -Жена мислела дека сопругот се тушира, но кога влегла во купатило ја дочекал прав шок. (Фото+Видео) Ја отвораш веста и читаш дека во Јужна Кореа не бил сопругот во вц туку свекрвата се туширала, а жената се шокирала. - Жената поставила камера за да види како сопругот се грижи за децата додека таа не е дома. Шок (Слики+Потресни изјави) Читаш дека 3 пати им дал да јаде, наместо два пати. -Човек му дал пари на бездомник и тогаш се случило ова...(Видео од очевидци) Читаш дека бездомникот почнал да плаче од среќа и го гушнал човекот. -Мајка ја удри ќерката во јавност, а тогаш дошла една жена и го кажала ова...(Фото од нервозните жени) - Ја отвораш веста и читаш дека и другата жена ги тепала дома децата, и дала совет да продолжи така. - Мајки, денес е празник, напревете го ова за своите деца. Отвораш од љубопитство, читаш кој празик е, кој светец, од кај потекнува, кои му се родители, а никаде не пишува тоа што го има во насловот. Кај живееме п.с. Примерите се инспирација од вистински наслови
Застрашувачко ми е сознанието дека во еден момент си била најмладото битие во целиот универзум, а во друг момент ќе бидеш следното нешто што ќе умре ...
Мислам дека главата ме боли поради трпењето на прдушките на пензионерите во автобус. Рајо нехигиенска и невоспитана.
Чувството кога цел ден една песна ти е на repeat И си расположена и никој не може да ти ја тргне насмевката од лицето. Кога само неколку збора од најсаканата личност те смируваат сосема. Ти даваат надеж. Кога знаеш дека се бориш за нешто, но не залудно. Конечно, црните облаци над мене како да почнуваат да се расчистуваат. Повторно ќе дојде пролетта, нашата пролет
Оние девојки што се сликаат со доколенки и џемпер одозгора во кревет, со кафе и книга на креветот. Пресекси сте мааајке ми. Само пазете да не го истурите кафето дур ги тегнете рацете да се чкрапнете и местите нозете во што посекси поза. Не да не ја потурите книгата, и така сигурно не ја читате, а и да ја читате гарант е Лајла Грејс бљувотина, туку за чаршавот... И не ми е јасна композицијата на сликата. За што иде лајкот, за нозете и чорапите, така? А после тоа се пресоблакате во тренерките за по дома или како?
Maкедонска мака со макичиња Нервози нижам, И пред проблеми мижам, Како ми изгледа повторно овци ќе стрижам. Што да си правам со оваа мака, Кога не можам да направам тоа што сакам. Не знаев каде да тргнам, Па решив тоалетот да го чистам малце да мрднам. Прашоци, средства, киселини, се лејат по површини. Нема крај на мојата мака, Си мислам да си дрмнам една киселина една шака. Оваа песна е сепак една шега, А од реалноста секако не се бега. Па си сварив едно кафе, Го гледам мачорот преде, ќе падне и некое мафе. Што е живот ако не знаеш што е тага, Не би можел да го ставиш на баждарена вага. Кога ќе ти дојде убавото од радост да бликаш, И селфи за инстаграм да си сликаш. Лилит, 10.01.2018, современик на Дарко Лешоски
Најнова зафрканција што тастатура и аутокорект во соработка со Марфи им ја прават на луѓе, а што ме стигна и мене – е изгледа се надрвам дека... (наместо надевам, of course). Среќа што се работи за жена во години на која ѝ враќам на стикери и светки со честитка со зборови, па ваљда не внимава на тоа... се надевам де...
Сдк Би сакала да избегам од секојдневието и оваа меланхолија во душава и срцево што нема место од каде да избие.. Би сакала да заминам некаде каде што е вечна пролет, да го почуствувам вистинскиот мирис на цвеќињата од дрвјата и да го слушнам звукот на бумбарите.. Е таква пролет со години немам видено, да си седиш мирно и спокојно а да те пече сонце да мирисаш и да уживаш во природните убавини.. Да имам мала куќа со пастелни бои, чајник, филџани и насекаде вазни со миризливи пролетни цвеќиња во сите бои.. Веќе ниту пролетта не е пролет.. Ниту мирисот го има ниту цвеќињата го имаст тој некогаш сјај.. Би сакала да си купам широк голем шешир во лилава боја, да ставам ноочари и да облечам жолто фустанче.. Би сакала се она што го имав некогаш.. Би ја сакала среќата и онаа емоција во желудникот кога ти лазат пепрутките од среќа.. Ама веќе и пепрутките не се тоа што беа.. Живот..
Денес повеќе од било кога се радував за своето неоткажување, на својата упорност дури и кога сум заглавена во ннајтесната кутија... Секогаш се убедувам дека од се има излез и ете ќе си продолжам така ... Добро е неоткажувањето, зачинето со трпение, верувајте....
Велат дека добриот збор и железни врати отворал но,во пракса мислам дека често се злоупотребува ова и се губи смислата и почитта кон добриот збор... Велат дека,голем е оној човек кој умее да премолчи и тогаш кога е во право- и не дека не постојат вакви добри човечиња,кои зрачат како сонце и се повлекуваат настрана,за доброто на сите А од другата страна,постојат и такви луѓе,кои мораат да зезнат нешто штом отворат уста,пример: видете ме мене
Не е срамота да немаш пари за да отидеш на одмор или зимување, да возиш стара кола или воопшто да ја немаш, да немаш Ајфон, да не носиш брендирана облека, да не им славиш големи и раскошни родендени на децата, да не пречекуваш гости со преполна маса, да плаќаш цел живот станбен кредит за само 40 квадрати стан во Ѓорче. Срамота е ти што незнаеш на што да ги потрошиш парите, да ги исмејуваш и навредуваш тие што имаат многу помалку од тебе. Парата не те прави човек...