Долго време се прашував зошто многу квалитетни и паметни членови се повлекоа од форумов, а периодов после долго време го пронајдов и одговорот. На форумов имаме три типа на луѓе: - Оние кои имаат ниско интелектуално ниво, но не се обидуваат да го прикријат сопственото незнаење за многу области од животот; -Оние кои имаат високо интелектуално ниво но не пишуваат премногу поради тоа што главно имаат сфатено дека не секој може да ги разбере; -Оние кои имаат просечно интелектуално ниво, но упорно сакаат пред другите да изгледаат како научници, психолози, астрономи, физичари, математичари, биолози, правници, политичари, филозофи и што ли уште не. Е од овие три групи, паметните луѓе кои се повлекуваат од форумов главно се одбиени од оваа третава група на членови. Ама мора секогаш да се претставуваш како научник пред некој што не те познава лично зошто само така ќе можеш да си ја билдаш самодовербата, а инаку пред оние кои те познаваат лично секако дека не можеш да се правиш дека си лебед а ти всушност си чавка. Постов не е упатен до никого посебно, но претставува мое размислување за зголеменото исчезнување на квалитетни ликови од форумов. Ако некој се навреди затоа што се пронашол/пронашла во непосакуваната група тоа не си го земам како моја вина. Упс. Have a nice day
@Purplelilac грешка си душо, никој не се повлекол поради некого..едноставно поради презаситеност, досада..или пак дека е баниран трајно по незнам кој, трет или четврти пат.
Моментот кога се расправаш со некој а тој ти вели: мисли си што сакаш за мене не ми е гајле... Па душо да ти билогајле не ќе сме дошле до моментот на расправање нели? priceless....
Сакам да кажам дека бев основец можеби кога се задружив со едно дете и ми кажа една „мудра“ мисла: И се противев, дека мора да му укажиме на некој ако греши, дека човекот е во суштина добро суштество и после ... пораснав. Ова, остај, нека умри глуп, звучи грубо, мизантропско, ама вистина е. Сите имаме различни погледни кон светот и не значи дека ни моето, ни твоето, ни неговото е точно. Ако сите се убедувавме дека нашето е во право, што за жал, се случува на одредени теми, ќе бевме во хаос. Едно е цивилизирана размена на мислења, сосем друго е убедување. И нормално, нашата вистина е најголема, секогаш. Кој и да сме, колку и да не сме во право, нашата вистина е најголема.
Во Јапонија воз се извинил затоа што по грешка тргнал 20 секунди порано од станицата, а јас седам и се мислам дали смеам да ризикувам со конекција од 2.5 часа.
Со текот на времето, сфаќам дека мојата најдобра особина е тоа што сум многу чувствителна. Да, тоа ми донело и ми носи многу солзи, немир, но не се ли чувствата смислата на животот? Не се ли чувствтата оние што го бојат животот, му даваат свежина, му даваат смисла? Само што, се уште се учам да ги покажувам чувствата што вријат во мене. Среќна сум што најдов личност што го цени тоа. Што знам дека го гледа и слуша и она најскриеното во мене.
"Нема начин да му објасниш нешто на човек со кого ве делат два вагона книги." Има вистина во кажаното... Читајте луѓе, читајте!
Се почесто се запрашувам себе си зошто на народот му е толку тешко да прифати нечиј став, всушност да го испочитува туѓото а да си биде на своето. Се почесто се запрашувам зошто скоро никој ја нема таа доблест да стои цврсто зад својот карактер, односно барем еднаш да проба да не се врти како сончоглед на сонце и да згаси се пред себе вртејки се не размислувајки за своите и туѓите последици. Зошто се нема осет и соочуство за искажан збор и направена постапка. Дали размислувате со своите зборови дека би можеле да повредите некого? Дали размислувате дека кроејки туѓи животи не го живеете вашиот и не сте задоволни во сопствената кожа токсирајки се со глупи шупливи муабети што ти ја закоравуваат главата и те полнат со негатива и бес до срж?! Се почесто слушам како се зборува за свои сопствени ставови и она како јас би направила кога нешто би било. Не златни, не е така.. мудроста не доаѓа од раѓање таа се гради и стекнува низ нашите грешни ставови и постапки, многу пати сите сме рекле нешто и сме биле и упорни и цврсти зад тоа нешто ама теоријата и праксата не се исти, не се исти во оној момент кога намерно ќе ти дојде марфи на врата и намерно ќе ти го изремети ставот твој цврст за да намерно воочиш и си спремен од нервоза да си избегаш од сопствената кожа, тогаш увидуваш дека ставот твој можеш да си го пикнеш под чергата а за следен пат да си плукнеш под пазувите. Никогаш не вели никогаш, и никогаш не престанувај да се бориш, да живееш, да се надеваш и да продолжиш да градиш, никогаш не е доцна за ништо на овој свет се додека го имаш тој елан за поубав и поисполнет живот. Човекот учи додека е жив.
Дури и најмалиот гест и внимание, најситна пружена помош, може да стопли нечие срце. Љубезноста секогаш ќе остане најсилна особина на човекот.
Да беа луѓето толку љубезни како што се тука на форумов, да беа луѓето толку милозливи, слаткоречиви и хумани, како што изиграваат дека се на социјал.мрежи..да беа луѓето толку праведни, борбени и гласни за своите права во реалниот живот....ех, тоа ќе беше рај!!!!
"Ако родителите не сакаат да се омажиш за некој кој е друга националност, вера или раса, послушај ги, тие ти мислат добро. Остави го човекот, не вреди тој повеќе од родителите." Се прашувам што е лошото во случајов, па родителите да мислеле добро. Како тоа што саканиот на ќерката е различен по нешто, го прави него лош човек, ако при тоа се сакаат, а тој ја почитува и убаво се однесува кон неа... Ако е црн, значи под дифолт нема да ја сака? Ако е муслиман, а таа христијанка, значи дека сигурно нема да ја почитува како жена и ќе му биде робинка? Или само ограниченото размислување на тие родители се оправдува преку самиот факт што се родители. Да мислат за нејзино добро е на пример кога не би сакале да се омажи за пијаница и насилник, некој кој е многу постар или кој консумира дрога или се коцка... Па и да стане подоцна од него вакво нешто, тоа е до самиот човек, а не до црната кожа или тоа што е муслиман. А како тоа мислат на нејзината среќа кога истата ја попречуваат?
СДК... Аномалијата во комуникацијата на нашиот народ е во неспособноста да препознае став од (раз)убедување. На никој не му е потребно да го наметне своето мислење, освен почит за истото.
На здравјето најактивно се мисли тогаш кога не боли нешто. Почнуваме да штедиме тогаш кога сме при крај со пари. Не е до нас..традиција е во прашање
Го лајкнав некако со пола срце, пошо ова со здравјево ( ме погоди ) ја си ја терам изреката " Во младоста се гради староста" !! Ич не сум по традициите
Сдк... Има многу прост народ со ниска култура Не научивме и не научивме дека треба прво да ги пуштат луѓето да излезат од лифт пред тие да се затрчаат како луди.. Алооо, како да излеземе кога се туркате како овци што не виделе храна цел ден. Опрајте се
Нека си трепка тука за секој миг кога за миг товарот на грбот ќе ни натежне, нека си трепка за секогаш кога се бориме разочарани од се и од секого, нека си трепка за секогаш кога мислиме дека сме изгубиле нешто важно....
Можеш да ја избегнуваш реалноста, но не можеш да ги избегнуваш последиците од избегнување на реалноста.
Сакам да кажам дека моќта е во вас. Искористете ја додека сте живи. Животот е краток. Минува додека да трепнеме. Овие реченици се многу важни. Живејте така за кога ќе погледнете наназад да бидете среќни. И бидете среќни!