Сте се чувствувале некогаш како некој да се зае*ава со вас? Најозбилно така се чувствувам. А бе каменот едвај до тука го дотркалав и сега оп...чекај. Значи такво чувство да, не ви преостанува ништо друго освен да се смеете. Не, ова... не знам што да се каже. Иначе, на сета мака, се осетив како да сум добила инфузија, па покрај сета смрдливост надвор, се протнува оптимизмот до врата. Со доза на резерва, зашто не знам какво срање ме чека утре. Така ми тера за инает, таман ќе се кренеш, ќе те залепи како лепешка на асфалт, како ништо да не си. Иначе... многу убави луѓе. На секој редам те сакам. И многу уфилмани луѓе, ама тие си знаат. Вие... би гуд ту ичадр
Сакам да кажам, неќам радикални мислења. Во ни еден правец. И со тоа што сама се наоѓам на средина, дури и дечко ми вели дека тоа е најлошата позиција. Не очекуваш само една страна да ти забие нож во грб, очекуваш да ти забијат нож во грб двете страни, зошто не си на ни една страна. Не сфаќам, секој вика да имаш свое мислење, ама кога го имаш и ако не се вклопува со групата кон која си наклонет - наеднаш не си добредојден. Мислењево не ми е за пролазни теми, повеќе ми е наклонето кон политика. Ако некој поддржува одредена партија, не сфаќам како ја поддржува и во пропаст на самата партија, државата итн. Не е лошо да се кажи што не ти се допаѓа.
Сакв да кажам нешто ама ме знам што. Иначе не знам која членка беше што напишала за мажењето на сиромашна или богата девојка. Се сложувам со тоа затоа што највеќе ме иритират тие зборења и тоа дали се омажила оти била сиромашна или богата, луѓето секогаш зборат и ќе зборат и не знам зошто не си го гледат своето. Многу работи ме нервират околу тоа кој како се омажил и како и на колку години. Ќе пишував уште ама немам време. Пријатен ден имајте.
За добро утро за нас за тоа што о нападите една на друга заборавивме дека тука сме за да се подддржиме во се... Нека си трепка , за феминизмот, за фемина и за нас....
Начукале по 70 и кусур години, више мирисаат на земја и уште возат коли. Не гледаат кај тераат. Бреј!!!
Jас сум од оние што се ги интересира. Читам различни работи,се интересирам за различни работи. Научена сум сама да се снаогам во одредени ситуации. За се сакам да знам отприлика што се случува. Но.,. На моменти размислувам дали вреди сето тоа. Аj Креjзи тука таа се знае? Дали некогаш е подобро да не се знаат некои работи? Ама од друга страна, не би била jaс. Дали полесно си поминуваат тие што помалку знаат?
Најмногу ме нервираат луѓе со лажен морал.Пред мене кажува за трето лице,дека е дете на разведени родители и автоматски мора да е за никаде,и тоа не и е прв пат.Индиректно ме навредува и мене и моите деца,а таа што си има швалер,тоа е занемарливо.Кој е овде за никаде? Значи немам зборови!
Денеска сакам да кажам ... пар работи #хехехе Дали сте спремни да читате !? - Ако одговоривте ДА! супер. може да читате, ако одговоривте НЕ, не читајте, не ми требаат луге што ги мрзи да читаат 1. Каков живот, да се родиш како папагал и овие човециве да те стаат у категорија на " украсни животни" 2. Јас научив дека крофна може да се стане и без јадење на крофни. Затоа изедов 7 крем банани 3. Дали ако ја ставам лицето на топла рингла, ринглата ќе добие отпечаток од моето лице или ринглата ќе се отслика на лицето ? 4. Моментот додека учиш е и спремаш испит е многу стресен. Бараш решение да се смириш ? Само отстрани ја потребата за учење. Решението е истата ствар "учењето" само у обратна насока 5. За нас младите завод за статистика на популацијата е фејсзбук. Ако сакаш да најдеш некого, го бараш таму 6. Завчера додека учев изедов 150 грама чоколадо. Вчера изедов 300 грама чоколадо. Денеска . не.не.не. нема да изедам 450 грама чоколадо затоа што стресот заврши и немам веќе за учење 7. Јас не чувствувам вина, а ти какви вина сакаш ? ( прочитај го 2 пати прашањето ) 8. После неколку години кога ќе се навратам на тоа што го пишувам сега а и тоа од порано, ќе се чудам на што сум бил у моментот 9. If you are a guy: Have you tried achieving your desired life as hard as you have tried getting girls ? - it works 19. Квизот " Се или Ништо" со Лила иако ме чуди како уште постои, претставува дефиниција за еден куп суеверни луге собрани на едно место. I'm scared 11. Леле со предходнава точка ама забегав.. до 19 стигнав АХАХА ПозЗ3³ ®
Денес гледав како еден човек умира во очите на многумина (и во моите) и болно е... и горчина имаш во грлото и заматен поглед и тешки нозе како во погребна поворка и траорна мисла, како да го нема веќе тој што си го ценел, сакал, барал.... Не за џабе рекле умирањето во нечии очи е најтешката смрт што може да се случи........
Ќе кажат дека од човечкиот живот нема ништо повредно. Дека за секој проблем има решение... За умрениот се најдобро... А кога бил жив... му се сителе на секоја болка, му го оценувале секој чекор, му се смееле на секој неуспех, му давале критики, му се потсмевале за се нешто... Некои проблеми се поголеми ради притисокот на поротниците и оп... можда сте ненамерно виновни за нечија состојба. Каков ден... Да не се повтори... Уште некој си замина... тажно и болно, со солзи во очите, по кажани зборови, но погодени токму во срцето...помоќни и од куршум очигледно.