Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Денеска за првпат во животот ме возеше жена-таксист. И морам да признаам дека многу беше интересно и интересен разговор свртевме морам да признаам, поинтересен од тој на доста шабани кои ги имам сретнато, а се занимаваат со оваа професија.

    Бај д веј, немам ништо против жените, да ставам до знаење за секоја сигурност. :)
     
    Последна измена: 12 јануари 2018
    На Nigredo Odor, JollyGirl, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    СДК дека во секое лошо има нешто добро... Во сите срања што се случија во државава последниве 2-3 години изникнаа од двете најголеми партии млади луге кои си ги критикуваат и не ги поддржуваат своите јадра кога не се во право.
    Денес дечки од Шарените и СДММ јавно пишуваат против законот за двојазичност.
    На изборите 2017 , ВМРО најмногу гласови изгуби кај младите, што немаат ништо против партијата но гласаа Грујо и бандата.

    Тоа одамна го зборам и го чекам да дојде кога сите ке го критикуваат тоа што е за критика , а ке го поддржат тоа што е за доброто на сите . Така ќе има натпревар кој ке направи подобро за граѓаните а не кој поголемо ср*ње ке снесе.

    (знам дека многу очекувам, но надеж гледам само во тие млади луѓе)
     
    На Annath, crazylady, Stories и 2 други им се допаѓа ова.
  3. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Нова година,нови проблеми(facepalm)
    Ааа ама и нови авантури:rofl::rofl:
    Сдк Да го почастам модераторот со еден овежителен пијалок... 2ithr9e.jpg
    :rofl::rofl: Можеш постов во темата за секс да ја префрлиш,нека си заплакнат уста:rofl::rofl::rofl:
     
    На Srcka $, Crna Dama, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Еднаш се живее, а и животот е доста едноставен, ние го правиме комплициран. Зошто наместо да се прашувам што би било ако би било, да ја земам работата во свои раце и да видам како би било. Колку и да се уклапаат коцките сепак мора бар со прст да се мрдне, не се местат сами целосно. И да згрешиш од грешките се учи, а и искрено повеќе си ги памтам глупостите во животов.
    Го пишувам ова дур планирам да направам нешто што никогаш не сум го направила. Ми е гајле ако добијам не за одговор. И за последиците ми е гајле. Си викам на себеси кога последен пат си направила нешто за првпат. Одамна беше тоа. Време е за нови нешта.
    :d:
     
    На happygirl, SV1911, vitamina и 16 други им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    43.674
    Минута молк за сите мислења кои знам дека ќе ми бидат модерирани или избришани уште пред да ги пишам, па си ги чувам као скриншот у мобилен.


    Амин.
     
    На alexa_dimoska, crazylady, SV1911 и 25 други им се допаѓа ова.
  6. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.782
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Чувството кога... нов член билда број на мислења, така што отвара категорија по категорија и одговара на секоја тема |( Ивана, жено, олабави...
     
    На crazylady, Srcka $, JollyGirl и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    Кога некој ќе ми рече дека јаде хумус, во глава ми иде слика дека бута земја. Не знам зошто. :?:
     
    На hermosa, Dadusicka, happygirl и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    За менталитетот и човечноста на народот, голем доказ е оценувањето на обичен културен гест (што секако е за пофалба) како изненадувачки, ретка и невообичаена ствар.
    Многу зборува тоа дека народот е навикнат на себичност, омраза и лоши навики, па она доброто се истакнува како исклучок...
     
    На SV1911, vitamina, ivi1987 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Сега за празнициве бев сведок на таква ситуација, не беше којзнае што, обична пристојност, при што реакцијата беше чудна и неочекувано груба, да ја навредев особата со најсочна пцовка не верувам дека ќе имаше таква реакција, point of no return е одамна заминат :x
     
    На SV1911, Srcka $, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Уморна сум, но некако наместени ми се коцките (или хормоните) вечерва.

    Си го пуштив новиот албум на Бјорк и мечтаам да отидам еден ден на Исланд. Мислам дека е возможно тоа, и дека е близу. Само да се роди новиот свет, па ќе откриваме уште многу нови. Заедно.
    Денес од презентација, на ретвитни умирисување за сите пари, па на мекици и конечно дома - туш, мандарини, какао со малку цимет и раат за себе. Прекрасни вести од една другарка, само нека вози животов кон напред, карваните ќе си врват, сакале ние или не!
    Тој ми се забодува во хемисфера, во преткомора, ми се јавува и свири на нарачан кларинет нешто од Фолтин, јас се смеам, а во мене ми се плаче од љубов и од убост, сакам да му кажам дека тој е моето парче од пицата, од островчето на кое би садела лалиња и млад кромид, дека и покрај сите лични лудила, за мене е потпора, реалност, добричина и човек на кого навистина би му ставала ладни облоги на џумката предизвикана од местење шкаф и по грешка отворање нанадвор, место навнатре вратичката...

     
    На Nigredo Odor, vitamina, Lilit и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.283
    Пол:
    Женски
    Денес имав напорен ден,ме болеше многу главата и очите,па заминав во соба да одморам,пред тоа ставив морски капки на очите и легнав,па ми текна дека за опуштање на очите порано ставав филтер кесички од камилица,што стварно е од помош и за замаскирања на подочниците :D
    Дојде внук ми,и зачуден цел со растреперен глас:Тетааа:oстани,што имаш на очињата,кај ти се очињата(а јас цела крава,уште за очиња сум),му велам ништо немам страшно,леле почна да плачи,да ми ги трга ќесичките,едвај го смирив:rofl:
    #чувствителноСонцемое:sun:
     
    На crazylady, SV1911, vitamina и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.829
    Допаѓања:
    80.773
    Пол:
    Женски
    Не ја сечете гранката на која седите, a кога ќе паднете да велите Зошто паднав?
    Не го заборавајте она што го имате, а потоа да велите Зошто го изгубив?
    Не правете, не мислете и не зборувајте лошо, а после да велите Зошто не ме сакаат? или Зошто не ми е добро во животот, зошто не сум среќен/среќна?
    Не рушете го и не комплицирајте го сопствениот живот и сопствената среќа, а потоа да се чудите што ве снашло. Одговорни сте самите за сѐ во вашиот живот. Не ви се допаѓа како изгледа тој? Сменете нешто, некоја навика, затоа што очигледно е дека нешто не правите како што треба.
     
    На 8463., Crna Dama, SV1911 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    31.238
    Пол:
    Женски
    Ќе се потрудам вечер да се забавувам максимално. Ќе ги исфрлам од глава сите оние мисли и грижи кои ми создаваат немири. Секогаш кога не размислувам позитивно нештата ми се усложнуваат уште толку. Наспроти тоа, кога размислувам позитивно, таков е и очекуваниот резултат.
     
    На Crna Dama, Dadusicka, Asistentkа и 4 други им се допаѓа ова.
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Колку драгоцено време трошиме во животот за да дознаеме нешто за другите луѓе, се обидуваме да откриеме кои се и какви се всушност...
    Зошто никој од нас не се запраша која е вистината наша, кои сме ние, која сум јас!?

    Чудни работи се случуваат кога ќе си поставиш такво прашање- кој сум јас..мозокот веднаш се обидува да те измами, ти праќа многу одговори...но кој е вистинскиот?

    Вероватно на оној свет сите одиме без сознание за правата вистина...само тој што не створил знае кои сме ние:(
     
    На Petar80, Srcka $, Dadusicka и 4 други им се допаѓа ова.
  15. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Не ја чистам собава.
    Не ја чистам собава.
    Не ја чистам собава.

    И коа ќе рокнеш едно кафе ќе изгланцаш до прв слој на паркетот.
    Така и со животоф. Некои ќе речат „Што си чекала ма до сеа?“
    Ја велам проклето некогаш треба таа чаша да го украси хаосот за да сфатиш дека ти си хаос.
    Убав ден.
    :inlove:
     
    На Nigredo Odor, SofiMar_, vitamina и 6 други им се допаѓа ова.
  16. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Од една книга која ја добив како поклон и во неа има мудрости од целиот свет:

    Родители

    Еден многу зафатен брачен пар, кратко пред Божиќ, отишол во една продавница за играчки за да купи за малата ќерка подарок. Тие биле спремни да потрошат многу пари за тоа и почнале да ѝ објаснуваат на продавачката следново: „Ние сме цел ден поради професијата надвор и ние бараме нешто што ќе ја израдува нашата малечка ќерка и ќе ѝ го одзеде чувствотот на самотија што го има“.

    „Жал ми е“, кажала продавачката смеејќи се пријателски, „родители кај нас нема на продажба“.
     
    Последна измена: 13 јануари 2018
    На Dadusicka, ivi1987, LittleChili и 15 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Кога работиш нешто што луѓето не го разбираат, автоматски сметаат дека си способен и знаеш се од таа област, без разлика дали е во твој домен или не.
    Така, еден од најнапорните мои клиенти е татко ми, кој е толку уверен дека неговата ќеркичка мора да знае се, што ме замара еве цел ден со технологии кои се помлади од мене само 2 години. Ама нејсе, главата ми е како тапан, собата несредена, а треба да перам, да се пакувам, да планирам...

    Покана за кафана имам вечер. За некој интроверт, премногу покани имам периодов. Знам да промрмкам дека дружењето ми е крајно напорно, дека мразам луѓе и поради би седела дома, сите тие дружби се со некои прекрасни ликови. Смеам ли да кажам дека успешно ги имам искоренето сите лицемери од животот?

    Имам несогласувања со луѓе од религиски причини. Некои често мислат дека се богови, а јас не се сложувам со нив. :D

    Ги читам темите во врска, за дијалозите кои не се забораваат. Имам јас многу такви, за каде е големиот медо, а каде малиот, дали водата е во кадата или кадата е околу водата, дали сијалицата во кујна додека ние сме во кадa е вклучена, исклучена или во исто време и вклучена и исклучена :D

    Кој не пие горко кафе не знае што е вистинско кафе :!:

    Таман помислив дека ќе ме остави татко ми конечно на мира |(
     
    На Nigredo Odor, SV1911, vitamina и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Еден од зборовите со најпромашено значење ми е „мераклика“.

    Зборот мерак означува „силна желба, копнеж, страст за нешто“ и кога се користи во машка форма, т.е. „мераклија“ означува карактерна особина, хедонизам и најчесто се смета за позитивно нешто.

    Арно ама, кога се користи во женска форма, тогаш означува - well, there's no other word for it - курва, и се користи исклучиво како навреда. Демек, ако женско се дрзне да ужива во сексуалниот чин, тогаш таа мора да е некоја со сомнителен морал. (facepalm) Зошто, побогу?

    Но најтажно од се' ми е кога на женски форум, од женски член, ќе го прочитам зборот „мераклика“ во контекстот опишан погоре. Нема ништо полошо од жена која користи мизогинистички зборови и фрази.
     
    Последна измена: 13 јануари 2018
    На mamma-mia, MagsDestiny, LivingGlam и 28 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.881
    Допаѓања:
    163.608
    Сонливо гледам сонливи очи.
    Прегратка како директна масажа на срце...кое ми застана по не знам кој пат во овие години. Ме оживува, ме бои и ме носи на раце.
    Го љубам почесто повеќе и од себе.
    Не знам каде да кажам благодарам што ми се падна баш мене. Златце во василопита. Сончек во ваков ден "под јорган".
     
    На SV1911, vitamina, macka91 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски
    Или сакам големо семејство со 3 деца, или семејство со љубовта, еден дебел мачор и големо куче.
    Од една во друга крајност, нема златна средина.
    Цел живот ми е таков.
     
    На hermosa, Feminka192, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.