Сѐ е сменето. Тотално сѐ. Ја гледам, сеуште спие, во мојот кревет. Но, повеќе не спие до мене, да ме гушне навечер и да правиме муабет. Сега сум поблиска со нејзините другари и другарки, отколку со неа. Ги нема тие денови кога останувавме сами дома и првите нејзини зборови беа:"Ај да ја исчистиме цела куќа" или "Ај да зготвиме нешто ново". Не... Сега или е излезена некаде, ја шета Македонија, или пак се допишува со друштвото. Секој ден ми велат дека ја виделе со дечко ѝ, среќни се. Нека бидат среќни, но јас не сум. Јас сум отфрлена сега. Немам ни другарки, а ни сестра повеќе. Да не сум случајно невидлива?? Што е проблемот??
И што има врска што се чекирале и сликале? Важно отишле, донирале и му помогнале на некој. На тој што му треба помош многу му е гајле кои се мотивите, па и за лајк да било само. Во овој случај не е за плукање, се шири веста по социјалните мрежи, се мотивираат луѓето да одат да донираат, не мора секогаш вака да се гледа на работите. Што сакаат нека прават луѓето ако одат, донираат и помагаат. Тоа е најважното во моментов.
Луѓе донирајте!!! Ова е жално,неможам ни вести да гледам без да ми се насолзат очите.Греота.. Незнаеме што нам ќе ни донесе утрешниот ден... Знам дека сите сме големи луѓе,но тоа најмногу се покажува во вакви моменти! ДОНИРАЈТЕ!
Зошто ги жалите? Зарем греаота се? Што ако се поплавиле? Што ако им се случило тоа? Зарем мене ако ми се случи нешто такво некој ке ме жали и ке ми помогне?
Да. Ќе те жали и ќе ти помогне. И незнам од кај си полна со волку цинизам, и што сакаш на форумов, центар пажња да бидеш или што е работата? 15 години имаш, трчаш кај дечко ти, па те остава, па те вара, па ти си повредена, па од дома пари не ти даваат, па не знам што. И јас сум од дисфункционално семејство, и за мене немаа време, и за мене немаа пари, па еве стигнав некако до факултет. Дај прекини да цмиздриш и земи учи таму, или прави нешто корисно за себе, а не да ми се самоубиваш тука и да се себесожалуваш. Сите имаме проблеми, на сите ни е понекогаш многу тешко и ни се чини безизлезно, па сме се снашле, вразуми се веќе и престани сите да ги обвинуваш за тоа што ти се случува! Некој има фамилија таму и стварно му е тешко, што ти е тебе за помагање работава, дечко ти те изневери? Мy ass, проблеми. Чим имаш интернет и прилика да цмиздриш на форум мислам дека од дома не ти ја дерат кожата.
Јас сум добра фала богу. Немам зошто да помогнам. Кога мене ке ми треба помош никој нема да ми помогне. Зошто тогаш јас да помогнам?
Па ти девојче ги надмина сите граници бе! На што личи ова твоево? Ти имаш некој умствен проблем дефинитивно. Секогаш кога читам твој пост во било и која да е тема, се крстам пред монитор и си викам Боже дај им трпение прво на нејзините родители, за да го доизраснат ова девојче, а мене чувај ме понастана од вакви луѓе ! Дај соземи се веќе, редно е.
Е заради сите вас што и вративте на мислењето - затоа ги пишува тие глупости. Се само да биде центар на внимание. Attention seeking во превод.
Оние луѓе кои помагаат се големи луѓе пред господ,така да не се секирајте кој не сака да помогне си има господ за тоа да реши..Боже какви луѓе еј да не ти е жал за некои фамилии што се останати на улица ццц..
Се молам,ама навистина се молам само да се спасат луѓето.Донирав облека,ќебиња,храна...се што беше во моја моќ,затоа што навистина ова што се случува е страшно. Бидете силни,ќе помине и ова!
Океј,добро луѓе не ја напаѓајте веднаш Биле15,не дека се сложувам со она што го има напишано.Туку тоа е нејзино размислување и ние сме последните кои треба да ја осудуваме! И кога по неколку години ќе види што има пишувано,ќе и иди од ДОКТОРСКАТА ДА СЕ ФРЛИ!И секако со нејзините 15-16 години,не може правилно да размислува,ниту да се однесува како возрасана личност.Еден ден ќе и биде жал што го напишала тоа. Инаку јас и мојте,мајка ми,татко ми и сестра ми,24/7 сме на МК.ТАЈМ за да читаме новости за тоа.И со целото срце посакуваме,што е можно побргу да се спасат.Леле многу е трагично,семејства се разделуваат,луѓе умираат,без храна се,без вода се... Ух,ух трагидиии.Аман и оние сопствениците на породавниците сите цени уџум ,ги качија.Луѓето без скршен динар останаа,тие сакаат да се збогатат со туѓа мака.. Катастрофа..
Добро сите вие што мислите дека нема зошто да помагате, какви луѓе сте? Помагаш зошто ти е жал и зошто сакаш,нема пресметливост во помагањето. Даваш без да очекуваш ништо за возврат. Ај,што не сте луѓе,ама разумот кај ви е? Знаете ли дека поплавите ќе донесат многу зарази што како ништо ќе се прошират до кај нас. Почнете да мислите подалеку од носот. И се надевам дека барем тоа ќе ве натера да се тргнете од удобноста на домот и во рамките на можностите да помогнете барем со средства за хигена и дезинфекција.
Ова што се случува овие 2 дена на Балканов е тотален хаос . Искрено толку ми дојде жал и едвај чекам да кажат дека ќе биде подобра ситуацијата и се ќе се смири . Трагично и жаласно е . Но едно што не можам да поверувам е тоа дека и во вакви ситуации како можат луѓето да бидат себични и нечовечни е страшно . Читам по групиве на Фејсбук како се препуцаваат меѓусебе и пишуваат коментар арно им е на Србите за ова . Добро бе како можете да бидете такви ? Не ми е јасно стварно . Да виките убаво е што ви се случи ова што ни правевте на нас муслиманите и друго . И ние Христијаните сме биле под турско ропство и да не зборам што се случувало тогаш во Македонија и што значи сега дека треба да се мрзиме со Турците ради тоа ? Ма дај не тресете зелени . Во вакви ситуации сега треба помош и не треба да се гледа вера националност и раса итн. Бидете хумани помогнете им на луѓето зошто ова што им се случува на Србија и на Босна па дури и на Хрватска е страшно !