Maлце освежува помислата, дури и ме насмеа. Факти си се факти, времето како ќе си го инвестираш е многу трики работа.
Она кога се плашиш за нечие здравје, па стопати на ден му се јавуваш со разни изговори да го чуеш. Или само јас сум? Сите стравови и стресови што сум ги немала цел живот ми се случија последниве три години. Не можам ни да функционирам нормално од страв.
Излегов надвор пред двор да пушам цигара. Ама овој пат телефонот со мене не го земав.. се загледав во сите тие пикавци таму во кантичката фрлани.. фрлани.. си помислив, помислив низ секундата низ сите тие среќи, плачки, солзи, надежи, желби, зборови и моменти .. помислив на секој еден психички момент од една изгорена цигара.. вртолом. Денес среќен си излегол со една мечта и воља за живот а во следниот момент, утре си се нашол на сосема спротивна страна од универзумот, живот.
Зошто кога е човек расположен, среќен, насмеан, па дури и ќе почне да си пее некоја песна која иде на радио, другите го гледаат како изрод, со чудење, под око, а кога е под стрес, нерасположен, загрижен, тогаш се смеат и како да им е мило за твојата состојба? СДК, радувајте се луѓе на туѓата среќа, нема ништо поубаво од среќен и насмеан човек.
Многу е лошо кога во близина имаш исфрустрирана и искомплексирана личност. Уште полошо е кога таа истата личност место културно да ти го подаде телефонот, ти го фрла на биро. Незнам дали да плачам или да се смеам...
Во држава каде Ристо-Бомбата (без навреда кон пејачот) наместо некој доктор на науки добива 9000 евра субвенции за песни не треба и да очекуваш нешто повеќе. Или пак каде социјална помош е 3000 денари и ништо повеќе. За тоалет да си купат де. Држава каде исто така доста луѓе си седат дома и земаат плата без да се појават на работа (на грбот на тој кој плаќа данок) и не е баш држава. И ај после сакај си ја државава, биди патриот...
Инспириран од мислењето на @DAngel, сакам да кажам дека во последно време навистина се претера со политичката коректност – особено кога е во прашање уметноста, особено кога се работи за уметност направена некогаш во минатото. Без разлика дали се работи за „Пријатели“, класичните Дизни цртани или „Авантурите на Хаклбери Фин“, секогаш на ум треба да се има една работа – уметноста треба да се разбира и доживува во контекстот на времето во кое е создавана. Да, „Пријатели“ денес можеби делува (вметни збор)-истичко и -фобично, но во времето кога се појави беше револуционерна и напредна на различни начини. Да, класичните Дизни цртани изобилуваат со стереотипи, но не треба да се заборави дека „Пепелашка“ излезе во илјададеветстофакингпееста година – кога многу од работите кои денес делуваат стереотипно биле секојдневие. Да, „Хаклбери Фин“ изобилува со таканаречениот „N-word“, но се работи за книга напишана само 20 години по аболицирањето на ропството, дејството се одвива во период кога ропството постоело и „nigger“ тогаш не била навреда, туку едноставно збор кој се користел за црн... кхм, афроамериканци . Патем, Марк Твен бил неверојатно прогресивен за своето време и еден од најголемите противници на ропството. Поентата ми е – уметноста од минатото ни овозможува да фрлиме поглед во едно поинакво време. И иако несомнено од денешен аспект многу работи од неа ќе ни делуваат застарено, неприфатливо или дури и навредливо, тоа не е причина истата да ја потценуваме, избегнуваме или забрануваме (како во случајот со Хаклбери Фин). Затоа што и покрај недостатоците, во неа сѐ уште има многу квалитети во кои може да се ужива. Освен тоа, единствен начин да не ги повториме грешките од минатото е да учиме од нив. Ако ги туркаме под тепих, забрануваме или се преправаме дека не се случиле – можеме само да изгубиме. На крај, ќе речам дека какви и да се „Том и Џери“, многу луѓе никогаш ќе немаа слушнато ни една класична композиција у животот да не постоеја.
@Bender Rodriguez ми текна едно време минатата година кога борците за права на Ромите нервозно постираат извадок од книга за основно, некоја за долните одделенија. Проблемот беше што во извадокот беше употребен зборот "циганчето". Извадокот веднаш го познав, се работеше за извадок од расказите на Неџати Зекирија, од "Децата од нашата улица". Значи овие луѓе што се бунеа за извадокот ги читале и "Децата од нашата улица" и "Орхан" за лектири. Можеби не се политички коректни во однос на денешното време, ама зошто таков однос кон едно пишано дело?
@Bender Rodriguez и мене навистина ме потсети кога бев основно во Канада, можеби 11th grade кога слушнавме дека едно училиште во USA забранилo да се чита книгата Huckleberry Finn баш поради тој N -word кој патем бил употребен во книгата и тоа 219 пати. А во училишната библиотека во Concord ја пронајдов книгата ама беше цензорирана со тоа што сите n-words беа заменети со зборот slave, само за да не се навредат учениците од мојот клас, па и од целото public school кои беа црни.
Не си. Се сепнувам кога ке видам повик во некое чудно време, пример знам дека тогаш се на работа, буквално добивам аритмија. Е кога ке видам два пропуштени повици, тогаш не можам да го отклучам телефонот, рацете ми се тресат и ме облива студена пот... Мини срцев удар... Во случај да задоцнат а претходно не ми најавиле дека ке одат да купат нешто или ке одат на кафе, е тогаш отварам именик и по ред ги барам сите. Не сум спремна за таков шок.
@DAngel, @Briar Rose, конкретно за ропството, Луи ЦК (еден од најполитички некоректните комичари ) рекол: „Every year white people add one hundred years to how long ago slavery was“. Луѓето, а особено оние од САД сакаат да го претстават ропството како нешто што се случило во некое далечно, минато време, нешто што одамна било и поминало, нешто за кое е најдобро да не се ни збори, ever again. Всушност, ропството во САД завршило пред отприлика 150 години, а расната сегрегација и дискриминанција продолжиле се' до крајот на '60-ите, т.е. почетокот на '80-ите. И сега, прашањето е - дали уметноста од тие времиња ќе ја интерпретираме од аспект на периодот кога е снимена или е подобро да одбереме да живееме во колективна амнезија и denial и едноставно да „заборавиме“ или забраниме се' од минатото што не ги исполнува денешните стандарди за политичка коректност?
@Bender Rodriguez во право си, тоа е точно. Дел од уметностите создадени во минатото денес се сметаат за вистинска класика, и покрај тоа што можат да се најдат одредени расистички елементи во нив, како во старите цртани на Disney каде црните ликови биле како карикатура или пак во разгледниците. Оваа разгледница им била смешна на Американците поради тоа што е прикажано како продавачот (кој очигледно е бел) на црнкињата Lily Mae наместо крема за лице, и продал црн лак за чевли. Сепак, без разлика на фактот колку и да се сака да се крие таа неправда од минатото, секогаш ќе се најде нешто со кое некој ќе биде навреден :
Сдк дека животот е убав само доколку таков си го направите. Подалеку од токсични луѓе - поблиску до мир, спокојство и среќа. Не живејте за посебни моменти луѓенца, правете ги сите моменти посебни. Животот е вреден, денес не има - утре не нема. Не оставајте ништо за утре што може да го направете денес.
Што се однесува до муабетот погоре, гледавме еден филм во школо кој беше полн со средновековни грдотии, од темни нечисти тунели до палење вештерки. Пред да пишувам за него читав критики на интернет и многу луѓе се жалеа дека тие моменти биле премногу потенцирани. Премногу потенцирани. Не знам што очекуваат луѓето од филм чие дејство се одвива на католички двор во Франција во што знам, деветти век. Сепак, ова спаѓа во барање политичка коректност онаму каде што навистина нема простор за неа, како што е случајот со оние кои го извадиле н-зборот од Хаклбери Фин. You kinda missed the whole point. Настрана тоа, за случаи како Пријатели, Дизни филмовите итн. е нереално да се бара политичка коректност, не само бидејќи се работи за уметност, туку и поради времето кога се направени. Искрено, критиките кои ги добива Пријатели за ова се доста бесмислени земајќи го предвид фактот што во деведесетите скоро сите биле хомофоби и сексисти (вие подобро би знаеле претпоставувам), а во тој поглед серијата е доста напредна. Јас би ја сместила некаде во 2010 според времето и политичката коректност, а тоа е +-12 години од кога е навистина излезена. Не значи дека нема ништо расистичко, сексистичко и хомофобично во серијата и дека треба да се замиже поради тоа, туку едноставно кога се суди, да се земе предвид и ова. Комллетно истото го мислам и за Библијата. Туку, мене не ми се допаѓа хејтот кој го добиваат комичарите без влакна на јазик. Нема да го земам за пример на Бендер идолот Луи ЦК , кој мене лично не ми е симпатичен. Пред некој ден еден од моите омилени јутубери кој е познат по црниот и по малку одвратен хумор беше обвинет за педофилија. Доказот беа снимки од подкаст стар 7-8 години каде прави jokes за голи бебиња, снимки од видеа како гушка деца и слики од негова девојка и дечко кои имале baby faces. Па така мораше да излезе со долга изјава и извинувања за одвратните jokes што ги правел и сега претпоставувам дека во ниедно следно видео нема да се појави дете. Зборот ми е, луѓето ги бараат овие работи онаму каде што најмалку е важно што ги има. Океј, во Дизни филмот Трнорушка го преспива целиот плот додека маж не ја спаси, во Том и Џери има 101 идеја како да убиеш некој, во Пријатели континуирано исмевање на транс луѓе, а на јутјуб има комичари што прават offensive jokes. Ама знаете што? Надвор во светот постојат стопати полоши работи, како мажи што ги тепаат своите сопруги, терористички напади и крвни убиства, не само помеѓу другите животни, има луѓе кои се откажуваат од своите деца поради нешто што тие не го избрале, а има и вистински педофили и силувачи кои имаат големи позиции. А ние се фативме за цртани филмови, јутубери и offensive jokes. Убаво ќе беше да се обрнуваше толку внимание на вистинските проблеми во светот отколку за неколку контроверзни зборови.
Искористи го времето максимално со луѓето што ги сакаш. Еден ден ќе посакаш да го вратиш времето,но доцна ќе биде,времето не се враќа,остануваат само спомените. Биди човек секогаш и секаде,да не се каеш еден ден.
Како сум можела порано да мислам дека е возможно да застанам мирно, макар и за момент? - Се наоѓам на планета која орбитира околу ѕвезда 30 km/s - Таа ѕвезда орбитира во центарот на една галаксија 250 km/s - Таа галаксија се движи низ универзумот со брзина од 600 km/s Откако го напишав ова, сфатив дека сум пропатувала околу 3,000 km
РИСТO БOМБÀТА ЌЕ ИМА КАМБЕК??? Инaче кoгa веќе збoрувaме зa цртaни. Ме нервирaaт луѓе oд пoстaрa генерaцијa кoи се жaлaт декa денешните цртaни (секoј цртaн нaпрaвен пoсле 2000'тa гoдинa) биле глупи и пoлни сo нaсилствo, a ги фaлaт Тoм и Џери и Looney Toons. Пa oвие цртaни се зaснoвaaт нa двa ликa штo прoбувaaт дa се убијaт меѓу себе нa рaзлични нaчини, Тoм и Џери имa епизoди кaде штo нa Тoм му јa сечaт глaвaтa нa гилoтинa, епизoдa кaде штo Тoм се бoри дa не oтиде вo пекoлoт, епизoдa кaде штo Тoм и Џери седнувaaт нa пругa и чекaaт вoз дa ги згaзи. Истите тие штo се бунaт кoгa ќе се спoмне вo некoјa серијa декa пoстoјaт хoмoсексуaлци пoрaснaле гледaјќи кaкo Bugs Bunny гo бaцувa Elmer Fudd вo устa. Немaм ништo прoтив цртaниве, фaкт е декa се клaсикa и декa дoбaр slapstick е уметнoст и креaтивнoст, aмa мрaзaм кoгa нештo се гледa пoд зaвесa oд нoстaлгијa a не критички.