Абе што да ти кажам: https://sdk.mk/index.php/makedonija...ni-subventsii-za-11-pesni-vredni-36-000-evra/ Ништо против пејачот ама во држава каде магистри и доктори седат дома и не добиваат пари за нивните научни трудови ми е крајно мизерно искрено. И не биле 9000 евра како што мислев туку 36 000 евра.
Работата е тоа што веќе ги добил. Сега допрва ќе го укинуваат ама овој веќе ги попапал парите. Дали ќе го укинат ќе видиме.
Ми дојде известување дека ова ми била 4та годишнина со Фемина.Па,сега мора еден мини говор . Фемина ми е мене мало скришно катче.Изолирано од сите социјални мрежи кое е анонимно.Реалноста е,дека не беше исто како и порано,но во последно време гледам нови членови кои ми оставаат прекрасен впечаток.Неколку месеци ме нема,па повторно се активирам и се така цело време.Некогаш е имало и некои мали закачки и караници,ама нели без тоа не е интересно .Им благодарам на сите кои секогаш се биле фини спрема мене.И пред се,мило ми е што сум дел од оваа т.н фамилија.Благодарение на фемина научив за сарказам и дека не можам се пишува одделно.Thank you .Како и да е,како што е редот да ве почастам со тортичка (има за сите ) Иако не е во контекст,да си шернам една песничка,во чест на Долорес.Беше одличен вокал.
Не се исплатени, само што ја донела МТВ одлуката. Тоа и е главниот проблем, закасниле со одлуката, и не смее еден изведувач за толку песни да добие субвенции.
Да не ја „тупиме“ на темава. Ако е ова вистина тогаш е добро според мене. Али колку што разбирам од колумнава овој веќе добил. Сега може и да сум грешка. Но, ако е вистина супер. Навистина е срамота во држава каде можат парите да се пренаменат за подобра работа да добива пејач волку средства. 36 000 евра е еден цел стан, не е малку. И не може пејач да се стави на исто рамниште со некој кој докторирал или магистрирал.
Ќе прaвел песни зa семејни вреднoсти и мнoгудетни семејствa. Дa бевме нoрмaлнa држaвa oвa ќе беше вест вo Фчерaшни Нoвoсти, a не реaлнoст.
Лелее бе, сега ми текна колку чекав да дојде Џокси во наш клас и да не прашува што сакаме да бидеме ко ќе пораснеме, а после да ме однесе кај некоја балерина и да ме учи да играм балет :') Plot twist: се изначекав
Планинско место. Цела околина полека тоне во сон, а ти решаваш да прошеташ сама низ дворот додека во рака држиш шолја топло какао. Од високо го гледаш градот...Како да го поседуваш цел град голем колку една дланка....Многу светла како шарени точки, куќи, раздвижени коли...А околу тебе нема згради, нема загаден воздух, нема нервозни луѓе, туку има само тишина. Буквално ја чувствуваш тишината. Слушаш како нежно снегулките ти паѓаат и се топат на глава, и мислиш дека универзумот постои само за тебе. Знаеш дека до утре пола од снегот ќе биде стопен и мек, ама во моментот полека станува бело наоколу...Правиш во близина неколку чекори под уличното светло, а снегот ти крцка под нозе. Го чувствуаш мирисот на снег, на бело, на свежо и ново, а тишината чат пат се криши од некои неразбирливи гласови од далеку. Ги затвораш очите и со полни гради вдишуваш свеж воздух. Полека се упатуваш да влезеш дома покрај огништето, иако од убавина воопшто студот не го чувствуваш. Го зграпчуваш моментот правејќи слика во главата, а телефонот веќе цел ден намерно ти е зафрлен подалеку од тебе. Заклучуваш дека навистина среќата ја прават моментите, а не купените работи...Заклучуваш дека само ти си креатор на својата среќа и мир.
Ниту една собиранка со тетките и баба ми,не може да помине без она фамозното-ајде кога ќе те мажиме,па кога ќе раѓаш деца Алооо,до кога бре мозокот ми го пробушивте
Следен пат да му ги испратиш на тој твојот, да му го пробушат мозокот и да му дадат барем малку памет да те земе и да не му ја мисли многу многу, нека му кажат дека ќе ти најдат некој по нивна мерка, па после тој ќе плаче
Кажи им дека веќе имаш, ама не знаат. И маж и бебе. Мене кога ќе ме прашаат да не сум трудна, им викам да пипнат-клоца. Досадни се луѓево...
Нешто што најмногу мразам е мешање во туѓ живот. Не сме програмирани, па исто сите да реагираме. Некој полесно се справува со одредена ситуација, некој потешко. Кои сме ние да им судиме на другите? И кога веќе се дрзнувате да ми се мешате во моите одлуки, дали Вие сте совршени без грешки?
Кога мајка се фали како си го истепала детето на сред улица (објаснува како го мавала по глава и тело) затоа што била многу нервозна па детето дотурило масло во оган, кажува како неможе да му помогне во учењето на детето зошто нема нерви, го тепала ако згреши, а нејзино најголемо достигнување е добиената нијанса на боја за коса, погодени нокти кај козметичарката и фустан по кејф. Доколку не си спремна да бидеш мајка, немој да раѓаш. Доколку веќе одлучиш да родиш, немој да си ги лечиш фрустрациите на детето. Ете, толку е лесно.
Ќе кажеш Дај боже! Здравје, ќе биде! Чул те господ! И слични народно познати изрази Со повторување, ќе мислат дека ти уствари многу сакаш да се омажиш, ама ете не можеш :/ па ќе прекинат да прашуваат. Ова од искуство Какви филозофии сум разлагала дека ниту им е интерес, ниту работа, ама копачите си копаат...
@kravce Моиве роднини се упорни,4-5 години не можат да се помират "што не можат да ме омажат" верувај понапорни од нив нема на цел свет,до утре можам да пишам за моите несакани искуства на таа тема,поради нив секако @cresa-jagoda Овој мојот,ништо не го жени"гради кариера човекот"не верувам дека така лесно би се исплашил ако му речат дека ќе се мажам за друг но,му кажав дека нема да го чекам уште долго,па нека си ја тресни малку главата @Petra777 Леле ме пресмеа арно што не им се замараш но сепак таквите што упорно се мешаат и берат туѓо гајле,заслужуваат да им враќа човек на нивниот јазик,кој многу убаво го разбираат
Ете алал да им е на овие со „Сега кажувам“ – отпор кон токсичното фраерско однесување зошто мажињава секако постапуваат како да се најдобри, па уште и рационални, па уште со потсмев дека не победиле, надмудриле.... Ах бе... кој да им каже дека баш затоа се мали мажиња, далеку од вистински маж!