Хаос од емоции. Збркани мисли и залутани очи во далечини. Срцево отвара нови конаци за душата да си одмори. Починка на уморниот талкачки дух, заталкан во сите хоризонти на достапните и недостапните простори од мозочните лавиринти. Будење во кадифени соништа. Со жолто-златни сонца од сите страни - чиниш насмеани. Небо со нови патокази за дома. Нови улици и нови прозорци кои погледи ќе рассонуваат на утро. А што е дома ако не е ударот на срцето во вистинскиот ритам? Во вистинската комора и преткомора и вистинскиот пулс? А домата е таму, во градите. Заштитена во златен кафез и повредна и од највредниот сафир. Се можеш да продадеш или замениш во животот, освен чувството кога вистинскиот човек ќе те гушне за добро утро. Освен чувството кога мајка ќе те погали за добра ноќ. И веројатно она, кога ти го земаш новото битие во закрила. Е тоа е тоа чувство. Кока колата од друга страна, секогаш била вештачки пре-слатка.
СДК дека ми е жал што долго време не сум отворила да видам што се случува на форумов. Инаку некој ме споменал во тема наменета за форумски легенди и ме именувал како трол на форумов. Не сум трол и не сум банирана. Само ми се намалило слободното време.
Логика: - Кога ќе видат некој слаб одма во лице му коментираат дека треба повеќе да јаде, дека е исушен, дека е кожа и коски, изгледа како да не видел јадење, а кога ќе вида покрупен ќутат за да не го навредат Слабите не се навредуваат? Немаат комплекси од тоа? Некои само јадат и никако не можат да качат на тежина, некои се болни, а некои имаат психички проблеми, ама битно дебелите ќе се налутеле ако во лице им речеш да внимаваат што јадат. Во секој случај би се навредиле, затоа е најдобро некои коментари да ги зачувате за себе. п.с. Имав прилика со сопствени уши да слушнам како една мајка вика дека детето и е старо 28 месеци.
Џабе е човек да е физички одморен, кога душата нема мир. Не можам да ги смирам мисливе, лутаат малку во минатото, малку во иднината, Сегашноста ми е празна. Секој ден, ист како претходниот. Ми оди на нерви изразот позитивна енергија. Мислете позитивно и се` ќе биде во ред. Кого лажеме? Сами себе? Има нешта врз кои човекот, колку и да сака, нема влијание, никогаш нема и да има. Времето не` гази сите. Никој не е имун на тоа, дури и оние што се навидум цврсти како карпа. Не се плашете да ги покажувате чувствата, да прегрнувате силно, да извикате те сакам, уште посилно. Да преземете ризик за оние за кои сметате дека вреди. Секогаш е подобро да се разочарате, отколку да се прашувате што ако?
Гледав на вести и се потресов.. http://www.ohridnet.com/vesti/ohrid/14276-bolnichar-od-ohrid-ostana-bez-dom-
Oбичнo сите мaјки, вклучувaјќи јa и мoјaтa викaaт кaкo нa нaс децaтa ни билo ептен леснo и сè би дaле дa мoжaт дa се врaтaт вo шкoлo. Еве мaјкa ми сегa ќе пoлaгa зa кoлa и јa мрзи дa учи.
Никој човек не е посилен од оној кој живее со куп проблеми, кој секој ден води и по неколку битки, а и покрај тоа се смее и се грижи за другите, молчејќи за своите неволји. Човек, гледајќи го, би помислил дека сѐ му е совршено подредено во животот. Не е. Но избрал среќа. А така и треба низ животот.
Животот мава шамари и треба да се ујачаш. Но како да се ујачаш кога секоја рунда добиваш јаки удари. Стоиш на нозе за да не паднеш,да не ги растажиш другите,а внатре во телото имаш јаки болки,што те тераат да заплачеш и да го фрлиш белиот пешкир.
Најголеми непријатели ми се моите мисли во стилот на „шта би било кад би било“ вака касно во ноќта. Само тоа не успеав да научам да го контролирам...
Кога човек има потреба од јавен превоз во Скопје, тоа изгледа вака: Па уште кога човек треба на Рекорд да се качи во 5-ка и да се вози до Ѓорче 2 во 16,00, чувството е
Делувам како гладна кога зборувам за овие работи, можеби и сум. За големиот ни свет. Ме убива мислата што дозволив мислите да ме убиваат. Во вакви моменти како да сум отворила прозорец кон нови светови, и сакам сите да ги проголтам. Кратко е времето всушност. Задлабочени во себе не сме свесни колку брзо поминува. Од утре, подоцна, ќе видиме, ќе се договориме, има време... Каде да ја соберам силата и да го почастам животов со едно силно ДА. Ми се вртат на ум постојано зборовите на Лилит. Среќа пред здравје. Во моментов ми изгледа како најголемата вистина. Кога станавме волку...несреќни? Зошто си го правиме ова на себеси? Секое утре се облекувам во надеж, се радувам на најмалите ситници од добри вести, ги бришам трагите од страв... сакам да ми порасне овој оптимизам во мене, да ми блесне како во некој научно фантастичен филм. Побарајте ја во себе волјата за живот, за убав живот. И направете нешто. Ме боли кога гледам како сите сме некако скршени. Ајде да си помогнеме себеси и на другите. Всушност...и немаме многу време, ако вака залудно го трошиме
Кај тебе барем тетки се. Кај мене моите групно, цела фамилија си закажале да се сликаат за пасош, оти ќе сум се мажела, да не требало после набрзина на вадат
Хахаха,интересна фамилија си имала и ти. Туку,и моите ептен се напорни,да не останат ништо покусо де,но сепак рекордот го рушат тетките
Од денес решив да вртам нов лист. Зад себе оставам многу багаж од минатото, љубови, несреќи и пропуштени шанси. Доста беа солзи, тага, нервози.. Од денес сум нова јас.