Љубовта е како огнот,ако не фрлаш постојано дрва во него за да го одржаваш жив, тој се гаси и останува само пепел.
Импресивно е кога најдобрите другарки си ги убедувал дека некој е вреден за твојата љубов, за планина цела, за се.... Си ги убедувал долго, а тие те гледале како тонеш уште подолго.... И истите тие сега седат по век цел пред тебе со факти, аргументи, одлучен поглед и дрзок глас да ти докажат колку си ти пред него, колку си ти пред сите нив... А ти... А ти можеш да се чувствуваш само како најголема будала на светот и толку.... А ти ти само можеш да гледаш во огледало смеејќи се на слепоста и глупавоста своја, паѓајќи пред себе... Пад кој боли до срж... Добро е да имам вакви другарки... Добро е да имаме очи, кога нашите се заслепени......
Сакам дека човек кој ме познава, не смеј да заборај да си стави телефонот на полнач. Нека имаат милост за мојата ментална состојба.
И ќе ми речат дека изгледам толку невино и наивно, сепак сум побогу најтешка личност што некој некогаш ја запознал во неговиот живот. Не јас не сум тешка таква станав од други поединци. Јас сум само мало девојче со кревка душа и големо срце.
Си се симнав фино лепо на погрешна станица од автобус. Ама не сум крива јас, не сум толку ќорац, може ЈСП од време на време да ги заперат автобусите.
Како може да се чувствуваш ако немаш љубов, како може да се чувствуваш ако љубовта не ти е возратена или поточно како се чувствуваш знаејќи дека секој ден живееш без љубов? Од кога си разочарана од сѐ, од целиот живот и сега дошло на ред и љубовта, како живееш со тоа чувство и дали живееш? Што чувствуваш, што правиш, што се случува со твојата љубов, што се случува со твојата душа, што воопшто чувствуваш и како се изразуваш кон другите, поточно машките? Тоа ќе се прашувам цел мој живот или остатокот од животот. Ќе се прашувам цел живот и така ќе живеам, прашувајки се многу работи, живеејки без компас, без совети, без никој, без ништо.
Чуството кога најдобрата другарка се обидува со факти, аргументи и докази да ти покаже и докаже дека некој не е за тебе, а ти со последната надеж во тебе дека тој можеби еден ден ќе биде подобар човек ја убедуваш дека греши дека не е се така црно и кога за момент ќе разбереш дека не си во право но ќе продолжиш по тој истиот пат. Без притоа да имаш ни грам емоција кон тој некој само навика и надеж за подобро утре.
Го допрев врвот на креативноста, погледот не можам да го тргнам од моето ремек дело .... замок од купишта облека фрлени на тросед
Секогаш кога не се чувствувам баш најдобро, се обидувам да се потсетам дека нема ден без ноќ, топлина без студенило, бело без црно па и среќа без малку тага. Како би ја препознале? Се учам да го прифаќам контрастот во животот. Зависна сум од тоа се` да ми е под контрола, да одам само напред, само посилно, побрзо. Но ако наидам на кочница, само ќе земам повеќе залет.
Баш е штета што во денешно време скоро и да нема луѓе што живеат по селата. Нема добри услови на зима, во повеќето села нема школи, ни продавници за прехрана и не се гледа никаков просперитет доколку се остане таму, а не сме свесни што пропуштаме. За време на летниот распуст, поголем дел од летото седевме таму со баба ми и братучедите. Ама речиси е неозможно да ја доловиш убавината на тамошниот живот и свет. Како е да станеш рано и да го видиш небото кристално сино, а птиците црцорат ли црцорат...Баш како во приказните. Да трчаш по ливади и шумички, а после да скинеш јаболко, круша, сливи, домати и одма ги јадеш. Како е да се разладуваш покрај река, а после да си легнеш на трева додека читаш лектира. Пченката се вари на шпорет, баба меси лепче, а ние ги галиме коњите и крадеме ореви од комшијата. Навечер небото чисто како стакло...Ги гледаш ѕвездите и месечината, и мислиш само да ја подадеш раката ќе ги фатиш. Домашни животинчиња насекаде, штурци свират, а може да забалежиш и некое диво зајаче или верверичка. Воздухот е поинаков, жителите се поинкави. Луѓето преку ден си ги вршат обврките, а попладне се собираат кај чешмата на сред село кажувајќи разни приказни и анегдоти....Навечер дедовците се упатуваат пред продавницата за да пијат ракија и да продолжат со муабетот. Да бевме поголема и нормална земја, живеењето по селата ќе беше нормална работа, ама реалноста е дека луѓето бегаат од државава за живот во странство, а не па некој да живее во село...Ете толку сме развиени.
Опсесивно-компулсивноста ми е до степен не се возам со автобус зошто е гадно и ќе се угушам. Пешки одам скоро секаде, ретко ако треба се убедувам со такси без да си ја потпирам косата на седиштето. Веќе и лакирањето е мачно зошто по два дена се познава милиметар излупен лак, а го гледам не можам да не го избришам. Отворете прозорци конечно чист воздух. Деновиве компатибилна сум само со времето. Мрачна сум, многу ми се плаче и ме мразат тие што мора да ме трпат. Јас сакам кога врне, ме потсеќа на среќа и тага.
Ne gi pravete rabotite vo zivotot od navika, bez da vnesete del od dusha vo niv, ne go upotrebuvajte svojot zivot na pogreshni lugje. Zatoa sto I najgolemata samotija e podobra od najubavata iluzija koja ima rok na traenje I se krshi pred ochite na iljadnici parchinja zaedno so sonistata I ochekuvanjata.Vdishete dlaboko I obojte go svoeto parche zivot so najzivopisna boja na postoenjeto.
Хронично fangirling по серии, актери или книги. Ми го намалува стресот во животот и ми одвлекува внимание од проблемите, си наоѓам така peace of mind кога животот ќе реши да те турка надолу. А веќе ти е здосадено.
СДК Аман со duck face селфи фотографии. Кога ќе се освестат дека прават катастрофална грешка со таквата фаца на секоја фотка.
Предлог за ново име за галиите: Македонија. Бидејќи стојат во место и тонат во г**мна... како државава.
Се возам вчера во автобус и гледам две бабички како си седат и си муабетат. Кога, едната на другата и вика: Ама, ја гледаш каква е, се прави богаташка. А другата и враќа: Како не, богаташка, и прави ваква фаца: СДК многу е забавно во автобус да се возиш, го имаш она чувство како да си во селце на чешма со стринките
Она кога некој се понаша како ќе го пукнат будалите и како е расположен од своите бубачки...и удира чивии.
Од сите поволности за еден просечен купувач на пазарот на стоки и услуги 2 работи најмалку ми пријаат: 1. Бесплатно Кино, беслпатен маратон во кино ајде народе бесплатно филм да гледаш. Од друга страна никогаш немало акција бесплатна книга у книжара да си земеш. Одиш со лична карта бам бам, си зимаш една книга која сакаш од понудените. И во 2та случаја тој што дава for free ќе оди во зијан малце. И овие што го купиле филмот за да го донесат тука и овие што печателе книгата. Али второто е како алтернатива која е попаметно да се има. 2. За прослави, Новогодишни или какви и да се секогаш ПИЕЊЕТО е бесплатно ( али не е за сите алхоколни пијалаци туку таму најевтините ). Зошто не е јадењето неограничено. Ние што не пиеме алкохол мораме при секоја прослава да плаќаме плус за услуга која не ја користиме ни приближно половина. Иако и пиењето не е секогаш неограничено, ако снема нема да има па ти ако сакаш цркни. Логички и од страна на една кафана дај им таму беслпатно јадење, и онака лугето можат повеќе да испијат и измочаат отколку што ќе можат да изедат и да исерат. Се надевам еден ден ќе дојдат подобри времиња ПозЗ3³ ®
Мајка и ќерка на фејс... по цел ден, ама навистина по цел ден споделуваат постови за наградни игри и се тагираат во истите една со друга. Последно од кое и бев поттикната за постов, сподели за 1 килограм кафе. Дишете бре жени, аман. До кафето ли дојде?! Се надевам барем ќар имаат од целото спамирање, а јас сум со подзината уста од нивните 'активности' и тоа колку се истрајни. Дали би биле вака орни и мотика да треба да се фати?