Затоа на прв дејт обавезно гледаш дали вади клуч на маса од ауто покрај телефон. Ако не, не ја бива...
Ма и пред дејт ќе си прочепкаш низ сликите на фб, дали има некоја како вози, или седнат на шофершајбна, или рака на волан со саатче.
Вие ништо не разбирате, не се работи тоа така! Значии, пикираш тип со јака кола, му излетуваш на пешачки, тој кочи и те кани на кафе. Друга опција е мала сообраќајка, па болници, цвеќе, извинување, опоравување, те вози дома, те кани на вечера и така. Што е животот ако нема драма?
Кога се враќаш во градот во кој ти останало срцето, амбицијата и соништата... Кога очите ти се изморени од неспиење и страв... Кога влегуваш и ти кажуваат дека те очекувале како најдобриот студент... Дека те помнат иако минало година од последната средба... Кога слушаш како ги знаат твоите планови и им аплаудираат а ти само погледнуваш во него и тој вели : ете совршена си.... Од што повеќе да те преплават морници... Од што...
СДК... Кавгата и расправијата се најпрост начин на вербално пресметување со противникот. Тоа што може софистицирано да им парира и да има длабока тежина се иронијата и сарказмот.
Зашто луѓево не знаат комплимент да примат? Имаат некој чуден израз на лицето и најверојатно си мислат дека сум хипокрит и имам скриена цел или дека сум саркастична. Знам да бидам премногу критична но во глобала сум љубезна и фина личност и кога сум импресионирана од некој и нешто сакам да кажам убав збор и да му го направм убав денот некому тоа ме исполнува, не знам зашто се прави драма од тоа и сега јас ли треба неугодно да се чувствувам? Си мислам дали у мене е проблемот дали сум премногу директна, дали делувам нападно, но на крајот пак се работи за позитивни зборови кои сум кажала не е ни осуда ни критика, ниту пак сакам да се допаднам некому на тој начин, едноставно го кажувам тоа што го мислам, преферирам да кажам убав збор наспроти ширење негатива и оговарање но сепак никако не си со луѓево ни со арно ни со лошо еве ок веќе не делам комплименти на никој.
СДК https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1613972238687009&id=602854059798837 МаЌедонија, ај ју, соу вери мач.
Сте посакале некогаш вие да чувствувате туѓа болка за да поштедите некој друг? Ова ми е првпат да чувствувам такво нешто, и ужасно е. Мизерно, да сакаш, а не можеш да помогнеш. Ќе почнам да зборувам, не ми излегуваат зборови. Молчам и слушам, за да не ми го чуе растреперениот глас по телефон. Лута сум на цел свет.
Колку е пријатно чувството кога луѓе кои што ти значеле многу, ама не те рецкале, сега сакаат да бидат дел од твојот живот. Ама ти ги игнорираш, ко они тебе на времето.
За тоа што сега ви изгледа тешко, а е неопходно да го правите, во иднина ќе бидете благодарни што не сте се предале. Трудот секогаш дава резултати, а најслатко е кога ќе ги собирате плодовите од она што знаете дека сте го направиле сами, со своите раце, со својот ум. Ништо не е претешко ако човек има зацртана цел во иднината.
Многу ми се допаѓа новата иницијатива против сексуално вознемирување на жените. Не бев поштедена и јас на помлади години од невкусни коментари и непристојни манијачки погледи од мажи со кои треба да соработуваш и со кои треба да ствараш една пријатна работна атмосфера а не дувло за швалерисување. Сега веќе знам како. И жал ми е што морам да признаам дека низ годините гледав многу жени на кои им одговараат таквите закачки па дури и ги предизвикуваат, и тие плус носат вина што ситуацијата е таква каква што е. Покрај сувото гори и суровото. Но за жените рековме забранети се погрдни имиња, 21 век сме биле, а мажите може да ги нарекуваме сексуални манијаци затоа што намигнале и рекле -маче. Не е фер другари, да се договориме како ќе биде.
Многу ми се кул луѓенца што прво објавуваат нешто на фб па ако тоа не добие посакуван фидбек го бришат... Сонца се!
СДК:Колку е убаво чувството кога знаеш дека си на почеток на нешто што те прави среќна и исполнета личност,исто толку е тежок и мачен фактот дека дошол крајот
Има личности на кои им текнува на тебе за да потрошат на бош муабет слободно време кое го имаат вишок, а има и такви што го наоѓаат и кога го немаат за да ти го посветат вистински и квалитетно... Оние вторите, се посебни
Силувани две малолетнички во Тетово,ги намамил,излажал,преку социјалните мрежи.(ПАЗЕТЕ!!!) Е сега треба да се сплотиме и сите без разлика на пол,религија,партија и лично да бараме пресуда: Каменување во јавност пред сите медиуми,жал нема жал за умоболни,ќе се вратиме во праисториско време иако сме 21век кој ништо не функционира како што треба. Криминал,оружје,педофилија до кога Колку ќе лежи Манијаков?1,2год,или ќе излезе со кауција,со пријатели. За што моите пари се трошат,а и вашите за да живееме во небезбедна дно Држава. Беше и ќе биде за жал дупка Држава Правда,мир што е тоа.