Ние, како народ, во глобала, вртиме во лавиринти и слепи улички. Сакам да напишам за семејното насилство неколку збора. Зошто се молчи? А ги има куп такви семејства. Силувањето е силување и кога е извршено во рамките на бракот, но се молчи. Психичкото малтретирање е многу опасно и погубно, но се молчи. Физичкото... што да се каже, реалноста се сокрива од очите на луѓето и, пак, се молчи. Зошто не се застане цврсто на нозе и да се пријават насилниците? Некои велат, жал им е за човекот (напаѓачот). Други велат, ќе зборуваат луѓето. Многу жално. Народ кој не бара заштита. Толку упропастени животи... Траумите од родителот се префрлаат на детето, тоа па ги префрла на сопствените деца и така... ланец без крај.
Убаво викаат од нервирање само болест ќе си закачиш. Јас гастритис имам од што ми се собра се наеднаш, ама ајде не се нервирај да те видам. Се чувствувам ужасно. Наравоучение треба да ми е да не се нервирам. Сакам на одмор !
Зошто толку многу нашиов народ се меша во туѓи животи? Се држиш за рака со дечко ти/девојка ти, а кога некој познаник ќе помине до вас, така добро ќе се загледа што карпа пред него да има не ќе ја виде и ќе се сопне. Потоа не може да дочека да раскаже што видел, мислиш нова планета открил или нов изум патентирал. Страмота е и за жалење е.
Имам една многу добра навика, никогаш не ги одложувам обврските "за подоцна, за вечер, за од понеделник". Тоа што можам да го направам уште наутро, го правам. Станувам порано и го правам. Затоа, чувството подоцна во денот, дека сум исполнила се` што сум си зацртала и дека можам да уживам во денот што го имам само за себе, е бесценето. Ви посакувам пријатен викенд!
Од толку некултура, негатива и мрчаторство, луѓево заборавија да се радуваат, да ценат и воопшто да поверуваат на убав збор. Секој комплимент, пофалба или поблиско обраќање од милина, дали примени лично или кога ги слушаат упатени на некој друг – го проценуваат како улизување и лицемерие. Едноставно ставиле пред себе штит кој секоја добрина ја одбива како неискрена. А пак со истиот штит истовремено и реалната критика и укажување на спротивен факт во пракса ги одбиваат како дрскост... се разбира, освен ако се работи за нивната реалност, тогаш е искреност и плескање на вистината во лице. Емоционална интелигенција и зрелост, што беше тоа...?
Малку работи можат да го обележат читателот како првата книга која вистински ќе го пронајде патот до неговото срце. Тие први слики, одекот на зборовите за кои веруваме дека сме ги оставиле зад себе не' следат цел живот и вајаат дворец во нашето сеќавање, кој, порано или подоцна - не е важно колку книги ќе прочитаме, колку светови ќе откриеме, колку ќе научиме или заборавиме - тие сепак ќе се вратат.
Вниманието што ќе го привлечете од непознати на улица е единствената убава работа што може да ве направи да се почувствувате посреќно. Се разбира, ако истото е позитивно.
Дур пијуцкаме чај од ројбос и размислуваме за нашата блиска и не толку блиска, иднина, дур плаќаме сметки и бираме нови кармини на штанд кој чини богатств или пак додека миеме заби наутро... многу пати на луѓето им потонуваат навистина сите чамци. Кога вака, утреТО добиваме нови шанси, чамци. Веројатно не знаеме се' за себе, нели?
Не дај боже Заев да има профил на фемина и по некоја случајност ја чита темата Колкава плата земате...
Време. Единица мерка за се. Ориентир. Лек. Го изгубив-ВРЕМЕ лечи се Ме боли глава - од ВРЕМЕТО ти е Сакам стан да купам- има ВРЕМЕ Бракот ми е во криза -Со тек на ВРЕМЕ се ќе си дојде на место. Сакам на повисоко работно место-Причекај,ова е ВРЕМЕно решение Ајде да купиме кола -не е ВРЕМЕ ... ... Кој го нема,да си го обезбеди..зашто може да биде ДОЦНА
Многу ме нервираат иронијата и цинизмот на форумот.Има членови кои се прават најпаметни и ги исмејуваат ставовите на другите, печатните грешки...најмногу оние кои офтопик коментираат(не сфаќам која му е целта-да исмејуваат или да се направат "попаметни")...Е на сите нив културно им заблагодарувам за коментарите и продолжувам понатаму (karma is a bitch ). Навистина,не ми е гајле да им се допаднам на сите на форумов (нели не е во ред ако им се допаднам на сите ). Покрај се,го обожавам форумов и имам добра комуникација со многу членови. Мрчатори,оладете малку
Почнувам да мислам дека љубов е само збор што го користиме да го опишеме она што се сведува на себична и привремена состојба на среќа. Добра ноќ.
Toa e drugar Kolku i da taguvash oroslijata ti go stavi od pozadi. Mozhebi ochekuvashe od nea kojznae shto,ama nishto ne bidna. Jas kako i sekogash ce bidam chovek,pred 2 dena me ostavi sam na masa poradi taa orospija,ama ce zamizham na se toa. Go vidov drugarstvoto tvoe,ama.kako saka naka bide. Pak za mene ce si dobro drugarche.
Оваа вечер бев излезена и супер си поминав. Диџејот беше кул и направи јака атмосфера, а и си се гледавме со симпатијата па тој ми ја направи вечерта уште поубава . Заврна и снег, за само пола саат заврна околу 10 цм снег . Јас целиот распуст чекам снег да падне и сега на крајот малку и се разочарав што нема кога да уживам во долгите прошетки по снегот. Враќајки се од излегување, така сама со своите мисли одев полека по снегот, а тој крцкаше под моите нозе . Бев толку бавна и уживав во звуците од снегот што заборавив на се околу мене. Мислам дека снегот ме опушти максимално и сега од вечерни задоволства избрав една многу добра книга . Добра ноќ