Не е разделбата таа што боли, болат случувањата од минатото. Боли прегратката која е можеби последна. Болат празните зборови кои се трудам да ги запаметам засекогаш. Боли ноќта, ладниот ветер, судбината што не' разделува. Спомените кои ме тапкаат по рамо, фаќаат за рака и ме тераат да гледам назад. Не, не боли разделбата- боли крајот!
Лигавења, лигавења everywhere... Што им е со овие надимациве? Сега запнале сонци, па сонци. Маци, куци, цуци, буци... аман. Нејќам да ме викате сонци. А особено не некоја личност, што слабо ја познавам, слабо ме познава и слабо се познаваме на улица, туку само на одредени места. Па демек се преправат, мило им е што те гледаат. Мрш, бе. Некои женски ми се навистина неподносливи. Кога ќе видам по оноа фејсбукон: те сакам највишееееееее. најубава си МИ. Сте се сакале, а два збора во живо не разменувате и се оговарате постојано. Не само на една личност, туку на сите, те сакам да се пишувало. Јас на родената мајка и` немам кажано те сакам, а не пак на некоја личност што слабо ја познавам. А камо ли на некое женско да пишам, скараја да е. Се губи значењето, на многу зборови... премногу патетики. Јас на пример, љубов изразувам со говедо. Па и тоа е подобар збор. Барем не правам лице... Сите се сакаат, се љубат. А секој гледа да забие нож во нечиј грб, да го направи од г.... подоле. Да дознае некој трач, па да се занимава со тоа. Тоа од премногу љубов, разбираш...
Значи а доаѓа петок, веднаш воздухот поинаку мириса и сите се расположени Доказ ми се неколкуте факултетски, домаќински и административно шалтерски обавези кои ги сплескав за нецели 2 саати и кои ми беа поздравени со насмеани лица од другата страна на пултот Ма ово нема ни у Београду
Спојлер ''Тој беше причината. Тој беше причината за сите непроспани ноќи кои ги помина гледајќи во белиот таван. Тој беше причината за сите солзи што се слизнаа на нејзиното убаво лице. Тој беше отровот што се ширеше низ невиното срце, чија единствена вина беше тоа што безусловно го сакаше. Го сакаше до болка. Го сакаше секој дел од него. Ги сакаше неговите сини очи,подлабоки од најдлабокиот океан. Ја сакаше секоја брчка што се појавуваше на неговото грубо лице кога ќе се насмевнеше. Се` околу неа ја потсетуваше на него. Постојано го гледаше неговиот лик пред себе. И на сон и на јаве. Сакаше да побегне ама немаше каде. Тој беше нејзиното прибежиште кога сите бродови ќе потонеа. А сега остана сама на сред отворено море, полека тонејќи во заборав, гушејќи се од спомени. Не сакаше никој да знае. Тој беше нејзината отровна тајна што и остави рана на срцето, што ќе ја носи засекогаш. Рана што ќе ја потсетува на една изгубена љубов.''
Нетипично преубав ден. Се чувствувам преполна со позитивна енергија, некако имам волја да живеам, да станам од топлата соба, да се облечам и да пешачам со часови. Мириса на пролет, мириса на убавини, мириса на поубави времиња кои следат. Мириса и на ново работно место, перфектно за мене со уште подобро работно време. Ми треба целиот универзум да се сврти во моја полза и работите да завршат во моја корист. Ќе биде тоа еден совршен завршеток на ваков прекрасен ден, а и да не биде не се разочарувам, моето време допрва доаѓа. Имајте убав ден сите, излезете надвор и пробајте да го искористите сонцето на најубав можен начин.
Конечно викенд Денес денот ми е преубав. На школо поминав многу убаво, дружење со другарите, шала-смеа со наставниците и тоа е . Сега следува мал одмор, да ги наполнам батеррите за новата недела. Умајте убав ден и убав викенд. Ве сакам
Толку многу луѓе околу тебе,а ти си потполно сам. Празен и скршен,душата ти е празна. Се разминуваш со толку луѓе,си мислиш дали и тие се вака како мене? Какви луѓе се? Дали безделничат или трчаат да завршат некоја работа? Пред носот ти се мешаат мириси,женски парфем,машки,мирисот на пицата во градскиот трговски центар.. Пешачиш и размислуваш,сонцето те грее. Колку и да те топли сепак ти е многу ладно. Сам си,си разговараш со внатрешниот глас,дишеш длабоко. Во очите ти се гледа тага,колку и да се смееш сепак очите те издаваат. Луѓето околу тебе не те ни приметуваат,се чувствуваш како невидлив. Но ти ги приметуваш нив.. и си мислиш во себе ‘‘ толку голем град,а нема ниеден човек,толку многу гужва,но сепак е празно..‘‘ Си мислиш што бараш тука,дали е ова твојата судбина? Дали ти е судено да бидеш сам и осамен? Дали ти е судено сите да те повредуваат... дали?? Но сепак имаш надеж,се надеваш дека се ќе се среди,но кога? Музиката ти е единствениот искрен пријател.. ветерот те гали по образите и ти ја бушави косата.. Пешачиш без никаква цел,само сакаш да си ги средиш мислите,се ти е измешано.. Сите имаме потреба да бидеме сами,но никој не сака да биде осамен.. Скопје те инспирира,улиците и луѓето.. објектите.. се околу тебе го гледаш со други очи..
Поминаа испитите и сега досадно е.Премногу ми е досадно. Па и мајка ми замина на работа и муабети редиме со баба ми. Средив едно плакарче со книги.Не ми се верува дека ја чувам Зоки Поки,Приказни по телефон,Доктор Офболи и уште 20тина други книги.. Чувам нумеруси од основно, тестови од прво одделение.Книги од основно и средно. Малку си се посмеав на тестот кој сум го извадила единица во второ одделение. Прашање-Кои се потврдни реченици и кажете пример за нив Јас-Потврдни реченици се реченици со кои нешто потврдуваме.Пр-Докторке дајте ми потврда. Кои се одречни реченици? Одречни реченици се реченици со кои нешто одрекуваме Пр-Ана јас одрекувам да одам за Крушево. Да не зборам па колку книги по Англиски имам и тоа сите различни.Секогаш велам ќе ги фрлам,но пак ги чувам... Некои тетратки,книги и ги дадов на баба ми за потпалок на оѓин а книгите од првиот семестар ги сместив на тоа место,на посебна полица. Сега имам две полици. Гледајќи ги баба ми лимоните кои никој не му ни текнува да ги изеде,зеде ги направи сок.Толку прекрасно,освежувачко нешто. Морав нешто да правам,мислам на него,тешко ми е.Морам да е изборам со ова,навистина морам!
Новата по германски. Првпат кога ја видов си реков, ама е убава оваа. Лицето секако и се нема променето, ама сега ми е најгрдата личност на светот. Не, не мразам наставници, не мразам ни строги наставници, туку ги мразам оние кои не си ја сфаќаат сериозно работата, само си ги земаат парите и бегаат. Сте виделе ли бе некој нормален професор да мести ученици слаб до одличен само за да препишувал од мене. Кога слушнав: Lella зашто не му даваш на ***** да препишува!? Само за себе си гледаш, стави ја тетратката на средина. Ваква бев: Спојлер Како можеш жити се да пишуваш кога тетратката ти е 30 сантима подалеку од тебе. Сте виделе ли професорка која на час си џвака мастика и си прави балончиња со неа? Што го вади ајфонот кој е поголем од неа на сред час и се допишува па дури и се смешка? Што се фали за ракописот? Што вика да прашаме ако нешто е нејасно, а кога ќе прашаш вели „Што е сега?“ и продолжува да гледа во мобилен!? Што доаѓа на час со минич и кога ќе се наведне гаќите и се гледаат. Што има 101 слободна клупа а таа го мести најслабиот ученик меѓу мене и другарка ми за да препишува и се бутаме сите тројца на клупа. Може ќе се препознае овде. Ако си ти госпоѓице, поз кис4е мва! Топ си, јас сум ти љубоморна.
Зошто секогаш кога сме сами ништо не велиш? Зошто тогаш сум најубава за тебе? А кога ќе се најдиме во друштво ме омаложуваш, сакаш да ме направиш глупава пред други. Па коа и ти се спротиставив се наљути. Баш ме брига! Глеј си животот.
И јас сакам виќенди да одмарам, но еве од октомври немам ни еден слободен виќенд. Кој не прашува можеме ли, сакаме ли,? а тоа што не сме платени е друга прича. Никој не не прашува, за жал
СДК петок е, фала богу, многу тежок ден беше денес.... 4 Предмета тестови, кај се видело тоа? ********************* Си купив ново фустанче, ефтино, а многу убавко, баш како за мои години Бај д веј, ми се случи дежа ву Баш сакав, одамна ми се немаше случено
Конечно петок Денеска сум расположена. Реков јас дека ми се менува расположението според времево. Потребно е нешто мало за да те расположи и насмее.За некои тоа „мало“ ништо не значи,но на некои им е доволно само нешто скромно...неколку коцки чоколадо. На пример. А јас со чоколадото би сакала какао... Имајте убав викенд!