Морам да признаам дека на форумов (заедно со една другарка) постигнавме статус на „Бони и Клајд“. Во чест на тоа:
Недела ден, облачен, за спиење до доцна и гледање филмови под ќебе. Само што јас се разбудив рано, најрано. Толку рано што во маркет ни пензионери немаше по леб. Ни продавачките кафе немаа пиено. Демн ит. Кога ќе легнам со мисла дека следниот ден ќе решам дилема, џабе да легнам. Или ќе се разбудам сред ноќ да ја тумачам или рано најрано. Да си легнам ли сега? Фак. Денес си ги распослав мислите пред една особа, не можев ни да претпоставам дека толку добро ќе ми дојде. Завршува денов со товар помалку, иако душата уште ме боли. Слушам дека дува ветер, ја мразам зимава. И мразам што кујната се уште не ја средив, ја наведнувам главата за да не ја гледам. Деновите минуваат, времето поминува, а јас...стојам, некако..глупаво. Исплашено. Надежно. Некако...тежи вагата те на едната страна, па на другата. Кога за некои работи си потполно бескористен, кога некои работи апсолутно никако не зависат од тебе, морам да си контрам на себеси и да прашам, кога по ѓаволите ќе дојдат добрите времиња? Нат дис јир.. Да голтнам некој чај набрзина и да се стуткам.
Слабо верувам во луѓе кои немаат и никогаш досега немале силна пасија кон барем една област на интерес во животот...
Аман бе, овој наш народ само за префрлање е створен. До вчера од убаво до поубаво збореа за ракометарите, а денеска изгубивме и одма дрва биле, не разбирале и многу други глупости. Па читам преска некој напишал како демек Кире Лазаров намерно се повредил оти видел дека сме губеле, и немало шанса да победиме. Да бе како не, потполно е во право тој некој. Второ полувреме игравме со младите ракометари и јас сум задоволна, добри бевме иако секогаш може подобро. Искрено уште во старт знаев дека ќе изгубиме но се надевав на помала разлика но тоа е што е. Али ми е срам да кажам дека го делам истиот воздух со тие до вчера што кажуваа "Браво момци, најдобри сте" а денеска викаат "Копилиња едни, врска немате". Јас сум задоволна од нивната игра и идеме понатака дечки, само храбро.
Лесно е да плукаш... Уште полесно е да му дадеш подршка,сила и охрабриш поразениот,подај рака да го воздигнеш. Кој да свати само
Гледајќи низ рафтови во Рамстор (во Сити мол) кои гумени бомбони да си ги земам, ми пријде мало детенце со рачињата кренати нагоре. Во едното раче имаше киндер јајце, а во другото смоки. Му се насмеав на што ми кажа неколку нејасни зборчиња на Албански. Го прашав каде е мајка му не ме разбра, повторуваше само "нани, нани". Претпоставував дека се изгубило и дека ја бара мајка му. Го фатив за раче и почнавме да бараме низ рафтови, цел Рамстор го свртев а никој не си го бара детето... Малово лута со очињата, ме стиснало силно за рака и повторува тивко "наниии".. Сфатив дека правењето кругови не ми помогна, па среќа налета млада девојка со марама на глава. И ја раскажав целата приказна и почна да му поставува прашања на малото, дефинитвно сфативме дека е изгубено и мораме да пријавиме. Отидовме на информации и таму си чека една жена мртва ладна. Му кажа насмеана два три збора на малово како ништо да не било и си отидоа. Ја фати мајка му за рака се сврте ми се насмеа и ми мафна. После сфатив зошто малото ме препознало, со мајка му и двете бевме облечени во црно.. Затоа држете си ги малите за рака, не ги попуштајте од вид. Мало невнимание може да биде со опасни последици.
СДК после долго време решив повторно да се зачитам низ стари теми.. Ми фали тогашното дружење по форумот, и старите членови. За жал се си има свој крај.
Само некој да ми каже како е романтично кога паѓа снег. Да бе, романтично ми е и мене кога го гледам низ прозор додека каминот е наполнет до даска, а јас го бакнувам на врат милото.. па се мазиме додека некој мрзне надвор Ама кога ќе излезам надвор, романтиката се претвора во кошмар..од најлошите. Дува, вее, се лизга, не знаеш до кај е тротоарот а каде улицата, па си газиш онака на среќа Ако паднеш, паднеш.. големо чудо, на денешно време романтично е газ да те боли Па ти текне дека треба 3 саати да се возиш.. трипл кошмар Ако после се уште им е романтично, ќе им дадам бесплатно сместување тука па нека се романтизираат Ете така
Самата си го комплицирам животот толку многу и толку често во последно време, што ако не престанам, еден ден ќе жалам за ова. Затоа решив, од денес нема веќе песимистички мисли, нема повеќе простор за правење од мува слон, ќе си се фокусирам на целите без да се преоптеретувам. Чекор по чекор, ќе стигнеме ние двајцата да ги реализираме сите желби и замисли. Ете така.
Ми се фати гласот исто како што ми е фатена и душата. Сите ние што сме рекле "никогаш јас нема да го сторам тоа" сме го сториле. Живот е тоа, добро утро.
Многу нешта се менуваат кога ќе престанете да велите Не знам и Не можам, кога ќе престанете да го ограничувате своето мислење и делување.
Собирањето на етикети за непознати личности од рандом луѓе е непотребна профилна колекција која станува безвредна со самата можност истите тие личности да ги запознаеме по нивните постапките во клучни ситуации. Секој е вреден повеќе или помалку во зависност од туѓите потребит и очекувања. Дали тие се реални?
Го мразам чувството на исчекување. Се тресам како лист... Седам и чекам и видеово пред очи... и погодете кој плаче крејќи се. Идиот сум, ќе си шлапнам една. https://www.instagram.com/p/BeDdrO8hkNq/?taken-by=trtdiyanet
Го гледам трендов со челинџи. 15 дена прави ова, 15 дена прави она. Да се ослободиш, а уствари почнуваш пак да робуваш во нешто кое ти уште повеќе стресно од станувањето на 10 минути пред излегување од дома за на работа. Ќар до гуша, здравје низ уши, џанам така ако тераш, 100 години ќе живееш. Ах да, 5 минути да во визуелизираш животот и да пишеш 1000 работи за кои си благодарен у животов. Сите мора да се среќни. Ако не си среќен ти си нетокму, мора нешто сериозно да се позабавиш со себе. Зошто најприродна и најнормална работа е да чувствуваш цело време неизмерна среќа, као во состав за пролетта на прваче. Ако не стануваш у 5 и пол со петлите неарен си. И при тоа мораш да одвоиш пола саат вежбање, 15 минути медитација,15 минути спремање на здрав оброк или оброци за цел ден за на работа (органски, зошто ако не е органско или ро се е за џабе). Да, ако живееш само со една, не повеќе рипки и си изолиран од светот и реалниот живот. Ако имаш вишок кг, не се грижиш за себе, не се сакаш од некоја многу бедна и лоша причина. Да, можда патиш од помалку љубов према себе, но веројатно причината е воопшто нереална и лоша, но сосема логична и трауматична и веројатно многу тажна. Ако не јадеш млеко од еднорог си инфериорно суштество. Ако не знам веќе што оди фати утепај се. Ми се лоши од овие комерцијални безвезни работи кои повеќе создаваат стрес него ли задоволство во живеењето.
Кога некој ме прашува: Како се децата? А јас кажувам дека малиот има пак бронхитис, следува бомбардирање од подпрашања, одговори и паметувања од типот: - Аман бе, што направивте вие? -Лелее, вие се сте болни. - Треба дома да си го чуваш, не ти е детето за во градинка. - А, јаде се детето? - Треба сируп за имунитет да му даваш, или му даваш вит. ц и перли д? Од тоа гарант нема да ти се разболи. - Епа така растат децата. - Ааа, ти треба на планина почесто да го носиш, и на море исто, да диши сол и јод малку повеќе детето. Дај оладете бе луѓе, мозокот ми го оптеретивте веќе...
Ме потсети кога сум имала негде 4-5 години,шетајки низ гужва низ пазар се испуштив од раката на мајка ми на кратко и се фатив за жена што има иста кошула како на мајками мислејќи дека е она,кога видов дека не е а веќе бев излегла надвор од пазар одејќи по неа почнав да плачам,во мегувреме мајка ми ја фатила паника и ме барала и сакале да пријават во полиција но за среќа братучетката ме здогледа ме најдоа,чудно како се сеќавам а не сум имала повеќе од 5 сигурно.