Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Машки
    До кога на некои медиокритети за личните неуспеси ќе им бидат виновни родителите, пријателите, колегите, Македонија?
     
    На Doozy, buba4e89, Sar-Ste и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    Нека си стои мислењево, пошто не е навредливо.
     
    На buba4e89, Sar-Ste, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. N.2106

    N.2106 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    19.135
    Пол:
    Женски
    Кога тој ќе покаже непочитување,
    тука љубовта згаснува.
     
    На buba4e89, Sar-Ste, stetoskop и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.684
    Пол:
    Женски
    Зошто луѓето, па и сопствениот татко ме сметаат за паметна и интелигентна само поради истата интелигенција која ја поседува татко ми, е не заради моите самостојни научни придонеси?

    Едноставно не ми е јасно ... Уште од мала сум го идолизирала татко ми и сум посакувала да бидам паметна колку што е и тој.

    Сега и таа моја желба ја имам претворено во реалност, па дури и се надминав себеси во областите каде татко ми нема толку големо познавање и таленти колку што јас имам сега.

    На некој начин, додека татко ми ме учеше буквално се што знае, јас константно бев во натпревар со него, обидувајќи се да го имитирам и да бидам подобра и попаметна од него.

    Можеби затоа и секогаш кога ќе му се пофалував со 100% поени на тестовите или кога ќе му најавев дека мојот труд ќе биде објавен во научно списание, тој само рамнодушно ќе ми одговореше : "Тоа и го очекував од тебе, без сомневање... Ти си, сепак, моја ќерка"

    Чувствувам дека сите мои постигнувања, трудови, научни теории, пресметки, книги ... сето тоа се должи на него, како тој да го поседува сето тоа, а не јас - тоа не е мое, туку негово. Дури и кога ќе се сетам на сите научни конференции на кои сум презентирала, а тој никогаш не бил присутен меѓу публиката да ми ракоплеска.

    И покрај тоа што не ми е грижа за туѓото мислење, постојано сум прогонувана од познаниците, колегите и пријателите на татко ми кои секогаш имаат тенденција да ми речат: "Да, нормално дека си супер интелигентна - ти си ќерка на татко ти! "

    Но сега сфаќам дека колку и да се трудам да се осамостојам во поглед на знаење, мислам дека јас секогаш ќе бидам заробена во сенката на татко ми и дека таму отсекогаш ми било и местото ...
     
    На buba4e89, Srcka $, Sar-Ste и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Со цела почит кон тебе стекната од некои од твоите мислења сакам да те побијам во овој исказ.
    Секој е посебен на свој начин.
    Инаку нормално е да влечеме од нашите претходници-родителите но уште понормално е ние да сме понапредна верзија од нив исто како и нашите деца во однос на нас.
    Инаку кога ќе престанеш да се опседнуваш и споредуваш со татко ти,неговите трудови или да те допираат коментарите дека си негова ќерка и кога ќе почнеш да бидеш тоа што си и да го правиш тоа што ти сакаш,а не тоа што си воспитувана да правиш/си гледала дома како рол модел во однесувањето на татко ти дека се очекувало и од тебе истото да го правиш тогаш нема да имаш време да мислиш на ова туку ќе си тераш по твојот пат само на твој начин.
    Плус она дека си ќерка на таков татко ќе ти биде само комплимент,подстрек и ти да си мајка на такво дете.
    Јас сакам да кажам денес денов супер,се што планирав завршив во последен миг но сепак беше навреме.
    А секакви сопки имав...некако се исклучив и само се фокусирав тоа што ми е планирано денес да успеам да не го оставам за утре.:)
     
    На Srcka $, Sar-Ste, stetoskop и 4 други им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Татко ми е од луѓето со еден тон мудроштини кои, сигурно и пред едно столетие, луѓе ги споделувале меѓусебе. Една од таквите му е: „дур јаде, човекот е добро“. Така викаше за мачката. Така викаше за баба ми. Така викаше...не знам уште колку пати. И јадеа и беа добро. И потоа престанаа да јадат. Синоќа, повторно го кажа. Мајка ми му се налути. Ама, не толку колку што и е лута на тетка ми. И, сега.... сите спремни. Шушкаат. ѕврцкаат, идими-дојдими прават. Се чека.
     
    На Sar-Ste, stetoskop, Lilit и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Живееме во време каде науката е доста напредната, и за жал некои тоа го злоупотребуваат, па секојдневно нѐ трујат со отрови.

    Но, има и луѓе кои толку се да речам „внимателни" околу тоа што јадат, што користат за хигиена итн... што неретко ќе кажат некоја глупост.
    Најтрагичен ми е примерот кога со „предупредувањето околу опасноста“ од дихидроген моноксид кој секојдневно
    го внесуваме во оргазнизмот, сфатив дека постојат луѓе што навистина веруваат во ова. Или пак нѐ труеле со аскорбинска киселина преку храната...И други примери.
    За нив, сѐ што содржи моно, ди...-ол, изо-, метил... знаат дека е хемија, а ако е хемија, значи е нешто вештачко, а ако е така, тогаш е штетно и треба да се избегнува.
    Значи секое хемиско соединение е отров.
    Секако дека не очекува некој да знаете име за сѐ што јадете и користите, ама пред да истрчате колку нешто било штетно, прашајте и истражете.
     
    На Sar-Ste, kravce, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Во врска со фамозниот муабет околу тоа за што ни е крива државата, а за што не - малце така да разјасниме по нешто, еднаш засекогаш...

    Знаете за што никогаш не можеме да бараме вина во државата, луѓето кои владеат и нивото и функционирањето на системот, бидејќи кој и да дојде на власт не може да нè поправи во тоа? За нештата кои се дел од една личност и карактер, и како такви придонесуваат во целата слика на колективната свест.

    Ако за нешто е лејм да се обвинува државата како таква... тоа би биле, на пример - туркањето и одењето преку ред во секоја јавна институција по шалтери, тепачките за место во автобуси, фрлањето отпадоци, паркирањето на места за инвалиди, корнењето столбови покрај пешачки за да се паркираш, потоа гледањето во дворот на комшијата и она сè уште реално чувство за умрената коза од народната поговорка, предрасудите и заостанатоста, верувањето во бабини деветини, итн итн.
    Односно, тоа е однесувањето поврзано со нашето воспитување, култура (општа, хигиенска, сообраќајна) и личната желба и отвореност за проширување на видиците.
    И да, тука спаѓаат и примерите на личности кои навистина, ама НАВИСТИНА - не се реализираат поради својата пасивност, неамбициозност и мрзеливост.

    НО, кога станува збор за потребата од користење на врски и познаници, која ја запознаваме уште во првите школски клупи, па е присутна и во сите сфери на општеството - вклучително и со тоа што за некои помага, а на некои (со вистински квалитети и желба за работа) им ги ускратува можностите за реализација - о, да, државата и тоа како е виновна, драги мои triggered патриоти!

    And, you reading this: guess what - aко ти е тотално непозната ситуација она кога ти се потребни врски во сфери од општеството кои се основни права и потреби на еден човек (како дури и здравство на пример), ако единствена причина за ненаоѓање работа за која генерално знаеш е мрзливост или недоволни квалитети, и ако во ваква држава ниту еднаш во животот досега не си почувствувал/а или не познаваш никого што реално има право да чувствува револт кон истата... е тогаш или си општо заслепен од патриотските чувства кои ти се над информирањето и емпатијата со тоа што им се случува на луѓето околу тебе во реалноста, или уште полошо - си заслепен од приврзаноста кон партијата што е моментално на власт. Тешко да има трета дефиниција.

    Не се однесува на никого овде конкретно постов, туку воопшто и во реален живот ми е преку глава од личности кои со карикирање на овој муабет, се фалат и замислуваат дека се некакви директни и супериорни единки, а всушност немаат допирна точка со реалноста.
    ФМП :ninja:
     
    На Srcka $, CrazyOne, Nausicaa и 18 други им се допаѓа ова.
  9. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    14.425
    Пол:
    Женски
    Жените сме значи неверојатни
    го замаглуваме пред себе огледалото
    толку многу за да не се гледаме себе во очи,
    за да не се гледаме во душа,
    а уште полмалку во способност...
    И така замаглени се убедуваме дека не вредиме
    и така се убедуваме дека љубовта се чека,
    дека таа треба да дојде, дека треба да издржиме
    оти за подобро нели вредни не сме....


    Еееееееееее не било така откритие на денот за мене..
    Мажот кој не сака не го чекаме,
    ете тој сам иде кога знае дека имаме нешто важно..
    Мажот кој не сака гледа и кога ние не гледаме
    туркајќи не кон тоа што изгледа невозможно...
    Мажот кој не сака на крај на се ќе ни рече
    еееее знаев јас, се знаев што можеш ти...

    Значи љубовта не е нечие милосрдие ,
    нечиј мој термин,
    па да ни ја дава некој како трошки сув леб,
    па да се молиме за повик, за збор, за внимание,
    за нежност, за љубов, за страст...
    Не, не ти било тоа љубов... не ти било тоа бајка...

    Затоа ајде бришете ги убаво огледалата и погледнете се колку мноооооогу вредите!
     
    На N.2106, referentka, Crna Dama и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Зошто некои луѓе едноставно не сфатат дека неможе по секоја цена да се прави тоа што тие мислат дека е правилно.
    Кога ќе застане некој и ќе ми рече:
    - Мораш детето да го носиш на хомеопат (а мајката сеуште се лечи со лекари и антибиотици)
    -Не смееш да вакцинираш дете, штетно е за здравјето.
    - Ако детето ти плаче, однеси го на бајачка, го имаат урочено.
    - Имаш некаков проблем во животот, магија ти имаат направено, јас ќе ти кажам каде да отидеш за да се среди лесно работата.
    А ако не прифатиш, епа ќути и трпи, кога несакаш човек да ти олесни, да ти помогне.
    Ок е да направиме муабет, да дадеш свое мислење и да образложиш зошто сметаш дека е тоа правилно, а не да вршиш притисок и да му се качиш на човек на глава затоа што не сте истомисленици...
     
    На buba4e89, Sar-Ste, Lilit и 14 други им се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Кога го гледам Ник Вуjичиќ (човек без екстремитети) како плива, има издадено книги, свири на тапани, сурфа, има жена и четири деца, оди на прошетки низ плажа и планини, ме фаќа срам за сите изговори што сум ги употребила со цел да одбегнам некоја активност од горенаведените.

    Од каде ја црпи таа позитивност, мотивација, енергија и радост навистина не знам, ама секој чест.
    Ни самиот не е свесен на колку луѓе им има помогнато во животот со своите мотивирачки говори.

    Во ред е некогаш да не ти е погоден денот, да сакаш да си сам и сите да ги одбегнуваш, само лошо е ако такво расположение насекое се повторува во круг...Тогаш знаеш дека нешто не штима.
    На секој човек во одредени моменти и периоди од животот, му треба поттик и мотивација. Убаво е да имаш човек покрај себе за да ти ги отвори очите, но ако немаш, тогаш тука се луѓето како Ник што виртуалено во секое време ќе те потсетат колку е вреден животот и дека само небото е граница.
     
    На Selest, Srcka $, Sar-Ste и 20 други им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.282
    Пол:
    Женски
    Само јас можам да скршам заб јадејќи домашни пуканки:worried:
    И не осетив ништо,ќе го голтнев за малку:D
    Тоа е,утре одам да видам да го "средам"^_^
     
    На buba4e89, Oscar Lady, Sar-Ste и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    Имам тежок период и дополнително се нервирам, за попратни ситници. Од сето тоа најмногу ме боли што ги секирам и блиските. Најдобро да заминам у планина и сè да помине...
     
    На buba4e89, Sar-Ste, Asistentkа и 6 други им се допаѓа ова.
  14. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Навикната на празни ветувања, навикната на неисполнети планови, навикната на изгубени надежи...
    А сега доаѓа една дланка која совршено се вклопува со мојата, нашите десет испреплетени прсти кои прават една целина. И нема планови, нема ветувања за совршено утре, нема врзување. Не има само нас. И милион спомени кои ги создадовме досега.
    Ако не ти ветат брда и долини нема ни што да очекуваш. Зашто, нели, ако не очекуваш ништо не можеш ни да се разочараш. Ова ли е тоа "вистинското"?
     
    На Srcka $, Feminka192, Sar-Ste и 4 други им се допаѓа ова.
  15. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Сакам да бидам пак дете,единствена грижа да ми биде дали утре јас ќе жмурам.
    Ќе жмурам утре на работа,ако останам до касно:yawn:
    Еци,пеци,пец,ти си мали зец....
     
    На buba4e89, Srcka $, Sar-Ste и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.870
    Допаѓања:
    163.504
    Тебе поштено те иманијачив вечерва.
    Како сум го испуштила ова велелепно вистинито писание...
    Би го украсила со уште нешто, но ќе изгуби од шармот и концизноста.
    Ако стопанот е побогат, нештото се менува со појавување на особа Ц во подоцнежни години, а она можеше да се заколне дека он умира само по неа, трошејќи му ги парите од картица воодушевувајќи се на нивното фантастично и неограничено партнерство каде она со нејзиното доаѓање запоседна се и стана од еднаш газдарица на се што тој поседува. Но во едно се излажа - никогаш до крај не го поседуваше неговото срце, зошто во еден дел од него тој секогаш се прашуваше дали згрешил во изборот?!

    Колку среќа ми треба за утре.. ама ептен многу.
     
    Последна измена: 23 јануари 2018
    На Bridget и Oxymoron им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    @Lacrimosa и ти фалиш :f:
    Добро утро. Јас пак со своите, де ќе биде добро, де у пм нека иде све. Амааа.. ајм пилс фри, така да може да се каже дека добро се држам :drunk:
    Енивеј, ја читав вчера @ivi1987 извини што ќе те спомнам, ама ми даде тема за муабет :) Зошто по ѓаволите, очекуваме продавачка во маркет најљубезно и културно да ни се обрати, и не само очекуваме туку не прифаќаме поинаку, ама кога сме во институција каде има некој "над" нас..молчиме. Доктори, административци на шалтер, медицински сестри по болничките ходници, полицајци... дури се плашиш да им речеш нешто да не ги изнервираш тие кревки души, оти ќе ти експлодираат во фаца. Незамисливо е дури да вратиш! Понекогаш и од дома комплексите си ги влечат, па уште невлезен на врата ќе те направат лом, како во случајот на иви. И ќутиме, зашто пак зависиш од нив, и скраја да е да им згазнеш на прстето, нема да те услужат... У ПМ НЕКА ИДАТ. Професорката секогаш велеше, потрошувачот е секогаш во право...освен ако не е во државна установа изгледа. Како да го отстраниме ова нечовечко однесување, особено нетипично за установа каде сите треба да бидат хумани, културни и спремни за помош? Зошто е толку проклето тешко да бидете љубезни бе мамето... Пардон мај френч. Јасно ми е, кога не ти зависи работното место од примателот на услугата, јасно ми е. Само не ми е јасно, како си се нафатил да ја работиш без тронка хуманост и трпение во себе.
    И такви фрустрации си имам во себе. Од државава, и од народот. Од самите себе што сме навикнале, па не очекуваме подобро. Што за да добиеме третман како човек, а не подоле од животно, спремни сме и да платиме во приватните болници. Зашто кога си болен, ти треба волја за живот, а која волја ќе ја добиеш во болничка соба каде и хигиеничарката има право да те погледне на криво и да ти пререче. Јебем ти живот.

    И @zhap4e за црешата на се, ме расплаче. Голема вистина има во тоа.

    Иначе...имајте убав ден. Хух, ми олесна малку :)
     
    На mal.ecka, Rama, simonka93 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    @kravce од страв се молчи, ние како народ сме такви. Во нивни раце сме демек и им се може. Секако дека не се сите такви, има златни сестри и доктори, секоја чест за хуманоста и љубезноста. Амаа, има и такви што ти доаѓа да ги истепаш од мака и од што гледаш дека те навредуваат и си играат мајтап, зошто им се може нели.
    Имав ситуација со малиот кога лежеше од пневмонија во Јули месец во Козле, дојде денот да не испуштат од болница. Сестрата ни рече да си излеземе надвор во дворот да чекаме отпусно писмо затоа што она требало собата да ја среди за други пациенти ако налетаат. И така ние на 40+ после 12 на сонце чекавме неверојатни два саати за отпусно писмо. Јас молчев да не им падне круната а маж ми излезен од работа ги замоли побрзо да биде за да не се малтретира детето што до пред малку лежело со инфузија во рака. Кога му се пуштија сестрите, они го чувале детето како свое, каква нега му пружиле, еден доктор бил, не сме биле стрпливи, ако не ни чинело на приватно да си одиме.
    Само на ОРЛ во 8-ми Септември кога се оперирав, од сестра до доктор, сите беа прекрасни. Не ми се веруваше дека постојат толку љубезни луѓе и луѓе што кога ќе стиснеш на дугмето доаѓаат за секунда.
    Живот...
     
    На Rama и kravce им се допаѓа ова.
  19. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    14.425
    Пол:
    Женски
    Вчера сосема случајно е запознав со докторка од Србија,
    која трагајќи по својот кариерен и љубовен сон завршила во некоја трета земја,
    како вообичаено бива
    и војот пат го опиша со едноставна реченица,
    која би ја остаила да трепка тука, за добро утро, за добар ден...

    „Од раѓање не учат како да ги сакаме и чувам другите,
    а никој , никогаш не не научи како да се сакаме и чуваме себе, а тоа е корен на сите психолошки состојби!“
     
    На buba4e89, Srcka $, winter flower и 6 други им се допаѓа ова.
  20. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    19.983
    Пол:
    Женски
    Јас сум од оние типови кои даваат се за пријателите. Па така и очекувам да ми се врати. На моменти се мислам дали времето е такво, каде се е од интерес.

    Среќна сум што имам неколку пријатели, кои знам дека се тука за мене, како и јас за нив. Ако имате некој кој во секое време, би дошол да Ви помогне, или едноставно да Ве сослуша, чувајте го.
     
    На buba4e89, winter flower, Sar-Ste и 8 други им се допаѓа ова.