Сакам да кажам, до сега го користев дечко ми за камерата, сега го користам брат ми. Битно да има од кај да мавам селфиња јас. Кај двата, од 100 слики, две се од нив, друго се е од мене. Нечоек.
Ами да се знаи коЈ е коЈ.. СКД колку ми се уххх она теткицине докторки,што дипломирале пред 30год. во времето на бивша Ју и од тогаш книга не отвориле ама не им треба нив се си знаат тие. 100пати паѓале на испити,ама дека ги немало многу докторки ај трч помини ги полагале. И сега овие тетки бабетински се полни со себе си и изживувањето на идните генерации дека на нивно време да дипломираш д-р ехеее фурни леб треба да пројадеш(милион врски активираш,молиш.плачеш). И полни се со себе си залижаните-фен фризури и смрдеата на трулеж кафе и цигара додека те труе во близина. Се разбирам ама доктор со цигара. Башка надуеност,предуеност,паунство.
Светот останувал на младите... Па наравно, коа старите ќе си умрат. It's the circle of life, ништо посебно... А и кога реално ќе размислиш, не останува светот на младите, туку младите на нему... Не сме до толку битни, да не речам небитни сме... Сама ќе се банирам, јеби га, треба да добијам, а изедов се по дома. Ајт.
Велат дека среќата е во малите нешта. Но,чудни сме ние луѓето,никако да се задоволиме со ситници,упорно и упорно трагаме кон нешто поголемо,и многупати несвесно сме ја испуштиле таа мала среќа,без притоа да сме свесни колку всушност била голема нашата среќа,оти научени сме биле само за нешто поголемо и поголемо. И после тоа сознание,таа среќа станува само мал спомен,а ние заглавени во лавиринтот на вечни трагачи по среќа....
Грешки се прават во животот,но таа грешка може да чини нечиј живот. И секој ден бевме/сме и ќе бидеме сведоци на убиства од нестручен кадар во Македонските клиники.
Отвораш во другата наука и се ежиш колку забегани работи има. И едни та исти јузери на сто места само по бајачи одат. Туризам човече, ехе по цела Македонија. Славе од Кравари... па самото како звучи се прашуваш да не е виц, не па човек што може да ти помогне. Свашта. И муабетот, маката ако те натера, или маката да не те натера, па е видиш. Добро е другари, у реду е, само вие со маки сте. Па после читаш се премислиле дека немало ќар од бајачки. Па после по некое време, пак бараат нова бајачка. Ова изгледа некоја зависност е, неам друго објаснување. Само вакви им требаат, што ќе ги молзат.
Што ви е гајле дали некој купил или не. Завидливост. Тоа е карактеристика што го отсликува секој човек. Или го имаш или го немаш,докажи. Во животот никому не се докажува,никому. Релакс малку.
''Господ ти дава онолку колку што можеш да издржиш'' Никогаш не ја сакав мислава.Неправедна е,утешувачки лицемерна. И како нешто да сакаше да ми ја покажува и на дело.
СДК многу на место кажано ова пред некој ден моето беше 120 а на другарката со вкус на карамела 150 ден. Метропола сме тоа е бар не искршивме дома ништо.
Потполно се согласувам.....Луѓе работат за дневница од 350 денари и да се опуштат да излезат на кафе, половина од неа треба да ја дадат....Абееее, ќотек за сите.