Сакамммм промена во животов! Ама... немам доволно храброст да се соочам со стравот. Сакам да можам да се спротиставам на се. . .
Највеќе вредат оние луѓе кои доаѓаат и кога не се повикани,остануваат и додека ги туркате од себе,ве гушкаат и кога не сте заслужиле.
СДК многу мразам кога некој се прави жртва,и во секоја можна ситуација гледа да изврти нешто во своја корист,а во штета на другите...
Не се честита роденден на умрени луѓе! Роденден е ден кога се додава година плус на дотогашните години од животот. Животот завршил за починатите, некои дочекале длабока старост и го проживеале, други за жал не. И со завршувањето на нивниот живот, престанува и славењето родендени а со тоа и самото честитање. Немам ништо против искажување на почит и сеќавање на изгубените личности. Не треба да ни текнува на нив само на нивниот датум на раѓање, туку почесто. Само ве молам, престанете со користење на зборовите: Среќен Роденден! Како може да биде среќен кога човекот веќе го нема?
Она кога разгледуваш (на месинџер) постари пораки, доаѓаш до некој со кого одамна веќе (со причина) не сте во близок контакт, и по грешка кликнуваш на (video) call...
And in just a moment everything is blurry, and the tears start to fall unexpectedly and all you can do is to lay on your bed.. and let the soul heal itself.
Секој не ти е пријател. Само затоа што се дружат со тебе и се смеат со тебе не значи дека ти се пријатели. Луѓето многу добро знаат да се преправаат додека имаат корист од тебе, потоа ги снемува. Вистинските проблеми ги разоткриваат лажните пријатели. Не вложувај напор да одржиш контакт со тие што никогаш први не ти се јавуваат и пишат, освен кога ним нешто ќе им притреба. Подобро сам отколку со лажни личности. Кога вратата ќе ти ја затворат, очите ќе ти се отворат.
Просто не можам да се изначудам до каде оди човечката омраза и завист. Имаат ли грам љубов и чувства во себе? Наместо со леб и вода, се хранат и појат со злоба и лицемерие. Им гнијат душите. Не наштетуваат толку на други, колку сами на себе. Дали се свесни за тоа? Жално!
Лелеее тој хорор ми е познат. И тоа со познаник што се имаме еднаш погодено во исто друштво. Не знам кој ѓаол ме натера да отворам и да видам кога бил активен на месинџер и стиснав call. Во 3 сабајле. Не бев пијана и не ми беше симпатија. Среќа не врати ништо, тотално ме изигнорира. И боље... или не.
http://pindzur.co/foto-sestrata-na-toshe-proeski-deneska-gi-rasplaka-site-so-svoite-zborovi/ А свеќиве?
@Someonespecial и @Matotheja а лајк т.е. срце на инстаграм? Пред некој ден гледам предлози на инстаграм (ги знаете оние кога одиш во search, па според луѓето кои ги следиш и слики на кои ставаш лајкови) и ми излезе слика од девојка која ја следат луѓе кои јас ги следам, и ги гледам сликите и по грешка и ставив лајк. Ми се лизна телефонот и ете беља. Веднаш одлајкував, не знам дали добила нотификација. Едит: не ја знам лично девојката, онака ми е позната само.
Остај, ја еднаш сакав да зумирам и стиснав два пати на слика, а тоа е лајк на Инстаграм. Бруки. ------ Сакам да кажам дека ми падна камен од срце. И згрешив на сакана особа. Се извинив и ми прости без збор.
Кратка хорор приказна. Си седиш и си скролаш набрзина низ рандом теми без да си највен, кога одеднаш ти излегуваат мислења на член/ови што ги игнорираш кога си најавен... Пострашно од ова амин.
Ова со погрешно ставени лајкови ме потсети на моментот кога си пречитував пораки со еден момак па по грешка ставив реакција на постаричка порака . Фб немаше таква опција а јас ја открив на најубав начин. Прво се изначудив што кликнав а кога ми упали ми идеше да пропаднам во земја. На мои години пораки да пречитуваш како средношколец. Кој знае овој колку се смеел
Одвај чекам успешно да заврши испитнава сесија, да можам да земам барем малку воздух и да ја разбистрам главата
Во Март на пазарот во УК - вагина хајлајтер! Комплет со серум, ексфолиатор и бјути мист, кои ќе и дадат на вашата вагина прекрасен дополнителен сјај. Правени толку деликатно, исто како кога би ги користеле за вашето лице. Сега не само што можете да светите горе, ами исто толку можете да светите и долЕ. Уште ако на оваа вест додадеме и дека името Мухамед станува едно од најактуелните машки имиња во моментот во Германија... останува да се запрашаме, за каде сме бе ЉуЃе?
А би можела да живеам само за да го љубам и само и само за да го гушкам. Би можела да живеам и само за да ја слушам мајка како заносно и гласно и возбудено објаснува одредена работа и да можам да ја прегрнувам бар еднаш дневно. За брат ми. Да можам да го карам, да му викам и да го учам. Па колку и да сум лута, пак да го изгушкам на крајот од денот зошто тој е мојата душа. За чаша вино со другарка ми. За највкусните чаши вино со неа. Единствена ми е. За ретките собиранки со братучетките и заедничкото кикотење и гледање стари албуми до рани утра. Би можела да живеам за сите што ги сакам и за сите што сум ги сакала и што ќе ги сакам. Би можела да живеам и само ако бар еден човек на светов е среќен поради мене. Само за еден или за сите, небитно. Моето ограничено време на светов е премногу бесценето за да губам гушка, чаша добро макар и евтино вино или ноќ со многу кикотење над стари албуми со личностите што највеќе ги сакам, за да барам некоја смисла за моето постоење. Зарем има нешто подраго и поисполнувачки од тоа најдлабоко да дишиш во миговите кои се единствени и без гаранција дека некогаш, некаде, пак ќе се случат?
Упорно се расфрлуваат со фразата колку се либерални и дека 21 век било. А,суеверието им вришти Вечерва со две другарки бевме на роденден кај друга другарка која патем живее со баба и,моите пуштија млеко и банани за баба и,оти е болна,ова како еден вид поздрав,дека се знаат долги години. И пред да стигнеме,овие двете ме прашуваат зошто носам банани и млеко,им кажав поздрав е од моите,и ми викаат"Аааа,вака не се носи на роденден кај млада личност да носиш нешто за стара личност"-па уште и ми велат:вака да дојдиш кај нас не те примаме...им викам јас,се правите толку модерни а глупост невидена истресивте. На славеничката на врата и ги дадов,и плус и кажав што ми рекоа овие двете и таа им рече дека нема врска Друга случка:За Велигден отидов кај една другарка која е омажена,но нема дечиња 3 години,и ептен се пази од сите и од се,мисли некој и прави нешто. И како што е редот и однесов јајце,леле нејќеше да го земи,ептен се навредив,го зеде и ме прави будала на очи,масата нејзина полна беше со јајца,но таа го излупи моето,и ми вели ќе го изедиме по пола(демек ако и имам нешто направено да ме снајде и мене,не само неа)
СДК зошто ние македонците патиме од комплекси, кога немаме се форсираме за другите да мислат оти имаме, ако имаме многу па ќе правиме се само да ги искомплексираме оние што немаат, и да се осетат јадно. Не живееме во реалноста, треба да уживаме во моментите и сами да си ја градиме среќата а не да се лечиме со комплекси и да се докажуваме... ЕЕЕЕ мојата чудесна земја.... бубаче и јас сум за, периодот ни ми се збори ни ми се слуша некој.