Најлошо е кога човек сам на себе си е непријател. Се повеќе сум исплашена,дека ептен си ставам кочници сама на себе,се повеќе се правам безвредна и си наметнувам непотребни стравови. Ај некој нека ме истепа
Чувството кога во петок имаш слободен ден од работа и сфаќаш дека можеш да уживаш во продолжениот викенд. Не морам никаде да брзам, надвор е сончево а кафето ми се погоди превкусно. Во рерната се пече пица Колку и да звучи како клише, денеска решив да им се радувам на (навидум) малите нешта.
Ах, да... Попатно да ја поздравам шалтерската работничка на продажното место на ЈСП кај Транспортен Центар... Милина од култура... На моето утринско добро утро ме пречека пештерска уста провицирана од изразено зевање во која можев да ги избројам коскените органи наречени заби јасно подредени на горната и долната вилична регија, ама не ми е предизвик да си ја малтретирам утробата Мизерната слика си го направи своето и се уште ми провејува низ аурата наместо да ми останеше во сеќавање задоволството од услугата. На следното видување ми преостанува само да се надевам со тие бисери неее...
Eднаш кажав дека почитувам луѓе кои имаат ентузијазам и интерес кон некоја област, и кажав и дека не ги разбирам тие кои пак немаат интерес за ниедна област. Но исто така, не ги разбирам тие што имаат интерес и знаење и истото го изнесуваат во секој факинг муабет, демек леле колку тие знаеле. Одговорете кога ќе ве праша некој нешто, разговарајте за тоа што повеќе ве интересира, ама бесмислено е секаков тип на разговор да го насочувате кон вашата област, и кога нема ниакква потреба за тоа. Или од рандом секојдневен муабет или прашање одма преоѓаат на нивната начитаност и знаење, без разлика дали некој сака да ги слуша, ама битно тие да си кажат. Ваквите навистина ми оставаат впечаток на самобендисани луѓе, како да велат еј слушај само колку знам, и тоа повеќе од тебе....
И сѐ уште не можам да ги разберам оние кои се замислуваат дека се центар на внимание, најпаметни, најфаци, нај ова нај она...сето тоа на сметка на некакви си успеси на родителите. Она кога е преочигледно дека немаш доволно знаење ама сепак популарноста на мама и тато ти даваат право да леташ високо. Прв пример ми е една колешка, која во секоја дадена прилика мора да се пофали како сѐ на готово си начекала, а ние другите сме ниво под неа бидејќи мора да се мачиме со учење и барање работа по дипломирањето. Кутри ние де... Сметам дека секој човек сам треба со свој труд и креативност да постигне и создаде нешто на коешто навистина ќе биде горд.
Ако најдеш таков, повикај ме и мене, и јас сум за ќотек! Цел ден ќе се борам со светот, ќе ја отворам секоја врата, сама ќе застанам пред сите без трошка страв, ама пред огледалото ништо тоа нема вредност... Нечии замерки, критики за мојата личност,за моето размислување толку ги просвоив што и сама да се погледнам во огледало изгледа како да ме погледнал најлошиот непријател
Мислам дека нема по несреќна личност од мене, признавам. Успеав на ниту едно поле да немам среќа. Со здравје сум добра, некој мали проблеми со забите, бев малце и настината. На поле семејство тешко.Постојано во последно време со мајка ми сме во маки, ни угасија струја, па средивме, не сакам да биде во лоша состојба, многу опадна во последно време а ја сакам. Финансиски катастрофа, 27 направив, немам сеуште кариера, немам факултет, немавме финансии.Барам работа слабо иде. Патување-срамота ли е да кажам дека немам море видено? Растев многу различно од моите врсници.Сите на море, ние дома со мајка ми леб немавме да јадеме.Ме правеа глупа, непрошетана и неизживеана. Пријателство-Немам другарки.Сите ме шуткаат.Неколку другарки се во врска, една мажена, една со дете и една тазе верена.Се немаат време, а меѓу себе се дружат.Тешко ми е. Љубов-кај и да е ќе заврши со овој начин на мислење. Сакам само оваа година да ја памтам по добро, ама уште во старт не беше баш.
Кога ми е било тешко пишував по нешто, можњв во денот по два три страни да напишев, а сега не дека не пишувам ама некако чине ми се што и да напишав безвредно ми е. Ептен пропаднав, психички сум измалтретирана.
Што сум си пишала во далечната 2016 година... Единствениот начин да бидеш психички силна личност е да го заклучиш срцето, отвориш очите и уклучиш мозокот. Во било каков друг случај, ќе страдаш. Треба да научиш кога треба да си ладнокрвно ѓубре, бидејќи само таквите глава не ги боли. Оклопот околу тебе и никој и ништо не те допира, љубовта што сама ќе си ја создадеш за себеси е битна, мирот што ќе си го создадеш во мислите е побитен. Допуштањето на други личности во твојот живот треба да биде претпазливо, не знаеш каква цел имаат, некој само доаѓаат, ти рушат мирот, ти кршат срцето и те оставаат сам да се составуваш, по стоти пат. Згрешиле моите што ме учеа да бидам со сите добра и фина, на крај бев се' освен добро. Имало многу токсични луѓе, ќе си правам дезинфекција на душава... Ех, добро е што од тогаш до сега има разлика.
Имаме два типа дефиниција за успех во нашето секојдневие, според мене.... Едни кои бес страв, го следеле својот сон, отварале врати, го ширеле кругот на познаници, се научиле да се искрени, дрски и директни за да стигнат таму кај што наумиле.. И штом стигнат се истите оние души кои се бореле како лавови и се секогаш подготвени да пружат рака некому... Другите се оние кои само молкум се смешкале, кои бирале кому се смешкаат, со кого да „се поблиски“ зависно од неговата моментална пизиција и моќ, кои лицемерието си го вткаиле во својата ДНК, кои чекаат нечиј туѓ сон, нечиј поклон, нечија туѓа рака да им отвори некои врати, кои се тропаат по гради дека „успеале“, кои немаат емоции, немаат волја да ти подадат рака, немаат начин да те мотивираат и заштитат и кои кога стигнат на некоја позиција се „презафатени“ и цврсто опкружени со своите истомисленици, со оние со кои истото лицемерие го споделиле за да добијат одредена моќ и власт... Штета што понекогаш згрешавам во проценките и некои од втората група за миг ги ставам во првата, ама среќа истите се толку проѕирни што веднаш ми помагаат да се корегирам и да не дозволам нивниот систем на „работа“ да ме обесхрабри во мојот сон.....
Sakam da kazham deka mi treba odmor. Ne deka sum skapnal od nekoja rabota tuku odmor na dushata mi treba. Glavata nekako shashma mi e,sam ne znam od shto. Mi treba odmor nekade na strana od doma,barem na dva dena,nekade kade bi bil iskluchen od se,pa i vo shumska kolipka da bide.
Дека сакам некои ствари да се променат преку ноќ.Ама баш. Колку повеќе сакам, толку повеќе се бањам во очај... И се' би дала за едно убаво време, на море... И да лежам на некој плутајучи објект, а да не ми висат делови од телото, за нешто да не ги одгризе и....мир.
СДК точно е дека еднаш си дете,и дека децата се најчисти и најневини суштества,и сето тоа е океј и звучи премногу розово. Но,во реалноста постојат толку многу невоспитани деца,и не се тие виновни,ами родителите што им дозволуваат се и сешто,со изговор дека биле деца,и дека кога ќе пораснеле се воспитувале,не сега дури се мали Молам?! А сте ја слушнале онаа поговорката"теле се учи,не вол"?? За да изградиш едно дете во здрава и нормална личност не треба само да го сакаш,да го гушкаш и се да му дозволуваш. Ехе,какви примери имам,ама ајде да не настане ко неодамна големата со онаа делба на мајки и немајки Точно е,не сум мајка,но некои работи слеп да е човек ќе ги прогледа.
Бог не го создар гревот, туку ние, кога сме се обидувале да го релативизираме она што е апсолутно. Веќе не сме ја гледале целината, туку само деловите, а тие делови се полни со вина, правила, со добри што се борат против лошите, и сте мислат дека имаат право.
Фантазија е кога сонцето преку прозорот свети на твојот кревет, а ти лежиш, со летно музиче на слушалки, замижана, а ги осеќаш сончевите зраци на лицето, па си правиш филм како си сега на плажа, со нескафе или освежувачки коктел, како брановите маваат во песокот, како ветрот нежно дува, како цела кожа ти е со морска сол, како вдишуваш морски чист воздух... А сепак е само јануари...