Баш ми е мило што сум толку години на форумов. Денес ми е годишнина. Иако ме немаше подолго време со пишување, читав редовно и се смеев на убавите работи кои ми го продолжуваа животот. Подобра сум, поискусна и спремна за нови предизвици секој ден. Чекам пролет, лето. Понасмеани и повесели луѓенца. Ти благодарам фемина на можноста за "водење" некој вид на дневник и за "пукање" и искажување на своите емоции, проблеми и убави нешта потпомогнат од многу бројните феминки и феминци. Да живее фемина! За многу години.
СКД Нема да можеш никогаш да бидеш моја потреба и колку да ме мразиш ќе биде залудно, понекогаш љубовта е совршено циничен убиец толку потребен лажен одговор ...Архангел-Превез.
Пред неколку минути ми стигна информација на мејл дека во понеделник полагам испит за предмет кој треба да се подготвува минимум 5-6 дена. Претходно беше напоменато дека испитот ќе биде закажан во текот на идните две недели, но не беше познато точно кога. Поради сите други испити кои ги имав во изминатиот период не успеав да учам за овој испит. Притоа ниту еден професор не се ни обидува да си го усогласи терминот за испит за неговиот предмет со термините за останатите испити. До кога вака ќе се студира? До кога вака ќе функционира образованието? Дали е ова човечки, на ваков начин да се однесуваш со некој само затоа што имаш повеќе моќ и можност за злоупотреба на таа моќ? Ах Македонијо, како ја држиш оваа тежина од мизерен народ..
Со 2 000 амандмани се учи постапка за создавање на атомска бомба. Овие со 35 000 .. It's not about quantity morons .. -.- Одам да си учам како се праи бомба помалку има
“Ти благодарам што постоиш” е најдобриот комплимент што може да се добие. Самото твое постоење прави некој среќен. Твоето присуство радува некого. Да ми кажеше некој пред неколку години кои луѓе ќе ми се најблиски денес, немаше да мислам дека е можно. Ама, пријателства се раѓаат и под чудни околности. А други згаснуваат и не чувствувам никаква празнина за нив, како што мислев.
Ако може да престанат да ми се свиѓаат емоционално недостапни лигуши, со кои седиме со саати и слушаме музика, пиеме Џек НА НЕГОВА ПОКАНА, и коа ќе го фатам као зјапа у мене, ко пи*ка врти поглед! И ако може коа пијана скролам надоле на мобилниот лежејки, да не се осеќам ко да пропаѓам у земја! А, да и а ако може да не пишувам пијана на форумов у 4 саат сабајле, that would be great! Gosh, овцо една мазохистичка, ништо ли не научи у задњиве години! Фмп.
СКД јануари и ноември ми се нај за никаде месеци во годината. Ладни и никакви. Ноември некако е рано за празничните пријатни спомени. Јануари се тоа веќе е завршено. Плус тешка несоница ме дрма цел јануари. Некако сакам да си останувам насамо во ситните саати. Пубаво и помирно и поазборавно дека трае се уштемесец јануари.
Kakva svetla nok. A kakva ladna nok. Pred vratata mi dojde edno gladno elence. Mnogu mi padna zal, bara hrana vo snegot ama dobro e mu tekna da si kasne od drvoto. Slikava e napravena vo 1 po polnok. Toa se mojte priateli od sumata pozadi mene. Inace ova e deteto, majkata go ceka podole.
Сакам да кажам дека сум лута. Лута сум за работа за која во моментот ако слушнеше дечко ми - ќе изреагираше бурно. Лута сум сум на другар зошто ми стапна на нерв. Лута сум на себе зошто немав веќе сила во мене да се спротиставам, да се инатам. Очите ми се затвораа. И се налутив за една работа, од три потенцијални. Сакам да кажам дека подобро е да имаш покрај себе избувлив човек него злопамтило. Јас сум второто.
Сдк овоа мајкиве го преплавија форумов со муабетите и темите за пелените и гомцата на бебињата. 90% трудници. Јesus.
Те будам и гледаш в срце ме немаш сонот го скршив со шамар го земав се прашуваш сега со јарост и тага дали сум стварност или сум лага.-Заумна сила-Архангел. Сеништа,сенки од минатото,спомени неспомнати шетаат навечер во мракот на овој пост новогодишен период. Пост новогодишна депресија? Напад на суровата реалност во мракот,мирот,самотијата-сама со себе си,не осаменост,самотијата сам да си ги преиспитуваш постапките,да правиш реконструкција на местата на злосторот,на местата каде психата ти била максимално втерана во ќош,брутално силувана за да насилно ја претворат во тоа што не е. И денот е сосем нова приказна. Сите со својот Сизифов камен но со лажна насмевка,со лажни слики на ФБ,инста,со измонтирани коментари на совршенство или провокација на форум. Живот. Што можеш освен да го тегнеш така и влечеш,растегнуваш се повеќе и повеќе.
Блиски и подалечни луѓе што ми доаѓаат дома за да видат како ми е уредено и колку ми е чисто и после и во лице и позади грб да ме зборат, ама ич не ми требаат, дома нека си седат.
Кога ќе видам во некои теми како културно демек подзаскриено со фино склопени реченици си се вреѓате се чудам на тоа какви бедни луѓе има... Демек така ви е на вас жал за другите... просто сте фрапирани од тоа каков живот имаат другите леле страшно вие од друга планета доаѓате.... да ми простите на речникот : сероњи. Џабе ви е богатство, џабе ви се титули кога луѓе не сте
Не знам зашто, ама обично оние луѓе што знаат најдобро да ме расположат и насмеат до солзи, најчесто се истите оние што за себе самокритично си велат дека наводно имале лоша смисла за хумор...