Никогаш не замижувајте пред неправдата. Кога има неправда дигам галама макар се да испревртам. Неправдата е најголемото човечко зло.
Понекогаш си викам како бе не му текнува да каже нешто понежно, да асоцира на љубов... Ама после си мавам шамар си викам топ е вака, кои нежности кои бакрачи, ќе се испозаљубиш, ќе летнеш, ќе си оди, ќе цвичиш. Топ е вака. И така. Си се сакаме другарски уствари автопатски по ново. И пак топ ни е.
Многу среќи на светов за бутање в торба, многу денови за зграпчување, многу врвови за освојување. Многу допири за копнеење. Многу зборови за зборување, божури за мирисање, зори за зазорување. А ние секогаш почнуваме од утре... Од утре ќе планираме, сонуваме, работиме. Утре ќе почнеме диета и ќе одиме на курс по јапонски. Од утре ќе броиме нови соѕвездија, од утре ќе освојуваме нови срца или светови, на утре ќе остаиме се од денес, за задутре за го оставиме на следното утре... и по утре - утре! Од утре ќе мислиме. Еден ден, утре ќе биде веќе доцна. Еден ден, тоа утре ќе не убие.
Денес внук ми (3год ) ми го разубави денот. Си играше и се врти кон мене и ми вели: Тето те сакам! Тоа беа најубавите зборови што можев да ги чујам. Ми ја стоплиа душата. И како да не го сакам најмногу на свет?
Педесет нијанси ослободени - прво прикажување на 8 февруари во Cineplexx. Билетите распродадени ко ова да е единствена прилика, некој ке помисли дека веќе никогаш да се прикажува. Сад или никад! Ја реков сад и купив карта, што е битно кој ред је? Многу ме интересира што ке видат оние што купиле карти за втор ред а кино-салата има 15 редови?
Македонциве од дијаспора се божемепрости. Со сиот респект за оние, нормалните што си бркаат работа и знаат дека со менување профилна фотографија со знаме не се патриоти, напротив. Ние сме една луда, уназадена и утепана нација. Многу ми е жал што оптимизмот ми се задржува на ретки, одбрани луѓе, другото е жалосна прикаска. А јас од седум сабајле си праам реминесценции на животот и како на 16 години го импресионирав авангардниот крем во културен центар Точка, имајќи слем настап со една љубовна песна на знаковен јазик. Во први редови беа тогаш младите Роберт, Искра, Зоја. И беше гордост и радост да се биде дел од такво нешто. Добив трето место, купче книги, кило киви и маица со Маргина 10ката. Знам дека ги јадевме кивите со тогашниот дечко, седнати на бетонските терасички во парк. Лудост, младост, непостојаност. А сега, рибам чаши и замислено си го галам стомакот. Немам поим што следно доаѓа. Ама зарем може некој да ја предвиди иднината? Може и само таков ми е денот. Одам на предавања набрзо. Со отворени очи и срце, ако ништо друго, децата имаат поинакви антени за емисија на енергија.
Не мoжaм дa верувaм нa луѓе кoи и нa пoзнaти и нa непoзнaти целo време им се oбрaќaaт сo душo/срцкa/мaче/лепoтице. Мoжеби сум грешкa, aмa oвa oдсекoгaш ми делувaлo ептен фејк.
Не ме ни чуди што има толку несреќи и страдања меѓу народов... Со овој памет, малку ни е се. Жално...
Дете родено '97ма година, веќе има 3 годишна ќерка и развод позади себе...Сега е женет за втора жена и го очекува второто дете...А јас? Јас уште се лутам кога мајка ми ќе ми рече дека нема грицки дома, туку да земам јаболко.
Здраво. Од дамна не сум дошла на фемина и можеби и затоа и не си ја знаев лозинката па морав да си направам нов профил. Јас сум истата Перлаа од пред неколку години што висеше ден и ноќ на фемина. Епа добро ве најдов повторно
Драги мои, будна сум од 5 сабајле. Имам спиено 4 саати и не осеќам умор ама ич. Да не сум кркнала нешто, а да не знам? ----- Исто и јас. И не можам да разберам како по една недела или помалку, му кажуваш на човек дека го сакаш. Како? Не сум ладнокрвна кучка, али не можам да му кажам на некој дека го сакам ако го познавам под месец.
Место да ми го олеснат животот, технологииве прават од мене најголема ретарда на цел свет. Значи, по милионити пат, место да скролнам, кликам емотикон на нечиј коментар. Овој пат, не било каков, туку „haha“ на нечија обсежна, паметна анализа по фејсбукот. И личноста не е ни било која де. И немаше ни да приметам, ако во исто време - несасајќи, не стиснев continue reading. Гаддем.
Само еднаш изгубеното здравје и еднаш изгубената чест не се враќаат назад во првобитна состојба. Чувајте се..