Зошто, зошто ставаат слики од исфрланите гениталии на децата на интернет? Дали вам нешто кога ќе ви излезе си ја сликате Цаци и си ја ставате на фејсбук да прашате што е проблемот или одите на доктор? Ако вие не го правите тоа со кој памет би го правеле на децата? Што е претерано, е претерано.
Во животов имам прочитано една или две книги за самопомош, малку од радозналост поради толку многу позитивни коментари и пофалби на интернет, малку и од љубопитност да видам каков ефект ќе има врз мене. Јас и моиве експерименти...Овој не беше толку успешен. Едната беше познатата Тајна од Ронда Б., а другата не се сеќавам баш. Едно нешто што сфатив после тоа е дека, барем мене, ми делува на расположение само краток период, додека читам, ништо долготрајно и толку неверојатно за од корен да ме смени во два дена. Понекогаш дава чувство како да мора по секоја цена во истиот момент од петни жили да се трудам да имам позитивни мисли и сѐ ќе си дојде на свое место.Позитива, позитива, позитива. Ништо друго. Но, во реалноста не е така. Сепак, мило ми е ако таквите книги на некои луѓе навистина им помогнале, ако после тоа се чувствувале подобро. Едноставно нема ист ефект врз сите луѓе. Факт е дека животот не се состои 100% од среќа и позитивни моменти. Факт е дека постојат и емоции како гнев, тага, чувство на беспомошност, разочарување и слично. Не може човек толку лесно да смени нешто на коешто е навикнат, ако подолго време се чувствува лошо. И не секогаш можеме да ги контролираме сите околности и фактори што ни влијаат. Секој се чувствува така, некој помалку, некој повеќе. Со психичката благосостојба нема играчка, едноставно преку ноќ не можеш да смениш некои работи. Реално, треба време човек да размисли, да најде нови начини за да го подигне расположението, постепено да почне да го оттргнува вниманието од негативното и одново да пронајде мотивација да продолжи напред, на свој начин и онака како што знае и умее. Буквално почнуваш од почеток, а стартот не е толку лесен. ,,Е од денес ќе биде вака.“ Колку многу пати сме го рекле и слушнале ова... Сега можеби и јас ќе звучам како луѓето што ги пишуваат горенаведените книги, но ете, би сакала да го кажам ова од лично искуство: Не се форсирајте себеси. Колку повеќе притисок си додавате, толку потешко станува. Дајте си време. Без разлика колку е потребно. Не сме сите исти.
Пошо за на доктор треба да се мрдне од пред компјутер или телефон Шо ќе го носам на доктор, ќе се најде некоја Стојна од Ракотинци шо знае лек од прабаба и'
Сдк, за некои луѓе ич не ми е чудно што се сами. Пошто не се гледаат себе, другите не знаат, не чинат. Кога сопствените маани ги маскираш со "добродушност" не можеш да очекуваш некој нормален, онаков со доблести и маани да сака да биде со тебе. Можеш да бараш некој спроти себе, таков, маскиран, ама не можеш да бараш нешто што ти не можеш да го понудиш. Затоа за сите оние кои мислат дека жените/мажите се вакви или онакви... погледнете се во огледало. И ќе видите зошто сте сами, а не сакате сами да бидете. Мене сосема ми е океј што не сум совршена. Што не сум "добродушна" ниту питома. Што верувам во дела на добрина, а не зборови за добрина. И што мојот партнер не е совршен. Не сме скромни и не сме питоми. Грабаме од животот, колку можеме. Нашите начини можеби се нејасни секому, но сепак ние сме нашле начин и да сме заедно и да живееме. А вие, сепак, погледнете се во огледало. Да не случајно е проблемот кај вас.
Македонски синдром: немаш работа зошто не е сезона (што не значи дека секогаш не е сезона нормално) и со тоа не е твоја вина ама сепак, мора колегата кој има работа да ти дофрли преку некоја „хехехе“-досетка дека ти „ништо не правиш и тој ја вади платата и за тебе“.
Ма не, не навлегувам во жанр-от, тоа отвара други прашања, ме интересира дали навистина е битно да ја гледаат премиерата? Во сала со 15 реда, првите 5 реда се тотално непрегледни. Ако веќе одиш во кино, почекај некој ден па купи карта барем во средина...
Мене ми се имa слученo нa прв дејт, првo дружење вo живo дa ми кaже декa ,,ме сaкa''. Ми дoјде еднa смејa aмa се вoздржaв зa дa не јa упрoпaстaм рoмaнтикaтa..
Еве и ја да кажам утре правам битен преглед за со сигурност да се каже дали сум бремена или не...јас се надевам дека не сум...не ни сакам да бидам во овој момент...и ако испадне негативен...(а ке испадне) ке си ветам самата на себе дека вакви тинејџерски грешки више никогаш нема да направам и да се доведам во ваква ситуација да се мислам што како и да се тресам...со лесно нека е само
Штракање пораки на мобилен и возење автомобил не одат заедно. Бизнисот да не пропадне ако не го користиш барем додека управуваш моторно возило. Јас да сум како ваквите плазма телевизор ќе ставам во кола Од кај хладњакот едно туш црево за туширање кога ќе фати шпицот по булевари
Ми требаат повеќе вечери во животот како оваа сега што беше. Со среќа, со смеа. Насмеани лица, сјај во очите. Сите бевме среќни и се смеевме од срце. Знаете она чувство кога сте среќни, луѓето со вас се исто така среќни и се чини како цел свет така да се чувствува, како да не постои тага некое време. Ми требаат повеќе вакви моменти во животот. Моменти на смеење додека не те заболи стомак, кога грижите се стопирани и кога ништо не е важно освен тоа што се случува тогаш.
Ај беее!!! Уште ова ми фалеше пред спиење! Некој направил профил на ФБ на покоен дедо на сопругот. Кога видов "на ...... ...... му се допаѓа фотографија на која сте означени и коментар " на здравје" ... Уште па и слика негова.
Леле... сериозно? Се пресмеав... Од тој тип ми се случи еднаш почината особа да ми се најави на вајбер. Го дале нормално бројот по некое време пак во промет, ама беше многу језиво и смешно.
Коса ми се крена.... Едвај чекам да стане утре мојов да му кажам да не изреагира бетер од мене. Мене не ми е смешно Еднаш ми се случи ваква бизарна работа. Бев на покоен дедо од Србија да запалам свеќа, а баба ми не кажала, си направила гроб со слика нејзина до неговиот (се спремала ваљда, еве ја пупу уште е жива 10год од тогаш), гледам во сликата, гледа во неа. Така едно 10пати, ми се сврте. Го фатив под рака татко ми дали убаво гледам... Језиво, да те помести од ум. Ми иде сега ФБ да избришам.
Ааа и бабите мои се со ваква спрема. Со се година на раѓање и празно место само да се доклеса. На еден помен сестрата на баба ми кога почна попот да пее, ужалена потрча да си ја покрие сестра и со јакната, па се засопна, ќе се утепаше на тоа мермерот, бетер беља.
Ееее што зборите, кај нас, а сигурно и кај Србите, споменик се прави на едно. Се пишува се', слика се мести/ гравира/ клеса, само последните две места се празни. Имаше едно време слика, пишано 19, па прешкртано, подолу напишано 2000 (2001 - така нешто). Пресмешно ми беше кога видов.
Она кога во 4 сабајле читаш порака за грозење од материјалноста во луѓето од личност што се закачи на три проекти и државна работа после Шарена револуција. И све тоа било спакувано у завист...наводно. Сва среќа што прееска не ми работел вајберот зошто сега се сакупив да не го лупнам од ѕид од преслатката иронија која ми беше понудена во тие неколку реда прокакување. Не одговарам. Ќе си легнам. Некои луѓе стварно треба да се помират дека се обични и плус обични конформисти. Тотално подпросечни, ни просечни отпушоци кои имаат само доволно воља и желба да се експонираат. И уште ти вели - фалело свест. Да, тебе ти фали свест... се согласувам. Одамна реков дека луѓе без знаење од право и економија треба да се земаат со резерва околу политички ставови. Добра ноќ... Виетнам. Ми фали чистината на мојата генерација. Која почна со креативна мисла, идеја и љубов. И после им текна дека сакаат да бидат обични и деца да праат, па тука сфатија дека деца не живеат од воздух, и стан на кредит да си купат, и да живеат како да не треба другите да живеат и ајсвеупичкематерине си ги продадоа гзовите. Можеш да ги обвиниш? Никако, нормално е, ама не е нормално да те убедуваат дека се нешто сосема друго, бесконечно сочувствително и фер, неконформистичко, кое живее во идеали... а сака да смени име на држава и да има двојазичност. Имам чувство дека секој ваков отпадок кога тогаш ќе го почуствува стапот на својот грб. Не му посакувам, но само чувствувам. Мора сето тоа да се избалансира, не е чесно и фер заслужено. Да потсетиме - сите имаме шупаци, ама некои од нас сакаат да си ги чуваат само за себе, достоинствено илити, секој може ко вас со достоинство купено од Алиекспрес. Гад дем ит.
Навистина застрашувачки е сознанието дека не знаеме што во иднина не чека и што ќе биде, но не толку колку сознанието кога знаеме што во иднина никогаш повеќе нема да биде!
И дедо ми си има изгравирано на гробот на баба ми, и слика закачено и све. Три имиња се на тој гроб, па попот никогаш не утнува и него да го испее Тој како казнет за се...живее. Не знам кој го фали народов дека е вреден, ама толку е мрзлив сам не е свесен. Да се прогура денот, да се испие колку можно повеќе кафе, повеќе муабет, трач, кафана...баш како од рекламите. Ништо чудно што сме таму кај што сме. Први во гурање нос во туѓата работа. Мразам да пишувам пораки. Мислам, да се допишувам на вајбер, месенџер ватевр. Ако имаш да ми кажеш нешто повеќе од две реченици, заѕвони бре човек. Немам воопшто трпение за такви ствари. И некои разговори не се водат на пишано. Кога слушам луѓе како преферираат да се вратат старите времиња, сакам да ви кажам, можете да го имате тоа. Ние некако тешко мрдаме напред, за назад е лесно. Слободно преселете се во планинските села, купете си овци, плетете си облека, садете си бавчи... на рака ви е. И се отежнувачки што иде со тоа. Деновиве ми е особено тешко, сакам да ги преспијам, и да помине.