СДК....Зошто на сите во кодот ни е врежано: - Бегај, тој будала е.. - Не му враќај, поќути си.. - Немај работа со него ненормален е.. - Подалеку од ,,такви,,.... - Дај му предност, нели гледаш лудак е... - Оди му по ќеф, кусурџија е.. - Купи и го ова, загледува... - Дај и го, да не плаче.. - Премолчи си за атер за пријателството - Немој да и го речеш она, ќе се наљути, кој ќе ја слуша.. ... ... И јас на сите ќе им угодувам цел живот? Па и мојот пола помина ! Ако се будали тие, не сум и јас !!?! Од денес ќе се потрудам да бидам збирштина од сите горе наведени негативци, поубаво ќе си поминувам во животот. Секаде место ќе ми прават, секаде прва ќе бидам, сите ќе ми ќутат...
Една пријателка денес ме праша: „добро зошто не знаеш да примаш комплименти?... ајде ете си алергична на мажи...ама од нас...зошто на нашите ти очи превртуваш...“ А јас... јас кога и да треба да си се пофалам себе, кога и да треба да си се потапкам по рамото за „браво“ кога и да треба да го видам сјајот во туѓите очи разбуден од мојот успех се јавувам кај својот неуспех...ви се верува ли????? Ете тогаш кога знам дека чекорам таму каде што тој со мислата да стигне не може, јас му се јавувам... да ми се потсмева...да ми повторува колку не ме сакал... да ме потсети дека јас вредна за внимание, за грижа, за повик , за комплимент не сум... ете тоа го правам јас во миговите кога треба да сум горда на себе... не си дозволувам...не уживам... туку му давам прилика да ме убеди дека не сум добра за ништо... за да се тркам со себеси и да стигнам подалеку од ова сега....
Сакам да кажам дека некогаш мразам кога имам право. Мразам кога имам право за глупи претпоставки од кои немам корист, само лошо.
Кај нас двајца живи си имаат гроб со плоча купено... Врвиш покрај гроб ги гледаш, и по половина час ги гледаш в град шетаат
СДК Се додека постои пица за јадење и добра музика за слушање, се додека можам да ги гледам истите епиозоди од „Пријатели“ и да се смеам на нив по 100000000000 пат, животот и не е толку лош. Cheers и на тоа што си ги задржав моите 50 кг и покрај сите изедени
Кога ќе ми текне порано какви учители, наставници и професори ми предавале, ми се превртува стомакот. Не може човек да работи во образование, ако: 1. Секој понеделник си ги крати ноктите на час, а дежурниот ученик треба да ги собере расфрлените нокти со палома и да ги фрли во канта. 2. Предава лекција на табла и 50 пати несвесни преку пантолони си го поместува половиот орган де лево, де десно. 3. И даваш за 8 Март поклон, а таа вика дека не и се свиѓа па бара сметка за да ги го смени. 4. Читаш МАМА наместо МИМИ, ти иде и ти ја акнува главата од клупа (претежно на машки ученици). 5. Ти кажува дека е нервозен и дека ќе те исфрли низ прозор. 6. На покрупните деца им се дере да не јадат, да трчаат и да ослабат. 7. Те вика насамо во кабинет, ти шепка на уво за да и платиш ако сакаш да имаш пролазна оценка. 8. Ако родителите ти се побогати седиш напред, а колку си поназад толку си помизерен. 9. Носи тетркати и пенкала од сопствената продавница, и ти како нејзин ученик, мора да купиш. 10. Во депресија е со години, не предава лекции туку си игра игри на телефон. Овие случки се само дел од разни луѓе што работат по школите...И мажи, и жени. Вака како што гледам, изгледа родителите толку не се замарале каде учиме...Како за сите деца, така и за тебе, земај го ранецот и шибај во школо да собираш нокти од учителката.
Колку е трагикомично и мизерно кога личност нема никакво познавање, ниту пак свој став за она за што се зборува во некоја прилика – ама сепак мора да се вмеша согласувајќи се и бодрејќи го контрањето (што подрско, тоа повеќе) кон човек што лично и конкретно не му е по ќеф... Жими сѐ, со дечиња кои неодамна поасално го научиле мајчиниот јазик можеш неспоредливо подобро да се разбереш отколку со многу „возрасни“ особи...
Јануари е во својот зенит за оваа година. Ме преплавува топлината на сончевите зраци, но признавам дека ми годи да си ја погледнам сенката во чекорите. Денот расте и со право си дава на значење, за разлика од луѓето кои сами си се прогласуваат за итни и битни. Не сум од оние што ги форсираат и брзаат работите. На времето се уште трпеливо му давам време и истрајно знам дека има свое време.Потсвесно си признавам дека се уморив од летаргија и ми се брза. Знам дека сум таму каде што треба да бидам, а соништата ќе почнат да живеат кога ќе достигнат зрелост. Големите нешта го прават животот, а малите се препознаваат во задоволствата. Ме радуваат моментите кога избирам подароци на кои на благодарноста и парира широка насмевка, ама денес јас бев цел на изборот. Денов не можеше да биде посветол и поубав. Ме изненади подарокот наречен детска искреност обвиткан со зборовите Среќна сум што те имам. Го прикачив во себе и таму нека остане. Доста е изненадување. Месецов може да заврши...
Неможам. Неможам да прифатам луѓе кои упатуваат клетви кон било кого. Без разлика од кои причини. Нема оправдување. Ако му дава душата некому да му посака болест,смрт,значи кадарен е и се да направи за да го снајде,без око да му трепне.
Сакам да кажам, листајќи ја темата за ноктите и лаковите, сфатив дека имам многу мала рака. Доналд Трамп рака.
Moжеш одма да бираш кај сакаш да седиш. Баш кога не се распродадени имаш избор. Кога се при крај се знае што останува. Вочинг софт порн во први редови.
Ја само сакам да кажам дека од коа дојдов у Дојчландија, престанав муштериите пациенти да си ги викам, и престанав и да мразам луѓе. А и тој некој пациент шо ќе ми се прошуња, најчесто е Балканец. Сеа уште ми останува да дознаам дали мразам уствари само Македонци, или све што е Балканец...
Знам, црна картичка имам од cineplexx. Тоа сакав да прашам, зошто не почекаат до наредно прикажување, од првите редови ништо не се гледа.
Ова е психопатско и загрижувачки, воопшто не е смешно, ајде бројот операторите пак го ставиле во оптек, ама ова некој со намера го има направено. А, се мислам дека на некој од вашите роднини е тој профил.
Сакам да кажам... Долго се немаме видено,слушнато.. А би сакала да ти кажам дека се гордеам со твојот успех,целиот труд и мака ти се исплатеше. Ја имаш твојата професија од соништата. Ти ја посакувам целата среќа на светов,најдобра другарке.