СДК не се нервирајте во животот за работи кои неможат да се сменат. Тоа е што е, идеме даље и без нервози. Стресот само лошо може да донесе. Дечки, сакајте се уживајте во животот и дишете со полни гради!
Доказ дека светов оди во погрешен правец е бројот на деца на celebrity meet up настанот во Сити мол за некои си Раста и Ана
Сакам да кажам дека денеска ја најдов мојата двојничка...на рамка за сликаво џамбо. На сите што им ја пратив сликата ги избунив. Дури и мајка ми не ми поверува дека не сум јас. Ме прашувше зошто не ја знае сликата и не се сеќава на другото девојче од сликата.
Понекогаш убавите работи ги прерипуваме иако ни се пред нос, наместо да им се радуваме бидејќи стално ја подготвуваме душата само за оние лошите. А бе уживај во животот, прерипај го лошиот момент со еленски скок
Ај со роговите ете понуди решение ама со немањето капацитет да се скока што праиме? Иако како тргна месецов со скокање од згради,па во Вардар за крстот,па за љубовни проблеми....не знам крајот кај ни е.
Сакам да кажам кога без причина очекувам нешто е лошо, ама е доста полошо кога знам каков ден следува. Стомакот ми се превртува. Ама после денес идат подобри денови. Сакам да кажам (2) врвам истовремено низ еден од полошите ПМС. Ми се нема до сега случено да плачам зошто црнката од моливот се скрши. Ова ... Се случи.
Денес видов неколку девојчиња не поголеми од 15 години, одеа накај школо. Сите беа со темно бордо и црвени кармини, толку многу пудра и шминка на лицето, вештачки нокти и штикли. Зошто? Зошто не уживаат во детството, зошто нема кој да ги поучи и да им каже дека не треба пред време да се прават како да имаат повеќе од 30 години. Зошто и професорите го дозволуваат тоа?
Не знам ова колку е вистина, ама со оглед на тоа дека има вакви работи во МаЧедонија 90% сум сигурен дека е вистина. Дефинициите за маШиШта, служење војска, „ќотекот излегол од рајот“ и.т.н. се опфатени во оваа статија: ЈА СПАСИЈА ОД ДАВЕЊЕ ВО ВАРДАР, ПА ЈА ТЕПАА https://sdk.mk/index.php/makedonija/ja-spasija-od-davene-vo-vardar-pa-ja-tepaa/
Па како може она од своја рака да умре?!?! Она сама ќе си раководи со живото?! А, не! Они ќе ја спасат и после до смрт ќе ја изнатепаат, да се знае од чија рака може да се умре!
^me don't like it,. И моја колешка многу ми мирисаше. Ми се гадеше. Не елка да и залепам. Мене ми идеше елки обетки да си ставам и да мафтам со глава лево десно,горе доле,ко со кандилце да чадам де. А отпосле разбрав пред да излезе кон работа бебуш ја повратил со млекце. Знаете како мириса засирено бебешко млекце на кошула па чистено со средство. Ама,ама,ама добро што разбрав ок која причина мириса,инаку ќе огрешев душа кон неа и со збор,ај со мисли што огрешив се покајав па се надевам ми се прифаќа каење на грев. Зошто децава се спешл снегулки синдромиззирани(има тема таква нешто) и ако писне нешто професорот за лајфстајлот на ученик/чка тешко него од мама и тато на снегулкава. Модерни времиња се ова.
Многу ме нервира кога некој непотребно паничи за секакви глупости. Сакам да сум ептен смирена кога работам било што и непотребни стресови и нервози прават и јас да сум под стрес, а не сакам така. Chill, што и да се случи, утре е нов ден.
Кога во еден прилично покакан ден координаторот на твоите размени и специјализации за време на ручекот ти соопшти дека се жени (иако има поприлично години) и дека покрај тие години се заљубил, и храбро и рекол на тогашната парнерка: „Оваа не е авантура... ова не поминува... оваа е водух....“ ви се враќа верата во љубовта... во луѓето... во тоа дека среќата сепак чека зад аголот... За жал тоа нашите Балканчиња, да не речам мажиња никад нема да го речат за жена.... штета за нивниот филм во кој мислат дека се неодоливи, најдобри и неповторливи еб....