Годинава ја почнав со доза на разочарување во луѓето. Кога ти треба некој, никаде го нема. Деновиве се покажа дека сеуште постојат фер луѓе. Ретки се ама постојат. И чест ми е што познавам неколку такви.
Ајде да си го анализирам првиот месец во 2018. Како за почеток на новата година не е лошо, дури и подобро од тоа што се надевав. Има денови 10.01., 22.01., 31.01 што ми го уништија јануари и не сакам никогаш да се повторат, но затоа сакам како 01.01., 02.01., 06.01., 18.01. и 27.01. да има вакви денови и во наредните месеци во 2018 па и понатаму. Иако некои чекаа што побрзо да заврши „најдолгиот“ месец, јас си го сакам јануари како месец на празниците, кога има позитивна празнична атмосфера. Сакам наредниве месеци да ми бидат уште посреќни и поуспешни, а лоши денови да нема. Велат денот по утрото се познава, тогаш ако и годината се познава по јануари верувам дека ќе биде добра 2018. Ви посакувам на сите да имате незаборавно среќна 2018
Често имам тенденција да размислувам pro futuro и да замислам дека после билионици години од сега, откако се ќе биде уништено, од човековата раса нема да има ниту трага, и сонцето ќе се олади и ќе исчезне во темнината на вселената - тоа нема да биде крајот бидејќи и понатаму ќе постојат други планети, други ѕвезди, други галаксии, ама тажната работа е што никој нема да знае дека на одредено место во вселената некогаш постоела планета наречена Земја. Но јас не живеам во минатото, ниту пак живеам во иднината. Живеам во сегашноста - таа е моја и додека дишам не сакам да дозволам да ме совлада апсурдниот аспект на животот кој ми покажува дека човековото општество нема доволно капацитет да ја собира мудроста колку што науката има капацитет побрзо да го собира знаењето ...
Зошто кога ќе им спомнеш на луѓе дека си на диета или ете дека си сменил исхрана за да ослабнеш, одма помислуваат дека се изгладнуваш? Па одма почнуваат да ти зборат дека со диети ќе си го уништиш здравјето, дека не треба ништо да исклучуваш од исхрана, или ти велат дека од такво нешто немаш потреба. А пак истите после да те видат да јадеш нешто благо или покалорично, ќе ти зборат колку е тоа нездраво, дека треба да се храниш здраво, дека си млад и треба да си го чуваш здравјето, па ти зборуваат што треба да јадеш, што не... Само решив да исклучам некои видови храна од исхраната и веднаш почнаа коментарите. Океј, сфаќам да дадете совет во врска со нечие здравје, ама не претерувајте, како да сум искомплексирана, па не сум свесна што правам.
Вчера бевме на бебче. Има 4 месеци, дебелко е во образите и во рачињата, гугаше цело време. Се растопив
Со душа го чекам крајот од денот за да купам авионски билети и што подалеку од тука. Нека останат искомплексираните и сите што спаѓаат во некој македонски синдром и нека се изедат меѓу себе. Не бива тука, не бива.
Еден куп луѓе на форумов и еден куп приказни за себе. Ретко која лесна, скоро сите со некоја тежина. Не беше бе порано вака..
Со сите сили ќе те увлечат во нивната драма и фрустрација и после ќе ти речат - многу се замараш. Какви луѓе сте вие? Колку години имате? Знаете дека сте малку нетокму? Глава ме заболе од сабајле слушајќи глупости невидени. Направи драма во позадина, а таму од кај што и доаѓала маката, лизни мазни. Никој не сака да слушне за себе лошо, па ќе рече чекај бе другарче ќе прашам, па праша и стана големата. Откако стана големата, одеднаш она сменила мислење и не се замарала со тие особи, не ги сакала, па дури и родителите на засегнатите страни ги извреѓа, се согласувала дека се никакви, за да на крај сите откриеме дека бацувала гзови пак и се удварала на страната која наводно и грешела многу. А сите останати возрасни луѓе кои сакале човечки да ги решат нештата со увидување на работите - останаа испоскарани... Двојни игри и лицемерие. Само не знаат како ми пука филм, па знае и потоп да стане после. Да отворам картите поштено, па нека си решаваат после која каква волна прела. Најидиотското нешто е кога некој ќе се стави во позиција дека треба две страни да го освојуваат. Рили? Колку години имаме, 10? Стареам и имам нулта толеранција. Само уште еднаш да слушнам од некого откако ќе направи срања и да потпали ситуација и да ми рече или да му рече на некого, а да ја знам ситуацијата - многу се замараш... не штитам и давам отворени карти, па кој ќе си копа очи, нека си копа. Кое е задоволството да се плеткаат работите не ми е јасно. Ќе ја воспали ситуацијата, па после демек ја гаси... Да продадеш пријателство за цел живот зошто тебе денес китката на лево ти била кога си станала... не разбирам?! Се повлеков и немам намера повеќе да навлегувам во туѓите негативности. Само не ми е јасно, стварно мисли дека толку сме глупави и не контаме дека не пали - многу се замара или замарате, кога она стави масло во оганот? Биди бре интегритетна особа, возрасна си, 30 ги начука, аман... Ако ти немаш намера да се уозбилиш, другите се луѓе со сериозни проблеми, деца и бракови, немаат време за булшит. Oдлика на психопатија е да правиш некому мајндгејмс и да го навлекуваш него дека он има ишјус и се возбудил премногу, кога личноста постапи само према она кое што ја погоди и беше за погодување. Не знам што очекуваше, дека ќе падне во депресија и ќе се туфка без да се соочи како што очекуваше страна б? Сосема интегритетна реакција направи. Застанав на нејзина страна, а бога ми квалитетно ја отпеналив другата. Манипулација, на некои луѓе им е природна форма на постоење. И пак си фер... молчиш од која страна доаѓа причата... а не треба... е тоа ќе биде врвот на пукање филм.
Цел живот ни поминува во броење. Кој да знаел дека броењето ќе не обележи низ животот. Од мали броиме минути до утре, кога ни ветиле дека ќе ни ја купат новата играчка. Потоа многу брзо растеме и броиме страници до тест или испит. Па броиме денови до следниот концерт или патување, прва плата. Во меѓувреме, броиме овци пред спиење во долгите и болни ноќи и броиме ѕвезди во оние најромантичните. Броиме непроспиени ноќи додека чекаме да видиме некој што многу ни недостасува. Само за да почнеме одново да броиме денови кога ќе заминат засекогаш или само привремено. Ги броиме дијагнозите што ни се препишуваат, ги броиме тагите и солзите. Ги броиме скршените чаши кога на нешто силно му се радуваме или кога нешто одболуваме. Ги броиме сонцата и божилаците кога сме среќни и се ни е рамно. Ги броиме деновите до следната плата, следниот дејт или само телефонски повик или порака - небитно. Броиме воздишки, погледи, броиме минути, денови, години.. Броиме саати до следната пилула, денови до новиот пород. До следниот роденден. До пензија... До термин на доктор.. Веројатно престануваме со броење таму некаде во староста, кога се што можело и не можело трпеливо сме го избројале, за на крај да сфатиме дека ниедни бројки не се толку битни колку оние што си ги држел во раце и оние што тие ги држат... А до тогаш... сите продолжуваме да броиме. Како во некој магичен круг како божем ќе ни помине времето побрзо до она што го чекаме и сакаме или не... кое и така, и без тоа си врви...
Се почесто ја слушам фразата "давав крв" несоодветно употребена во контекст на значењето на реченицата. Каде сте тргнале така неуки за да не можеме да се разбереме на мајчин јазик? Луѓенца, има разлика меѓу давав крв и ми земаа крв Секој не може да дава крв.Оние кои се во добра здравствена состојба и тоа го прават по своја волја се викаат крводарители и имаат посебни привилегии. На секој може да му се зема крв од здравствени причини за медицински испитувања и тоа во многу помало количество од давање крв. Мнозинството не давате, туку Ви земаат крв. Ако сите сме крводарители, светот ќе беше весело место за живеење. Крводарителските книшки ќе им парираа на партиските За рецеТите си имате по некоја...
За мене семејството е заедница, мажот и жената стануваат едно во брак и сите финансиски приходи и општо се е заедничко, нема мое, твое. Платите се на купче и се троши за домашните потреби и општо на секој од семејството. Неможам да разберам некои прашања и муабети од типот: - Му бараш на маж ти пари за xxx? - Маж ми мора секое сабајле пари на маса да ми остави, јас немам намера мојата плата за цигари и бензин да си ја трошам. - Зошто јас да плаќам сметки и регистрација, нека си плаќа он од негова плата, затоа е маж. - Моја плата, мои правила. - На детето ако му треба нешто од татко му нека си побара, јас си имам мои трошоци. Ти драга моја не си била спремна за деца, маж, семејство, заедница.
Ее овде одамна се збори како ќе се вика Македонија. Абе вие од дијаспората све знаете и сите проблеми ги решивте. Затоа испобегавте од овде.. лесно е да се прајш паметен од страна. ептен е лесно. Што народ ќе бевме. Јас за протестот ќе бидам во Грција на балкон и ќе гледам како една држава се бори за тоа што го сака. Зошто овде тоа не може да се види.
Тоа што ќе им го дадеш на другите, си ти самиот. Како они со мене, така јас со нив - е флоскула. Нема посмешна кованица за алиби на својата ништожност.
Зошто се игра за пари,не од љубов кон фудбалот? Имаат,преимаат и пак сакаат пари. Абе не е то то дечки...
Безплатно возење, нема веќе, безплатно, се плаќа, без пари, со пари, без пари, со пари, без пари, со пари..без.......абе идите у курац...ебави мерката против загадување...заборавив сега колку вожњи ми останаа на картицата поради тебе Шиле едно рогато