Ти само чувај бебе вино ќе си донесам ако треба Туку да не ми се заарни па да ти доаѓам почесто. Алкохоличарот во мене ти се заблагодарува
Понекогаш не сфаќаш со колку негативни луѓе си опкружена, и не сфаќаш колку ти било нарушено расположението додека не сретнеш позитивни насмеани луѓе. Како наеднаш да ти се враќа испразнатата енергија. Доволна е барем една таква личност да имаш. Личност што ќе ти биде прибежиште од сите. Личност после која лицето од намрштено ти станува насмеано. Покрај која душата ти се радува, ти се исполнува. Кога имаш барем една ваква личност, што те разбира, тежината на секој проблем се дели на половина. Препреките во животот полесно се совладуваат. Полесно е кога имаш кој да те фати за рака и да ти речи „Не си сама, ме имаш мене.“
За кого ни се кољаат децата по автобусите! ? За двојазичност ли? За Заев ли? За кого и за што? Едните барем да биле повоспитани или за миг помудри.. Родители што шернуваат семе синапово место да го седне да му напрај муабет дека политика и тинејџерски денови не одат заедно. . Растат потенцијални убијци и терористи а ним мува не ги лази.. та не се заклале де. А ако им заколе некој дете тогаш по судови ќе се први. Касно е чедо божјо јер животна лекција за мудроќа ако не му дадеш со време на среќа ќе преживее во ваква средина. А може и не. Прво што велам откако ќе ме прашат зошто сакам да заминам е -а како утре да го пуштам у школо со бус и да се крстам да не ми го вратат у кеса!? Лее ама си морбидна. Не. Реална сум. Не можам да го изолирам. Не можам скроз да го заштитам. Може и најмирен да е ама да попие камен у глава зашто бил у 6 5ка. Ете така. Залетал по грешка каменот. Или да го пуштам а ја да дадам отказ од работа за дома да се клањам на бисти и икони за син ми да не го снајде нешто па и курбан да носам секој викенд у црква а за полугодие манастир. .
Ако во нешто си подобар од нив одма те бришат од кругот на пријатели и директо овде настапува конкуренцијата. Ќе се сменеш и ти ќе станеш и ти таков, себичен, злобен...
Од катчето што ме насмеа денес, издвојуваме. Мариа, Мариааааа... Кај Лилит, па и мачка, со крила на змеј. Идеално и генијално. Башка и бендот топ!
Некои срца се толку силно поврзани, што никој и ништо не може да ги раздели. ❤ Вистинската љубов постои, не е измислена само во бајките!
Им се чудам на луѓе кои одвај чекаат да исплукаат отров, да навредат, да испровоцираат. Но повеќе ги жалам. Сериозно, толку немаат попаметна работа во животот, толку немаат на што да се радуваат, во што да уживаат па само мрчат на сите страни? Штета, а можат многу повеќе.
А бе дечки, колку пари даваат од партииве за јадење...кхм...по социјални мрежи? За другарка прашувам Мен, ај лав дис кантри фул оф експертс. Тоа е, на таквите ќе им се чудам и ќе се смеам, тие ќе си полнат џеб, или некоја фотелја. И така. Што немам тронка амбиција да работам во државна установа. Народе мој... не ве бива. И шоферот у јсп што си го земал детенцето во скут, да му покаже тато како се вози уште на 5год. И полицајците што на сред улица застануваат за бурек колегата да си купи. И пешаците што ги мрзи 20тина метри подоле на пешачки да преминат. И пекарава што нити цени има изложено, нити производите со што им се. И здравството...тоа веќе болно станува да се збори. Државата не е некоја личност, вие сте. Ама вас не ви се менува на поарно. Пффф, па уште и што сум сакала, така е тоа тука? Мрш. Нормално било за овде? Не е нормално за нигде бре! Дури и ненормален ќе испаднеш.. Ајт. Петок.
Јас ќе уклучам парно, станува колешката да го изгаси, многу било топло и загушливо. Другарка и колешка станува пак го уклучува, она вика ако цуци стопли се. До каде бе со тоа лижење, до каде со тоа лечење комплекси и фрустрации. Жални сте.
Љубовта не постои за да не усреќи. Јас верувам дека таа постои за да ни покаже колку можеме да издржиме .
Не ја разбирам таа заљубеност во Екселот, на луѓе кои не умеат нит со него, нит со Вордот - се', па и текстуални табели да се правеле таму. Чуму? I fancy MS Word! Хејт за бројкољупците и сите екселаши! Ептем петочки муабет.... ко за со грав.
Од настани на денот: Најмизерни ми се оние кои не го даваат името, не го даваат јазикот, а се изразуваат: imeto nego davamme gospot e golem jasaka makedonia.nasa maika !!111 ovija sorsoidi sakat dane delat epa neka znajat oti MAKEDONIA CELA DAJE SEKOJ DAJA ZNAJE nema dejlejne nema siptarski jazici umrete predavniciiiii na makedonskiot narot!!!!!1111 Ако со овие треба да бидам Македонка, подобро да не сум. Инаку, сум против промена на име. Не сум против двојазичност.
Сакам да кажам дека ... Ова е последено мислење што го пишувам во контекст на македонштината. ( или тоа не е можно ) Пуштам телевизорот да разгледам и што да видам. Имаме емисии или за готвење или за политика. Бем ти народ. Ама стварно, Јас не се разбирам ни во едното ни во другото. Ама овие се ептен експерти за дрвење на кур. Дали тоа значи дека "подобро нешто отколку ништо" навистина наоѓа примена ? Абе у Кина железничка станица градат за 9 часа. Швајцарија продава шишиња со кислород на Јапонци. Македонија 20 години ( still counting ) се расправа за името, знамето, јазикот, идентитетот. See the difference !? or not yet ... Види ако си поединец кој пркнал малце повеќе од македонските норми на просекот, оди и биди корисен во друга држава. Не ни треба патриотизам. Не биди во заблуда дека баш треба да останеш тука демек ќе ја промениш државава. Нема да се деси тоа, бар додека си жив. Заборави го тоа. Биди му корисен на светот. Не се сведувај на ниво на држава. град. Биди универзален. ПозЗ3³ ®