Замисли 70 години да си во брак со еден човек. Цели 70 години заедно да споделувате среќа, тага, радост, насмевки и солзи. Заедно да созреете, да пораснете, да остарете. Да се радувате на деца, внуци и правнуци. Цели 70 години...Колку многу звучи...Навистина љубовта може толку да трае или сепак после станува навика? Во денешно време изгледа невозможна мисија зашто првенствено животниот век на човекот е скратен заради болести, сообраќајки, разни несреќи и стресови, па после следуваат разводи и љубовници, а исто причина е и доцното стапување во брак. Но сепак, познавам пар што се заедно 70 години досега...За жал само еден таков пар знам, ама сепак постои. Имаат околу 90тина години и уште се витални, свесни, присебни, полни со енергија, разбирање, почит и сами си се грижат за себе. Да ги видиш нема шанси да помислиш дека имаат околу 90 години, туку изледаат многу помлади. Сега зимава повеќе си седат дома, ама инаку кога е убаво времето пешачат и возат точак. Да, посебно мажот, на 90+ години способен е да вози точак и не бара оправдување за да ја избегне таа активност. Во минатото се радувале со внучињата, а сега со правнучињата...Најстарата правнука е 15/16 годишна тинејџерка. Не можам ни да го замислам чувството да имаш дете, па од детето внуче, па од внучето правнуче и тоа да дочекаш да ја гледаш како тинејџерка. Иако многу ретко сепак ете постоеле луѓе што цел живот се заедно...Од деца, до 100 годишни старци. Навистина ми е мило што си се нашле да си одговараат по карактер, што толку време се заедно и уште кога се обраќаат се осеќа милост во нивните зборови. Нека си се радуваат и сакаат уште долго заедно.
Дајте му "време" на времето и се ќе се среди...ова испаѓа толку надежно,всушност како она познатото"надежта последна умира"-но сепак на крајот и таа умира.... СДК се има свој почеток и крај,и секогаш ние ги креираме истите. Од нас зависи дали ќе славиме за добар почеток,или ќе кукаме за лош крај
Сите знаат да ти солат памет,што да правиш,како да правиш,а никој не си гледа за себе. Гледајте си ги прво вашите постапки,па потоа зборете за другите.
Деновиве речиси да нема ден да не објават некаков натпис на тешката болест на еден глумец... Те како изгледал, те каде се прегледал, те како дознал..... Ах бе... како не сваќаат дека на ваквите луѓе ние треба да им се поклониме??? Овие луѓе се смеат дури и кога се преплашени од следното утро, овие луѓе се смеат затоа што го виделе тоа следно утро, овие луѓе си го горат телото со хемикалии баш за тоа следно утро, овие луѓе стануваат од постела и пешачат, борерјќи се , додека вртоглавиците, гадењето, горчината ги потсетуваат дека телото им е преполно со отрови, овие луѓе се радуваат на првото пораснато влакно на косата после хемотерапијата и се тресат над секој резултат од крвта... Па зар е поважно како изгледаат или како лавовски се борат, правејќи ги сите други да изгледаат како кукавици покрај нив????? Бескрајна почит за него, за тој дома што го имам и за сите оние кои ус пат ги запознав на онкологија, лавови се тие лавови и изгледаат лавовски кога се смеат без влакно коса на себе!!!!!!!!!!!!!!
СДК носталгија ме фатила некоја,па само си ја потпевнувам два дена со ред "Ах вие луди млади години,летнавте ама назад не се вративте"....
Во природата на цела нормална цивилизација е да се гледа напред, кон развој и еволуција. Низ светот, нечие визионерство и фантазија од одамна стига на толку импресивно ниво - што се режираат и снимаат филмови за огромни видови напредок и чекори за човештвото, кои по години и децении се остваруваат и во реалноста во некоја слична форма... Е, meanwhile во срцето на „најсаканиот“ Балкански триаголник, нашата чудесна Македонија - ние во 2018 сме сè уште сведоци и читатели на дубоки, поучни муабети од типот дека: - Претходните генерации, за разлика од нас сега, израснале во личности со совршена култура и почит кон авторитети оти и дома, па дури и на училиште играл ќотекот, кој како што знаеме излезен е од рајот. - Машките биле архетип на праФ маШ поради војската, челичната дисциплина и физичката сила, и биле прав избор за секоја жена за разлика од овие сега. Во екстремна мера на овој муабет и споредба - порано истиве машки уште од рани тинејџерски години оделе да гинат во војни, а сега замисли во автобус си носат најнормална чанта на рамо. - Нашите прабаби немале проблем со тоа животот да им биде ограничен на готвење, чистење (а не ко сега со некакви еманципации тука да се занасаат) и раѓање деца - и тоа на нива или со нестручна самопрогласена бабица, а не ко сега разлигавени да сакаат да поминат што поудобно и во подобри услови! Иии, за крај: во едно семејство се раѓало фудбалски тим деца без разлика на сиромаштијата, децата работеле од 7-8 години (што нели е најнормално), биле пресреќни (yeah, sure!!!) и научиле најмногу за животот, а сеа тука ќе ни се занесуваат со планирање на семејство, потребни финансиски услови за пристојно родителство и слични модерни филозофии од Западот. Mn tassno!!1 ...Па јас не знам зошто воопшто коментираме, кудиме, плукаме барајќи подобро образование и здравство, да не зборуваме па за тоа зошто постојат науки како психологија, педагогија, поими како еманципација итн. Овие најмудриве треба да нè вратат на правиот пат назад кон минатите векови - да раѓаме на нива по 5-6 деца кои нема ни да ги праќаме на школо, туку дома најдобро ќе ги „воспитаме“ со влечките и каишот за на крај на истата нива да работат за нас од најмали нозе. А може лесно и некоја војна онака лабаво да направат, оти и соседниве земји се полни со големи маси од вакви бруки со вжештени глави - па и тој дел од глорифицираната идила со мажественоста да се врати. Море арно викаат оние со најмалку влакна на јазик - и малку е ова на кое дереџе сме... ама малку ви е само на ваквите. А на нас останатите ни останува секој втор ден така малце да се потсрамуваме каде живееме, и врвна цел и идеја да ни биде да фатиме магла од државава - повеќе поради овој токсичен менталитет отколку поради било која пара...
Туку шо правиме со овие шо те бркаат од животот и после им текнува шо направиле па те бараат назад? Па има тука, извини, не мислев така, не сум те блокирал јас скраја било...и така натаму. Море мрш од кај шо сте излегле.
За некои си таму Раста и Ана се собрале армија деца во City Mall за да ја слушнеле многу “квалитетната“ музика од овие двајца и да земеле автограми од “ѕвездиве“. Е сега размислувајќи со која музика сум растела јас и другите деца од '90 -тите и размислувајќи каква литература, уметност, филмови сме сакале и почитувале споредбено со оваа денешнава т.н. “уметност“ од овие генерации па мислам дека нема да имаме проблем со иселувањето. Ние вака што сме си според новиве генерации хејтери и старомодни што немаме поим од музика, фино лепо ќе си се иселиме од државава затоа што преочигледно е дека и нема спас, а овие што “знаат“ што слушаат, е тие ќе си ни ја чуваат државичкава. Без гајле дечки, држава ќе имаме само што ние нема да живееме во неа
Негување на вистинските човекови и морални вредности денес, кога сѐ е изопачено и испревртено, не значи заостанатост. Развојот на општеството и човештвото не треба да ги потиснува тие вредности. Некои работи секогаш се ценат и никогаш не ја губат својата вредност и своето значење, па колку години и векови да поминат. Респект за сите кои го разбираат тоа и не отстапуваат од вредностите за да бидат во чекор со новото мрачно и погубно време.
Животот е премногу краток да го поминуваме во лутина и гнев. И сега знаејќи го ова повторно е егото тоа кое победува и застанува на патот кон среќата. А времето не чека, деновите не се враќаат назад. Неосетно кога ќе се свртиш назад поминале години, децении. И на крај дали си онаму каде сакаш да бидеш, покрај оние кои си сонувал? Не. А, зошто? Секако, поради егото, гордоста и недоволна храброст.
Не можеш да не направиш луда - ако сум бесна на животот. Не ме викај говедо, ненормална - или ќе добиеш и полошо. Ти го скинав и оштетив омиленото цвеќе и?? Немој да создаваш непријател од мене. Немој. Ќе заборавам која си, и што значиш за мене. Идиот сум
Се дешавала пролет поладна од оваа зима. Или јас вријам...не знам. Сабота...со ленор по дневна, пиленце од кај Чичо, сос од лук, плус макало... Ќе ја биде ли... М?! Ми се шета по продавници ко Бриколаж, но и ми се дреме дома...
И дождот денес е на моја страна, морална поддршка за јаките главоболки. Се надевам утре ќе биде подобро...
сакам да кажам, дека конкретно за мене кога во текот на некој неврзан разговор, соговорникот го спомнува степенот на образованието со се титулата, за мене значи негативна работа т.е. човекот мора да се докаже дека е интелегентен со вакви аргументи, а не со коментирање и дебатирање и тој ја губи вредноста пред мои очи! замислите, се зборува за купување фармерки и едната пријателка вели ...да да и јас обожавам ваков модел, паметна сум јас, џабе немам факултет ! ОМГ !
Некој ден ќе изнајмам трактор и ќе се паркирам пред Силбо,или пред Броз,еее тогаш ќе бидам сељак на годината нели, и по новини ќе ме има Утредента сите со тракторите пред Броз ќе ги видиш Сељак не Селанец да се разбереме