Гледам вести во фебруари 2018 година и ударна вест е : родители тврдат дека на ГАК им го изгубиле новороденото бебе Каде ли тоа живееме бре!!!????!!!!!!?????
Го слушав шумолењето на дрвјата. Секој звук допираше до мене. Допираа и гласови, воздишки, спомени. Не се опијанив од чашата вино, туку од љубовта која имав во себе и секогаш ја давав на луѓе кои не заслужуваат. Ми возвраќаа со трошки од распадот на нивната таканаречена ‘љубов’. Иако не ми беа потребни луѓе како нив, сепак им дозволував да бидат во моја близина. Сега се запрашувам зошто го правев тоа. Најверојатно за да научам од грешките или за да одам со крената глава денес. Сите се залажуваме дека некој ќе ни ја возврати љубовта во иста мера како што ја даваме. Им придаваме големо значење на луѓе кои не го заслужуваат ниту нашиот поглед. Ме плаши одразот во огледалото. Се запрашувам, во што ли се претворив. Дали сум уште еден бездушник? Дали станав човек без емоции? Дали се претворив во она што не сакав да бидам никогаш? Сурова? Сега сум полна со љубов само за себе. Станав уште еден скржавец кој решил да се сака самиот себеси повеќе од сите други. Денес наздравувам за сите изминати години, проживеани спомени, сите радости, насмевки и солзи. Наздравувам за тагата и за тоа што конечно научив како да се сакам самата себеси. И ќе продолжам да се сакам секој ден, затоа што животот е краток и непредвидлив. Денес сум тука, а утре којзнае. Еднаш сум на врвот, а веќе во наредниот миг на дното. Но, најважно од се, не престанувам да се движам. Не престанувам да живеам.
Сакам да кажам дека џабе си берев и полека си пробвав толку рецепти кои ги сакав. Кујната ме прави среќна, иако не сум многу спретна во неа. А сега и таква ќе останам. Која е смислата да правиш, а да не можиш ни да пробаш за вкус какво е, да знајш следен пат што да поправиш? Ах желуднику, дај еднаш попрај се за стално, доста е. Ветувам еве јавно, нема повеќе cheat days за кафе да си правам. И за мексиканска храна. И за тестенини. И за топол леб. И за зачинета храна. Да. Неодговорен пациент сум. Ајде да се скријам, срам ми е сега.
Денеска сум толку била изнервирана што сакав да си одам од работа. Добро што сега сум смирена инаку од сабајле да пишев све живо и диво ќе испопцуев. Многу се навредив, толку вчера не се запалив како денеска. Мислев дали да пишам откако ми помина нервозата ама се решив ќе се изјаснам. Вчера една колеша вика ние не сме биле Интелигентни што сме работиле тука, мене тоа ме многу навреди и се обрнав и што тоа значи дека сме глупави, дека не разбираме ништо, она мош не е погрешно кажала мош сакала на друг начин да го каже ама испадна лошо кажано, мисле дека да си интелигентен треба да си образован, епа ама тоа не е точно, викам и тој збор значи нешто да измислеш, да создадеш како на пример да сошијам некој фустан, да измислам машина што ќе шие сама или робот. Не знам зошто така кажа ама не и требаше јас се многу навредив, испаѓа дека тие луѓе се прости, не разбират ништо и она спага во таа група ама пак тоа така да кажува се вреѓа самата себе. Ај тоа што биде биде ама денеска една друга колешка што се согласив со неа дека оваа другата не е во право, тоа како да и го набиваше на нос, и само за интелигенцијата зборе и префрла се нешто. Изнервира ме и обрнав и се да прекине. Друг ако не се вреѓа јас се вреѓам иако не беше за мене наменето. Друго нај мразам кога некој ќе ме праша што работеш и јас ќе му кажам и ми вика некаде да се работе, или епа там, нема на друго место, тоа не ни бега или нешто да се работе. Добро де зар не сфаќат дека и тоа е работа некои некат ни да замислат да работат там, никој не ја сака таа работа ама не сфаќат дека ако не сме ние општо кажувам за секој град и секоја држава, дека ќе нема што да облечат ќе нема што да носат, ќе одат голи. Не сфаќат дека ако не се тие луѓе што работат и што креират и што цртат и што се мачат да доловат нешто ново нешто убаво, и најглавно тие работници да не се ќе нема ни облека ќе нема кој да ја создаде кој да ја направе. Само за жал кај нас таа конфекциска работа е слабо платена а треба да е највеќе. Не треба да се понижуваш само затоа што работеш во конфекција, некој не знае ни игла да удене а не пак нешто да сошие. Толку од мене.
Леле ме разнежни Ме потсети на едно нешто кое неодамна го прочитав и вели: “Нема потреба од бакнеж како на филмовите, од прескапи подароци или реномирани ресторани. Доволна е само една насмевка со која ќе кажеш “замисли си од 7 милијарди луѓе јас се заљубив токму во тебе“.
Сакав да пишам као у денешно време труднициве и мајкиве општо премногу, да не речам се занасаат, и се занимаваат и трошат пари на глупости, али ај само ќе речам ако сум преживеала као бебе со обично метално тањирче и лажичка, без родендени ко свадби и без мајка ми да врегла по цел ден за бојата на моето гомце, и вашите деца ќе преживеат. Фмп.
Сакам да кажам...во друштво на некои луѓе станува неподносливо.Значи намќори,повеќе молчат отколку што зборуваат,а сте излегле да се напиете кафе.На крај,завршувате во ресторан,заради каприците на госпоѓицата...цела вечер молчи,на крај посегнува по мојот десерт и по половина час,инсистира да станеме.Одиме во станот кај дечко и,демек биле собрани сите,ок.Седиме,и пак молчи.Добро,фино,убаво,станувам да си одам,ни до врата не ме испрати. И моментот беше-и подаривме часовник за роденден,и вика: ремчето ми се скина,ама овие се толку квалитетни Понижување во крај,демек евтин поклон сте ми купиле. Затоа истата,ако види дека имаш нешто што нема,одма и таа го набавува.А да има нешто што го нема никој друг,ќе се фали една недела. Е не ги можам плитките луѓе,посебно не оние кои се прават нешто дека се,а не се.Основен поим од животот немаат,а сакаат да се прават главни
На децата не треба само скапи и раскошни родендени да им правиш, на одмор да ги носиш, еден тон облека и играчки да им купиш, а во секој момент да им се изнавикаш и изнатепаш зошто ти си искомплексирана и исфрустрирана личност која пати за внимание. Немој да им правиш трауми, не заслужиле. Материјалното нема да го памтат, ама траумите ќе им останат дур се живи...
СДК колку е само точна онаа старата народна поговорка:убавите круши свињите ги јадат(веројатно ја сфаќате смислата)
Ова со ударните вести за исчезнато бебе ми го изрешета умов! Немам сон. Дали да запалам кола и да почнам "невозможна мисија" некаде далеку или да оставам така како што оставиле баба ми и дедо ми?? Не ги обвинувам ни најмалку. До таму можеле. Милион прашања, пак глупави емоции дома. Имам чичко или немам?? Одговор не добивме никогаш. Од мала сонувам да се појави на врата непознат човек и да каже дека си го бара братот. Ми прска главава. Се надевам дека родителите ќе си го најдат бебето. Ова боли. Многу боли!
Deteto ne e isceznato.So majkata e. Golema novinarite napravija bez da proverat...plateno novinarstvo.
Неделно сончево чистење. Отворени прозорци ширум и добредојден свеж воздух дома. Нова енергија и нова светлина. Вртам поглед низ прозор и гледам повторно облачиња на должност. Нека, ама... нека му дозволат и на сонцето да не не одмине, откако тие 2 дена веќе ни беа на гости. Постарите за тоа ќе речат - небо и земја се споиле. Ги сакам старите мудрости и описи на природните феномени, иако некогаш се пресмешни и научно неиздржани. Затворив се одново, направив кафе и седнав во мир пред исклучен телевизор. Ме заболе кичма. Среќа што постои и феноменот промаја, оти немаше да знам од што ми е. Уште една античка мудрост која во исклучителни околности може и да убие.
Гледам а не можам да си поверувам. Шарените другари, интензивно почнуваат да се дружат со најтврдокорните. Ќе си помислиш а што им е заедничко? Тоа што се синчиња/ќерки на локални административци, директорчиња, квази бизнисмени. А што ги спојува? Интерес, интересот ги спојува за да си штитат грб едни со други. Елитите си формираат кланови, за да си максимизираат профити. Не е битно дали се вмро, сдсм и слични срања од партии. А вие обичните, закрепостени селани, се сеќавате како секој ден после работа идевте на протести? Како ви ветуваа брда и планини? Како се каравте со роднини и пријатели за политичка определба? Епа убаво ве насанкаа. Дојде животот.
Не сум ич совршена,патем и никој не е. Но,преку глава ми е од луѓе кои сакаат да ти речат се и сешто,а ти не смееш нив ништо,оти ќе им падне круната. Мислам дека тешки комплекси се во прашање тука
Кога ми е тешко, само пишувам. Не можам и не сакам да зборувам. Листот хартија и пенкалото ми стануваат најдобри пријатели, со нив губам чувство за време. Никогаш не сум успеала да напишам нешто толку добро кога се` било во ред. Добрата страна на тагата, меланхолијата, носталгијата е тоа што ми даваат инспирација, ако ништо друго, да создавам.
Кога ти е најтешко и една личност ти фали најмногу, душата те боли за таа личност, ама неможеш тоа да го кажеш. Она грозно чувство секој пат кога ќе ти се сретнат погледите и нешто те гуши. Сакаш да кажеш а неможеш.. Излегуваш насмеана, најсреќна, најубава одвнатре се распаднуваш, само една прегратка може да ги сошие тие рани, а се друго е само сол на раната.