Кога некој ќе ми каже променила си се, не дека јас сум променета не си се скарал со мене до сега. Луѓето треба да престанам да зборат ако не знаат што треба да кажат, па на тебе ќе ти префрлат. Што си ти таква, што си ти ваква, глупости невидени.
Која е таа тоалетна вода/дезодоранс што мириса на Вит крема за депилирање и зошто воопшто некој ужива во мирисот и се шприца? Се отрув.
За себе можам да кажам дека сум многу chill со блиските. Се додека не ми наштетуваат на мене или на другите, буквално не ми е гајле што прават, во апсолутно се ќе ги поддржам. Мада неам многу блиски пошо сум тотално транспарентна за тоа како се осеќам за некој, but anyways, тоа е веч друга тема. Али едно не ми било никад јасно. Оние што постојано зборат негативно за нивните блиски, зошто? Ако не им одговара човекот, нека го сменат. Нека не се дружат. Нека прекинат контакт. It's really that simple. Чуму таа потреба да се драми околу некој колку е ваков или онаков чим им одговара.
Не ми е добро, ама воопшто не ми е. Се чувствувам како да имам друга личност во сопствената глава. Полудувам, се губам, мислам нешта што не се за мислење. ПОМОШ викам на цел глас ама никој не ме слуша, толку ли сум невидлива. Ме боли се, душа, тело...сакам да ме нема. Денес толку многу посакувам татко ми и мајка ми никогаш да не се сретнале. Господе дај ми сила да го издржам овој хаос оти јас вала веќе не можам.
Smeni firma. Toa od licno iskustvo ti go kazuvam i raboti. Nemozam da opisam kolku sneg padna. Lopatam jas i koga se vrtam nisto ne se gleda od mojaot minat trud. Ne se lutam, go sakam snegot, ja sakam zimata.
...а од мажи - сакам еден кој ќе стави прстен на срцето за мене. така само ќе биде само мој....јбг ја немаат сите таа среќа, да бидат сакани
Сдк Сакам одмор сакам да одморам од луѓево што си го пикаат носот секаде. Ваша ли работа е зошто сум се попраила- болна бев не знаевте, пијам лекови. Ваша ли работа е зошто не работам тоа што завршив факултет. Ваша ли раб. Е зошто дечко ми е помал од мене? Глејте си животитее
Мајка ми и има срце цело небо. За неа нема грди луѓе, ами сите се убави. Јас дури и надворешната убавина на луѓето им ја дефинирам според нивната основна култура и однесување. Човек кој константно блуе отрови, и чии што зборови имаат намена и намера само да навредат, понижат или исмеат некој друг, колку и да е убав човекот, ми огрдува. Не можам пак да гледам исто на тоа лице, никогаш повеќе. Убавината му исчезнува се повеќе со секој отров излеан од сопствената уста... Сум имала и сама инцидентни ситуации на огрдување, иако никогаш не се служам со не знам какви ми ти тешки зборови. Но после кажани одредени зборови, во огледалото си го видов и своето грдо лице. Не бев горда на тоа. Се блујат отрови насекаде. Во реалниот и виртуелниов свет. Во сите сфери и несфери, на секоја социјална мрежа, во скоро па секоја тема овде вжештени глави навредуваат и исмеваат. Кога секој би можел во своето огледало да види во што сопствените зборови го претвораат, сите ние би биле убави.
Ако машко биде видено со другарка,одма девојка му била,и обратно Ако машко нема влакна на градите,се депилираш беее,како женско(како мајмун да одиш) Ако машко се зачлени на форумов,се зачленил да боцне нешто Ако девојка облече минич, ааа оваа е к*** Ако девојка носи трењерки,или се ишиша кратко,ааа оваа како машкоданка е Да во 21 век сето ова,и што уште не,само да се јадело вафли Глуп народ,силна Држава
Веќе не можеме да ја скриеме болката со лажна насмевка. Душава гори, пече... 6 години, па ќе бидат 7... Знаеш колку те сакавме и знаеме колку не сакаше. Ништо не може да се промени. Нема ден да не те спомнеме и да не исплачеме. Ништо не менува те немаме. Те сакаме и ни недостигаш.
Секој човек ги убива нештата што ги сака. Некои тоа го прават со горчлив поглед, некои со ласкв збор, а страшливецот го прави тоа со бакнеж.
Денеска слушнав една реченица што ме замисли, гласеше: Животот ми помина со верување во чуда. Е, сега можеби се нема друга опција за да веруваме во нешто друго. Па , од друга страна и мене животов ми поминува така, и јас чекам чуда.
Ајде ќе се обидам да те дозамислам... Нешто во контекст на муабетот... СДК Има една народна - „Не треба молитва, треба мотика.“ Чуда се случуваат, но за да се случат треба да мрднеме од мртва точка, да дадеме се од себе, се што е во наша моЌ, трпеливо и упорно да се обидуваме за нештата кои што сакаме да ги постигнеме и универзумот ќе ни помегне да ги достигнеме тие чуда! Некако само да чекаме да се случи некое чудо не ми се допаѓа... Моето мислење е тоа.
Мислите ми се прегласни. Некој силен вресок одвнатре ме измачува со денови. Знам дека ова не е мојот пат но сакам да видам каде води. Не сакам поради импулсивност да изгубам се. И ги игнорирам сите сомнежи, ја засилувам музиката за да ги стишам мисливе. Не ми успева, од вистината не можам да се скријам колку и да сакам ...