Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Што е битно кој е во прашање? Битно е што луѓето се хумани. А и не се само Србите. И во Босна и во Хрватска е истата мака. Демек немаше да помагаме да биле други во прашање. Немој да вреѓаш. Јас сум сигурна дека тука има вистински луѓе со емпатија кои сигурно би помогнале и во поинакво сценарио.
    А сакаш да кажеш дека полавеното население е криво што нема современа инфраструктура? Дека е криво што навремено не било евакуирано? И од каде знаеш дека одводните канали се трупани со ѓубре? Патем најавите за обилни врнежи не биле конкретизирани колку ќе траат. Се знаело дека времето ќе биде неповолно, но не и дека така ќе трае константно цела недела. Друго, не е лесно така да се евакуираат многу градови за кратко време.
    Сега кога веќе се случило, не е воопшто важна причината - туку помошта.

    Е баш не носам негативна енергија. Други беа тие што пишаа дека заслужени биле поплавиве. Препрочитај си го твојот пост и ќе сфатиш за што ти правам муабет. Е тоа е ширење негативна енергија. Макар и да носам јас, твое е дали ќе ја примиш таа енергија. Не треба се што ќе читате овде лично да ве потресува. Гледам си ставила вакво смајли |-) , па иди отспиј си ако ти се спие, немој на нерасонето да правиш узбуни тука.
    И пак ќе речам - поплави, земјтореси, вулкански ерупции... не се вина на човечка рака. Тоа што во школо ве учат да не фрлате ѓубре на улица, е друга работа.
     
    На Dvolicen, Lella и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  2. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    Сега размислувам кого го навредив :^) само ја кажав вистината.
    Факт е дека Босна беше заборавена, до вчера дури и на форумот темата за донации се викаше Донирајте за Србија....што ќе разберам до некаде зошто и во БиХ најпогодени беа областите каде живеат Срби, ама пак иде на тоа јас што го кажав дека другите се подзаборавени... Инаку секој ден се случуваат несреќи и катастрофи по светот, секој ден на некого му се потребни донации и помош, камо секој ден да се покажуваше истата хуманост во Македонија.... тоа имав да порачам.
    За одводните канали знам од медиумите, за инфраструктурата виновна е државата, а државата луѓе ја чинеа колку што знам... евакуацијата не се ни обидоа да ја извршат навреме, ако вакво невреме не успеале да предвидат што е тоа ако не нечија вина.... лани и во некои европски земји имаше големи поплави па ваков резултат беше далеку од можен само поради причините што ги наброив веќе.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.840
    Пол:
    Женски
    Meне само не ми е јасно како можете да во ваква ситуација каде луѓе буквално гинат и остануваат без она за што со години работеле и места каде што со години живееле да кажете дека сами си го заслужиле.Ни најголем душман не заслужил ваква несреќа да го снајде а не па невини луге. Во ваква ситуација треба да се помогне и рака да се подаде а не да се бара виновник и да се покажува со прст. Само тие луге си знаат како им е спиењето на душеци во сали,стравот од болести,стесот што го носи денот утре дали и како ке успеат утре да најдат повторно покрив над глава. Убаво ни на нас од дома пред компјутер да морализираме и да бараме вина ама недај боже да не снајде ваквно нешто. Едино светла точка ми е човештвото и несебичната потреба на лугето да помогнат.Ова што го видов деновиве од нашите граѓани ми го стопи срцето.
     
    На crazylady, Madam-A, kate21 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.774
    Пол:
    Женски
    Смирено девојки, зарем уште не приметивте според мислењата дека Bile15 е само еден обичен трол, на кој/а секое мислење и информација за себе е очигледно измислица и глупост...?
    Многу е очигледно, и не знам зошто нема бан за ваквите.
     
    На cresa-jagoda, SparkyAngel, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Едно бело маченце можеби неколку саати мјаука на покривот од комшиите. Не може да слези. :( :u:
    Се надевам дека набрзо ќе успеат да го симнат :worried:
     
    На eliesaab и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  6. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Би додала само дека во Србија има и Македонци.Пола од мажите од моето место се на работа таму.Тие со години ги прехрануваат семејствата токму со работата во Србија.
    Што мислите вие?Од каде ви доаѓа лебот на маса?Од нивните посеви со житни култури.И не само тоа , повеќето сувомесни производи кои ги сакаме се нивно производство, а за слатките ,чоколадите а посебно за овошките и да не зборуваме.
    Исто и Босна.Како да не беше доволна војната, и штетата која ја нанесе,сега и природна катастрофа, која мене ми изгледа полоша и од војна.
    Затоа мислам дека поплавите нанесоа огромна штета.Сите сме засегнати кој помалку кој повеќе.
    Ќе треба многу време да се надокнади изгубеното.
    Вината не би ја барала никаде.Зошто сите сме дел од неа, посебно оние испитувања на Америка, кои не успеа да ги задржи во тајност, зошто и таа имаше катастрофална зима.
    Природата дава,но и самите видовме колку може да земе.
    А човекот, никако да свати дека сам себе се уништува , уништувајќи ја природата.
    Нека ова биде лекција за сите нас.Да научиме дека сме си потебни едни на други.
    Посебно дека природните катастрофи, понекогаш не се природни.Туку може да бидат и предизвикани,зошто човекот далеку отиде со својата несовесност.
     
    На Elennaa, ilipili, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  7. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Ја чувствувам братската љубов. Пресилна е. Никогаш не би го оставила брат ми. Дури и ако се случи ваква несреќа како кај другите балкански земји, би го пропливала сиот град и подалеку, само да сум до него. Тој секогаш го омекнува моето тврдо срце. Секогаш е тука да ме гушне кога ми е лошо, па како тогаш да не го сакам? Го видов денес, се враќам од училиште, а тој, миличок на дада, стои надвор на скалите и плаче. Ми се раскина срцето, ми се насолзија очите. Веднаш отрчав до него, го гушнав. О миличко тоа, сака сам да оди на училиште, но се плаши од надворешниот свет. Во право е. Јас не смеам да дозволам брат ми да биде жртва на што било. Не... Ако некогаш му се случи такво нешто, не би можела да си простам. Затоа, ги избришавме солзите, се изгушкавме и правец-школо. Ако треба секогаш кога ќе можам ќе одам со него на училиште и ќе се враќам, но нема да дозволам некој да го повреди. :)
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    СДК денес најмалку 30 пати кивнав :wasntme:
     
    На Lella, sweet-star и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  9. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    35.035
    Пол:
    Женски
    Денес,нешто сум многу музикална. :D

    Станувам-пеам, се облекувам-пеам, лежам-пеам. :D Некогаш може и кога ќе плачам да станам некое оро да завртам околу маса. :wasntme: :D
     
    На Lella, Elennaa, ColoursOfTheRainbow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    И јас денеска сум многу распеана посебно на работа на сите дури им здосадив со моето пеење почнав дури и народни да пеам хаха :) а сега сум толку отепана од работа што немам сила ни да седам :)
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    101.403
    Пол:
    Женски
    Си земам слобода да искоментирам!
    Затоа што драга моја кога ти е се намирено не ти треба многу за да бидеш задоволна.Затоа што кога ти е потребна помош,тогаш ти треба пружена рака.Затоа што љубовта спрема љубимецот и спрема секое живо суштество е над се.Зошто не се дружевте пред поплавите?Не гледам некој дека ве спречил во истото.Не знам зошто попреку те гледале ама немој да генерализираш те молам.Имам прекрасни пријатели во Бјелина , Дворови и Белград. Со овие од Дворови дури денес стапив во контакт.Срцето ме боли што пишуваат и каква штета имаат.
    И да бивша Југославија нема да се врати,исто како и водата,што поминало под мостот не се враќа назад.
    И не се докажувам барем јас лично.Мене не ми треба да ја сликам уплатницата за да докажам дека сум донирала,ниту да лепам на фб слики од моите пакети,или да го сликам телефонот со телефонскиот број.Вистинската помош е тивка и нанападна.И тука нема место за прашања.
    А за тоа кој е крив?Дали е Харп или природата,човековата негрижа и невнимателност,не знам.Знам дека се погодени обични луѓе ,како мене ,како вас.Затоа ослободете се од ѕидот во вашата глава што е поголем од ѕидот на вашиот фб профил.И бидете луѓе.Зарем не е тоа основното наше обележје.
     
    На bittersweet, sweet-star, vinozito1 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Да, и мене ми се стопи срцето, само дали јас утре истите тие што се топеа по плоштади, по телевизии ќе ги видат утра на плоштад или во некаква акција во чест на денес избоденото дете од УЧКИ во Ѓорче?
     
  13. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Ете го слушам како ме вика. Не бе, не халуцинирам. Остави ме, жити се, не можам да дојдам... А како би се фрлила врз тебе... Ах тој мој кревет . Како би си легнала сега и така очите ми се на пола копје :D
    Многу ми е, да биде петок, да излезам со другарките, да се изнасмееме, стомачните да си ги почувствувам од смеење 8) Да се изнаслушаме песни, да си кажеме се што имаме, да бидат среќни. После да заспијам со музика и кога ќе се разбудам да имам lazy weekend. Кога ќе се разбудам да се фатам одма за слушалките, да си слушам пак музика, па да си гледам GirlCode или некое филмче, книга да читам и да се полнам со чоколадо :wasntme: И така цел ден да си го отседам во кревет :inlove:
    Наместо тоа, цел ден се влечкам како мртво тело |( Пред малку се вратив од тренинг, па после тренинг иде туш, а после туш што убаво се спие :D Ама Чурко ќе науче за утре |( Ајде уште малку ми остана, па после право в кревет :D
     

    Прикачени фајлови:

    • lazy day.png
      lazy day.png
      Големина на фајлот:
      207,2 KB
      Прегледи:
      439
    На Anabelle.Amorette, Lella и Srckata28 им се допаѓа ова.
  14. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Ми се гади од омразата , од злобата од нечовечлукот кој се насобрал во народот , уште една жртва за толку нерезонална причина....како ли ќе живее таа мајка знаејќи на каков начин почина нејзиното чедо.
     
    На Mama25, senza.parole, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Да ти е страв да излезеш на улица...
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.840
    Пол:
    Женски
    За кривични дела се знае правдата кај се бара а тоа сигурно не е собир на јавно место каде што единственото нешто што се бара е линч,меѓуетничка и национална мржња .Сочуство и болка за момчето се оддава на најблиските ,во домот на погребот .Тоа што некој на плоштад ке излезе да плука по другите ,нема да го врати трагично починатото момче во живот ниту па ке ја намали болката на најблиските. Револтот од загубата или неможноста во оваа смрдена држава да се истера правдата на правилен начин не е причина за развој на тешки мегуетнички емоции и пцовки.

    Крај краева не знам како ја поврза хуманоста и спремноста да се помогне на човек кој настрадал во природна непогода со смртта предизвикана од некој бездушен монструм. Едното е помош во вистинска смисла на зборот а ова другово е веке подгорување на страстите кои само можат поголема штета да направат одколку добро.
     
    На Glasna и Madam-A им се допаѓа ова.
  17. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    13.333
    Пол:
    Женски
    Жално е што гинат млади деца на улица. За што за еден точак?! Да ти го ебам племето, што те створило. Ради вас стоки умираат македонски деца. Што да прават сега родителите што своето чедо си го губат на само 18 години? Што да прават со тоа што само пред два дена имало истото матура? Што е со неговите сонови за во иднина? Што?? Само од племе можеме да си умреме!! Од ништо друго. :swear:
    Низ улициве во Ѓорче е премногу страшно. Мрак, обвиени сите во тага, луѓето си ја бараат правдината, запалено е скоро се што им дошло пред очи. Ама ако, само вака можат да се решат сите работи. Само вака, ќе престанат убиствата на млади деца. Иако лично не го знам детето, но ме погоди како да се знам со него со години. Што остана на другите? Да почнеме да се плашиме дали утре можеби и нас би можело да ни се случи истото?! Страшно, многу страшно. :x
     
    На LittlePinky, sweet-star, Primadonna и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.529
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека понеделнички сабајлево ич не ми се погоди |( ... ама па денот зврши прекрасно :) :dance: . Колку е убаво кога знаеш дека си ценет од страна на некого . Дека има некој потреба од тебе иако понекогаш грешиш . Конечно имам шанса да си го остварам мојот сон па така да овојпат нема да ја пропуштам . А пак кога достоен противник ... Тогаш уште повеќе добиваш желба и сила за да успееш .

    Долго време не сум се чувствувала вака . По долго време конечно се гордеам со себе и знам дека можам да успеам ако продолжам со ова темпо и мотивација . Ова уште е само почеток и ќе се трудам што е можно повеќе за да успеам . Конечно можам да покажам што знам и колку можам ( иако уште не е довлно но знам дека можам повеќе , така чувствувам ) па нема да го пропуштам тоа .

    Ок , да не змарам многу , сакав да кажам да продолжите да се борите за работите што ги сакате . Ако се борите кога тогаш ќе ја постигнете целта . ;) :)

    Имајте добра ноќ . :) :) :swear:
     
    На Lella и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  19. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК.. дека сум премногу изреволтирана !!
    До кога ќе живееме со страв во сопствената држава?
    Странци во сопствената држава !!!
    Жално..
    Да го чуваш од бебе, да го израснеш, да го школуваш, па се до матура и некој монструм да ти го одземе..
    Греота!!
    Нема мир !!
    http://www.mkd.mk/crna-hronika/tatkoto- ... bednost-na
     
    На Girl-50, LittlePinky и QueenElena им се допаѓа ова.
  20. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Горе други напишаа работи што ги мислев јас ама ајде да не остане дека не сум ти вратила, особено на првиот болдиран дел, да не испадне дека лажно те оптужувам, се однесуваше на ова:
    Се потрудив да појаснам на што мислам (со моето болдирано) ама веројатно не сум се изјаснила убаво. За другиот дел од текстот веќе се изјаснав и да не се вртиме песпотребно во круг сакам само уште на ова да ти одговорам. Навреда беше зашто со благи зборови викаш дека со прст не би мрднале да станувало за друга земја. Тоа не е точно. Луѓето кои помогнаа, се хумани и не гледаат национални заднини. Тие луѓе ќе бидат хумани и во случај кога на друг би им требало помош. Но реално, не се организирало ништо слично за некоја од земјите во Третиот Свет. Кога би имало можност да се донира и за таму, сигурно ќе се јавеа доброволци. Патем таквите луѓе како незнајни херои барем еднаш годишно носат донации во црвен крст. А и не смее да се заборави емоционалната страна на проблемот. Србите на македонците не им се како од марс паднати, меѓу нив имало соживот кога многу од нас биле мали или не биле ни родени. Многу од нас имаат роднини таму, а сигурна сум дека секој еден член на форумов познава барем еден мешан српскомакедонски брак. Емоциите се најголемиот двигател на човечката акција, така што не треба да те чуди тоа што имаше толку голем одзив за нашите соседи, а уште помалку треба да се критикува тоа. Поголемо браво до сега не сум имала на што да кажам.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.