Поштенсково сандаче ми е со бетер содржина од bestgore Туго несречо, од кај им на луѓево дрскост за вакви покани
СКД кратка и јасна овој пат да не вознемирам јавност и повредам нечиј модераторски емоции. Срцки сте сите модератори. Лав Ју Ол
Ми се ужива. Ми се оди на планина да има снег, камин, вино, сама далеку од сите да си средам мисли и чувства.Сакам снег да скијам, со часови да одам по него, да шетам едноставно зима да осетам. Бидејќи оваа година нема зима, туку пролет. Машта свашта ради..
Во природата на човекот е да бара се повеќе и повеќе,но некогаш треба да се запрашаме што и колку заслужуваме,за да бидеме на чисто со самите себе
Оние луѓе кои ќе ви пренесат дека некој кажал нешто позитивно за вас...е тие да си ги чувате... Ретки се таквите, попрво ќе ти пренесат некоја дофилувана навреда, отколку нешто убаво.
Денес решив да и купам поклон на една блиска личност која минува низ тежок период, се надевам барем малку ќе и го разубавам денот..
Гледањето на филмови чија тематика е 19ти век ме инспирираат. Го гледав “Гордост и предрасуда“ со Кира Најтли, ми се крена духот. Мм рече ќе ми ја поклони книгата, за среќа ја имаше на македонски на купикнига сајтот. До петок би требало да пристигне. Инаку, се чувствувам полна со елан и енергија. Но сепак, внатре не е се' како што треба, но не обрнувам повеќе внимание.
сдк @Elsaa пишала нешто во тема за интернат, и се збунив викам кога сум пишала овде, зар сум промашила тема а тоа да не сум била јас
Читам статија со наслов Како да се ослободите од масната коса... За миг си продуцирам филм дека го открив решението. Аха... И за да биде иронијата на сила во краток текст одвај испишан во неколку реда ја пронаоѓам препораката и забележувам еден и единствен збор, шампонирајте. Еурекааа... Ако тоа не го правевме, ќе имавме придобивка од некој друг тип неподнослив ексклузивитет.
Велика Британија во 2018 година: Во Куќата на лордовите (која ја влече традицијата од 14 век и доаѓањето на време на работа влече од тогаш традиција) британски министер доаѓа со задоцнување на работа и ѝ ја нуди на премиерката Меј својата оставка. Македонија во 2018 година: Во Куќата на лордовите (позната како Собрание на Република Македонија) пратениците доаѓаат само кога се организираат слави и кога треба да се каже нешто важно како на пример: „Јас сум кока-кола за вас“. Бонус: Норвешка 2018 година: Се измислува апликација за лечење зависност од смартфони со тоа што добиваш поени и со тие поени можеш да купуваш работи во продавница. Македонија 2018 година: Петко кажа: „Еј брат, види каков телефон купив сеа коа ќе почнам да се фалам на другарите, хехехе...“ #чедасменаалександаргордостмакедонска!
Колку често правиме физички дитокс, а забораваме на емотивниот, менталниот, психичкиот... Викаат дека пелинот е одличен детоксикатор... горчина со горчина се вади изгледа... Ало Сатурн, се слушаме пак? Само лекции, поуки, чистки, отворени нешта... на сите фронтови... Од вчерашните два часа плачење со мајка без престан, денес сум како исцеден лимон. Малку им треба на луѓето да се злобни. Сакам да ја пуштам сета горчина од душата и срцето денес...
Многу е поубаво чувството да си своја кожа откако ќе почнеш отворено и директно да кажуваш НЕ, НЕ САКАМ и НЕ МОЖАМ, наместо да се обидуваш да исполнуваш туѓи желби и да правиш будала од себе.
Во принцип сум многу толерантна и трпелива личност,во однос на другите... Но,сето тоа паѓа во вода со фактот што воља скоро и да немам,кога се работи за мене,нели