Мајка ми и дечко ми под фасцинација на отварање на зои и мајка ми му вика до година и ние со Грците ко Корејциве, а татко ми во кујна јаде крекери и и дава на мачката по еден и и вика - јади си дедо, нема да кажеме дека ние сме натрошиле ко демек го разбира... Животееее... колку нереална ми се гледа мојава реалност. Е до толку ко Палп фикшн. Уште сега јас да се качам на маса и да ја глумам Ума.
Какви станаа луѓево... ај што не сака никој да те види подобар од него, туку не сака да те види ни посреќен ај ќе си глумиме мизерија и ќе се тапшаме по рамо дека има и бетер.. А блиски се...ејј животе..
Очите не можам да ги одлепам од Eurosport 1. Има уметничко лизгање. Гледам и мижам. Ми се иде на лизгалиште. 10год. не сум била, ако не и повеќе.
Ми се иде и мене. Ама разочарана сум од она на Борис Трајковски, ич не го одржуваат. Ми фали лизгалиштето под Кале.
На тоа и мислев... Ова во Борис не го ни сметам за лизгалиште. Не сум го пробала, не ми фати око. Запнав сега пред 3 недели да одам, ама мојов не ме пушти, да не сум скршела нешто, како ќе ме врател у Мк Ми се плаче од што ми се оди! Ни ролери не сум возела 7 год. Мајка ми и татко ми вака не ме пазеле.
Феминки мои знаете криера направив тука јас со прашување каде и кога луѓето ја извитоперивме љубовта, каде ја занемаривме и мигот а силина на емоциите дозволивме да ни лизне па така закопани лабоко во нас да ни ја раскопуваат психата додека глумиме дека е се во најдобар ред И вчера некако си добив одговор на тоа Ми ѕвони мојата другарка и се смее, нарекувајќи ме некаков си лик од турска серија, кој вере на своите емоции живее во целибат и издржува на сите притисоци Ми се обрати со речеицата„мислев си луда, аама ти си била во турска роматика сместена“ А јас јадна, кефови бев дека некој некаде му текнало да сними сцени, филм или не знам што е со пораката дека за да се сочуваме искрено себе треба да заеме точно чии допири ни годат, чии бакнежи ни требаат и чија пенетрација би ни донела душевен оргазам... Време е да заборавиме да калкулираме со своето тело, да задоволуваме чеии потреби, своите минливи потреби, да стигувме до работни места, пари или моќ со тоа свое тело... Зошто целибатот е врвот во кој ја спозаваме својата сила, својата мудрост, моќ, своите сексуали желби, но и силата и решителноста да се бориме за една љубов, а со тоа и за себе и за живот цел... Таа сила што се учи тогаш не може никој да ја научи менувајќи кревети и глумејќи оргазми и заљубени погледи... Јас за своите 4 години целибат се каам, само затоа што беа посветени на погрешна личност и љубов, ама како дејствије, како избор би ги живеела пак, з а себе, за свото раснење и развивање во жената која сум денес... Иако не гледам турски серии , ете го мојот супорт за таа во која ме препознале, а поим немам која е
Сакам да кажам дека претервам многу со грицки и благо. Можам да преживеам само на нив без целосен оброк. No more. Извесен период успеав и после пак си се вратив на лошите навики. No more. Јас денес:
Купив две киндер јaјцa нa кoи пишувa декa имa Despicable Me игрaчкa. Кaј не беa Despicable Me, вo двете киндер јaјцa ми се пaднa истaтa игрaчкa. Некст левел бaксуз.
И мене и фали лизгалиштето. Ко деца добивавме гратиси од школо и нормално одевме цел чопор, и оние што знаат и оние што не знаат да лизгаат. Јас бев од оние што не знаат, ама со упорност научив. Па станав толку добра што моите ми купија, за мене тогаш профи сличуги, бели и ваљда кожни, ептен ме пукаа мераци. Но за жал, не ми прерасна во хоби кога влегов во пубертет. Пред некоја година со друштво отидовме во Борис Трајковски и тотално се разочарав, дали до мене, али јас не можев чекор да пружам на тој импровизиран мраз.
Значајна е разликата меѓу карактери што налик камелеони со цел ги менуваат своите лажни бои пред другите, и такви кои како бисер во школка ги обложиле своите мисли, чувства и приватност за да ги заштитат од секакви раце...
Мајка ми е љубител на лизгање, уште од мнооогу малечка ме носеше. После со гратисите не знам ни сама колку одевме... Последните години пред да го затворат со дм одевме на ноќно... Уживање. Стварно многу фали
Срцето на една жена е истенчен лавиринт, кој ги одмерува силите со неизделканиот ум на машкиот измамник.