Среќата е во малите нешта. Во насмевките на луѓето околу себе, во нивните успеси. Ќе станам подобар човек, верувам во себе.
Да се надоврзам на муабетот за лизгалиште од погоре. И јас од многу мала одев, ме носеа или баба ми или мајка ми. Најубави спомени ми се тоа од основно. Освен под Кале имаше една година лизгалиште на плоштад, и едно во Аеродром. Памтам се собиравме после школо и цел клас одиме на лизгалиште. И таму не се знае кој што прави, дали си паднал, дали лизгаш, дали не можеш да се пуштиш од страните од страв. Бев на тоа во Борис, ама беше приквечер и мразот имаше толку многу дупки и линии низ него што те занесуваше, и практично беше невозможно да држиш некој правец. А да не зборам за невоспитани дечишта што се улетуваат, прават клизачи (?!), мислат на аудиција за фејк зимска Олимпијада се, се трескаат од страните како да е нивно. Не гледа ни лево ни десно, мислиш сум дошла таму да ме собори некој на земја. Ако планирате да одите, одете порано наутро, кога би бил мазен мразот. Ако го чистат некогаш...
Има луѓе како дождов само врнат врз тебе,те спречуваат да продолжиш на патот по кој си тргнал. Биди храбар и не се врајќај од патот продолжи, затоа што и вака и така ти ќе бидеш мокар,но поубаво е мокар на целта,одколку мокар пак на почетокот. Всушност на целта има сонце,а на почетокот сеуште врне,сам одлучуваш дали ќе те врне цело време,или ќе продолжиш за да се стоплиш на сонцето.
Имам еден пријател на фејсбук што редовно си остава слики со малите ќеркички и пишува дека се слатки куклички, најубави сонциња, а во меѓувреме за да не излезе дека е папучар мора да остави и статус од типот на: - Кај се сега тетките што како мал сакаа курето да ми го јадат. - Стоматологот е единствениот маж што ќе ти рече плукај, немој да голтнеш. - Животот е скала, ако не се качиш ќе ти се качат...Животот е свирче, ако не свирнеш, ќе ти го свирнат. Па тек тук ќе остави и по некоја слика како жената треба да биде со половината наведната во доги стајл, па уште некој мрсен виц со Мујо и Хасо, па пак слика со ќеркичките колку се слатки. Е ваков човек што знае да балансира да си го чуваш. Овој е тој вистинскиот за сè што го бива. Сигурно жена му ја освоил со овие статуси, па без да размислува му дала да ја оплоди
Дали љубовта е иста на тие што читаат книги и на тие што не читаат? Дали исто љубат? Какви се лугето што читаат? А какви се тие што не читаат?
Не знам ни јас самата што барам да коментирам во одредени теми. Подобро ќути си бидејќи жив ќе те одерат. Овде немаш право на свое мислење, ко да не го научив тоа за толку години тука. Пу.
Како да не бе, жив ќе те одереле? Па зар ти сметаш дека се сите она што тука се претставуваат? Бубаче, пишувај што мислиш и повлечи се. Ако некој има психички проблем, нека се кара сам со себе, нека го убива туѓа срамота, нека превртува очи до истурање мозок и сл... Подолго си од мене тука, мислам знаеш со кој си имаш работа.
^Ако сакате сите да се согласуваат со вас и никој да не ви реплицира на мислењата во тема во која има дискусија, не знам што барате на форум. Тоа сакам да кажам.
Сакам да кажам, дека сакам да се надоврзам на тоа што зборувате, ама не целосно. Подобро речено, дел од мислењата погоре ме натераа да се сетам на нешто многу одамна. Кога прв пат дојдов на форумов бев на лошо место, лошо тинејџерство, нетрпеливост, нетолерантност. Ми беше страв да напишам нешто, зошто бев убедена дека се што ќе кажам е глупост и никој нема да се согласи, значи плус ниска самодоверба, недоверливост. После, бев убедена дека моето е точно, ама ме нервираше кога некој ќе ме цитира со спротивно мислење, значи егоцентричност. Денес, секое означување и реплицирање ме радува. Навистина, ме радува. Форумов за тоа е, особено за човек како мене кој подобро функционира да комуницира во пишана форма. Колку и некој да има спротивно мислење од мене - тоа е негово мислење, нема да го украдам, ни пак некој можи да ми укради моето ако јас сум сигурна во тоа што го зборам. Исто така е сосем во ред кога ќе увидиш дека не си во право да го кажиш тоа и да прифатиш дека си грешел. Човечки е. Кога се зачленив бев средно ако не се лажам, и еве пораснав. Верувам дека секој можи да порасни, дозволете си да порасните. И ова иди од човек, кој себеси се перцепира како злопатило - лошо е, дозволете си да видите подалеку, со отворен ум и со отворено срце. Дури и некој кога не ве гледа така, вие бидете поголемиот човек. И стварно, немојте да бидите злопамтило. Ова од прва рака го кажувам, смета многу. Останете ми поздравени.
Па не значи ни дека треба да рипате кога секој има различно мислење. И дека треба да се разубедувате до сабајле и мора сите комплекси и фрустрации да ги истресете. Јас ако сакам да разубедам некој ќе го тагнам или реплицирам, ќе го прашам. А јас ќе напишам мислење и веднаш по мене со вашите ставови и вашите ограничувања мора и по ваше да е. Мене тоа ми е малограѓанско, извинете. Јас си гледам за мене и околу мене, во туѓи непознати ставови никогаш не влагам ниту разубедувам. Кажувам што мислам и не знам што толку многу ве погодува што е од мене, ко да ќе ви го смени животот. Ниту јас ниту вие добивате нешто од форумов. Бидете поздравени.
Благодарна сум за дождот затоа што е убаво да заспиеш или да читаш книга додека капките се тркалаат по прозорците, додека дождот тропа по покривите.
Не ми е јасно? После твоето мислење не треба да се коментира? Или после твоето мислење треба да има само мислења слични на твоите? Или задолжително треба некој да те цитира ако е со спротивно (ограничено) мислење на твоето? Мислењата се за да развијат дискусија. И јас имам реплика (позитивна или негативна) на речиси секое мислење, ама јас одлучувам кога и колку сакам да навлегувам во дискусија. Кажувам свој став и не ми пречи ако има секакви коментари на тоа. Ако некој коментар ми испровоцира друго мислење јас одлучувам дали ќе го напишам или не. Дури и не се чувствувам должна да одговорам ни ако некој ме цитира. Мое право. Избегнувам да влегувам во кавга, ама тоа не значи дека некој ме убедил во нешто.
Кога некои личности би успеале да направат баланс меѓу упорност и малтретирање,да не речам дупење во здрав мозок кон одредена личност,се би било многу подобро