Една од најодвратните работи кај човек е немањето контрола на изразување. Што ќе беше ова колнење и пцуење на секоја трета реченица.
Сакам да кажам дека дожд долго време не ми сметаше, туку баш ми беше шанса да останам дома. Сега сакам да си сум со него и мислам дека дожд ќе престани да ми смета кога би си биле заедно дома. Не знам дали е ова нормално чувство или пак иди со годините. 20-30 минути пеш не делат, а кај него врни снег, кај мене дожд. Е како така.
Ги излистав социјалниве мрежи, никој нема пишано Therefore... Снег. А јас каков залет сум фатила кон март, испцув све толку рано сабајле. Неделно рано сабајле.
Зјапав низ прозорец и барав снег. Уште двоглед да земев. И најдов на високи места има,може и на Водно таму ми е местото.
Неделно претпладне, сиво и студено. Со мислите сум кај личноста што ми е физички далеку. А во срцето поблиску и подлабоко од кога било. Поминува уште еден ден, нека помине побрзо.
Чекањето убива. А, зошто чекаме, зошто сме нетрпеливи, кога она кое што треба да дојде - секако ќе дојде. Само по себе, дали ние ќе го чекаме или не... Сакам да кажам, од пишаното не се бега. Ниту од животот. Ниту од неговите проблеми. Животот е борба. Многу често неферски настроена кон нас. Разочарувања. Нервози. Тешки црни мисли. Депресии. Чекање. Чекање. Чекања. Чекањето убива.
Море, сакам да си се пофалам, не само да кажам. Ми ја одобрија книгата на конкурсот - „Напишан дом“ ќе го види светлото на денот! Собирани и дестилирани песни конечно ќе процветаат по ливаѓево книжевно. Многу се радувам, а вчера ми се сони и корицата како ќе изгледа и утрово си ги запишав и боите и асоцијациите. Од труднички аспект - сите ме нервираат деновиве, ама ако. Нулта толеранција е прекрасна работа! Шамари вербални, пред се'! Притисокот горе, па долу. Жед за кока кола и две голтки само колку да не паднам у несвес. Бидна и второто издание на трибината #Визионирај. Направивме колку што можевме - двојно повеќе публика, гратис и по некој шлакнат што обавезно се појавува на сите настани, трчкарање за барање, по некој медиум, пешки снимање видеа, пешки мењање слајдови. Јебига, ова е Македонија и немаме друг избор. Јавно ги обрусив и тие што ги замоливме за мало спонзорство, а се правеа наудрени. Нам не ни требаат пари - ни требаат шишенца вода или сокче, позајмен проектор, ви-фи пасворд, такви работи. МКЦ на ниво на задачата, фала им. Сакав да кажам, не се откажувам од соништата и визиите за подобар живот за себе и другите. А сите од типот „дајте да ви помогнам“ а ги нема нигде - среден прст за вас, гребатори мои. Мрш и се гледаме во друг живот. Иначе арна. Си купив нов фустан и спремам распоред за наредна недела. Работа со деца со пречки во развојот ми е најновиот проблесок што ми го плени срцето и општо - животот. Само здравје и собран ум, другото е едноставно, до степен на бесмисленост.
Таман си рекол се откажувам од ова, и ете го одма доаѓа на врата или се средува конечно како што си сакал .. Еххх
Сакам снег!!! Многу ли барам?-Не,поскромна не ни можев да бидам Оваа година не видов снег ни за лек исто како да е рана есен,со мали примеси од пролет,сонце пука со денови,или пак упорно течат како реки само дождови,мразам дожд,ептен депресивно ми делува
Се каам затоа што не ја слушав мајка ми што ми зборуваше и не и верував... штета, години подоцна дознав дека ја зборувала вистината.
Штета и жално е академски граѓанин, да незнае да се изразува. Да не може да спои две сложени реченици, да нема речник на зборови кои му прилегаат да дипломата што ја има. Тие некој ќе се на високи позиции,а некој што завршил факултет со солидно знаење ќе работи за него. Вака ќе е се додека факултетската диплома е лесно да ја земеш исто како тоалет од веце.
Среќата доаѓа капка по капка за да си замине како река, а несреќата доаѓа како река, за да си замине капка по капка.