Сакам да кажам дека кога ништо не очекуваш, добиваш сè. Сакам да кажам дека енергијата што ја добиваш од луѓето е сè. Сакам да кажам дека еден поглед значи сè.
Сакам да кажам дека треба да се воведе целосна контрола при вадење на лекарско уверение за возачи. Неможе секоја битанга да биде возач, учествуваш во сообраќај, незнаеш знаци, предност, луѓе гинат. Задолжително комплет испитување на здравствена состојба,мерење притисок, шеќер во крв, срце, крвна слика, ЕКГ, разговор со психијатар и тоа подолг. Бидејќи го плаќам тоа лекарско, 2200 денара, а не добивам никаков преглед. Става печат дека сум потполно здрав, а не знае дали имам притисок, шеќер во крв и останати аномалии што можат сериозно да го загрозат животот на луѓето на патиштата. А не од дома седам, и преку врски одам си го земам. Епа затоа не не бива како држава. Во Германија, Австрија овака ако се вадеше лекарско за возач..... И кога се полага за C+Е да се воведе и рикверц паркирање на приколката, гарант нема ниеден да положи.
Најпогрешната одлука што може да ја донесете е да се заљубите во човек со кого различно гледате нна животот, со кој дишењето, однесувањето, размислувањето, па дури и сонувањето ви е различно.... Во овој однос никогаш нема да го добиете тоа што го сакате, нема да го слушнете зборот што ви треба, нема на ја направи постапката која е според вашите очекувања и никогаш, ама баш никогаш нема да бидете среќни........ И да расфрлате со аргумети во секој чекор , обидувајќи се да го превоспитате, да ви мава „шамари“ со своите тези животни за да ве превоспита ништо, ама баш ништо нема да даде резултат... Нема слепа заљубеност што може да ги замаскира овие разлики , а кога ќе погледнете назад тоа ќе биде нај залудно потрошеното време од вашиот живот!!!
Никола ми е едно од најубавите машки имиња. Али зошто мора да се квари со скратеници како Кољо и Коле? Not cool...
Да бе сака си ги безусловно а утре кога ќе пораснат кој повеќе ќе сака тпј поубавиот или тпј со наочарите. Ако ги раѓала и ќе ги сака и двете осто и со двете ќе се слика заедно, а не веќе и мајките станаа опсесивни со тоа сликањето. Уште што нема да слушнам. Кога правиш да изгледа сѐ нормално, испадне да биде уште поненормално.
Порано ме нервираа многу помалку работи, сите ги разбирав, најтолерантна личност на свет. Ама не знам дали ова е созревање, или ме удрила реалноста во лице, ама ми пречат разни нешта. Уствари сум се претворила во мини верзија на моите.
Она кога си мислиш дека у Дојчландија конечно ќе си купиш се што сакаш да носиш, оти ем пари ќе имаш, ем и повеќе продавници и поголем избор, ABER... Никад нема да шетам по фармерки, тренерки и дуксер, секогаш и секаде, НИКАД!!!
Им помагаш дури и кога се срамат да побараат помош, ги советуваш секогаш кога имаат било каков проблем, плачеш и се смееш заедно со нив, покрај нив си во најтешките мигови од нивниот живот, за накрај при најмало несогласување да ти го зададат најнискиот можен удар искористувајќи ги сите информации кои ги добиле за тебе во миговите кога всушност си била најранлива.. Кога ти раскажував за моите несигурности, каења и стравови, тоа го направив затоа што ти верував. Но, ти честитам .. и ти си уште една на листата на “другарки“ за кога ти е најтешко.. браво
Врв на одговорност и внимателност ми е кога некој во прилично обичен муабет сам ќе се понуди да ти направи ситна (дури и не толку важна за тебе) услуга, и и без да го потсетиш, дури и по долг и исполнет за него ден - успева да му текне на тоа што ти го ветил и да одвои малку време за истото. Многу ценам и возвраќам на вакви луѓе...
Мислам дека единствена сум што ги нема прочитано книгите 50 нијанси сиво,и што ги нема изгледано филмовите,ова го знам со оглед на фактот што знам какво лудило преовладуваше по интернетов. Другарка ми ме напна начисто,готово,упорна е секој ден ме моли да одиме на кино да го гледаме овој најновиот дел,а пред тоа за да ме вклопела ќе ми ги пуштела на интернет првите два дела. А јас не сакам само смислувам нови изговори,ама таа ептен е упорна и упорна.... Помош? Чаре некое?
Јас лично би ти рекла да одиш и да видиш. Ако не ти се допадне, во ред. Јас бев таква и не сакав да одам, пцуев по секој што ќе го споменеше филмов. Затоа после завршив гледајќи ги филмовите и читајќи ги сите 3 дела.
Она кога нешто што ќе прочиташ, е толку блиску до реалноста која ја живееш, што со цела сила ќе те тресне од земја
Наслови од рандом сајтови што откако еднаш ќе ги видиш, тешко дека ќе ги заборавиш: - 29 годишна девица го очекува своето прво бебе зачнато со ин витро. - Наскоро се очекува да се роди бебето зачнато од тројца родители. - Маж (порано што бил жена) на свет го донесе бебето зачнато со жена му што порано била маж. - Татко и син направија операција за промена на полот, па се разбудија како мајка и ќерка. - Мајка и син незнаејќи дека се во роднинска врска, стапиле во љубовна врска па го очекуваат своето прво бебе. - Кинез направи свадба со кукла на дување. Ако вакви работи ги прават среќни луѓето, нека продолжат, само не знам како вакви вести дошле до ушите на македонските новинари и сајтови, па им посветиле толкаво внимание. Толку нема ништо поинтересно за пишување?
Зошто кога ќе запознаам злобен/завидлив/лош човек упорно тражам нешто добро во него? Ех до кога вака.
@Rama јас го имам гледано само првиот дел и останав на толку. Не си единствена што ја нема фатено лудилото по филмот. Ништо посебно.