Сакам да кажам дека никогаш не ни знаев да кажам , да покажам каков маж сакам до себе и замислете ете го го најдов На сликава мислам ми се скрил мажот од фантазиите, секако без ова брадичката Самоуверен, хразиматиичен поглед кој ја гледа партнерката како да е добивка за него, доминантен став кој знае што сака од животот, да не речам кој знае дека ја сака само неа сега и овде, перверзност во очите која говори за ненаситноста која го преплавила за неа и седа коса, коса која говори за искуството, за битките кои ги водел, за патот кон својот сон, за борбата и за сите жени кои минале покрај него, и за тоа дека сега знае дека ти си таа, и нема плус нема минус, тоа е тоа.... Е сега само уште да дојде , ако може утре ете на празникот
И јас сум во клубот на тие кои немаат изгледано ниту еден дел а не ни планирам да гледам. За читање на книгите па воопшто не ми ни паѓа на памет да си трошам време на книги од овој тип (со извинување до оние кои имаат високо мислење за книгиве, ама јас мислам дека не се вредни за читање). Само трејлер што изгледав и веќе ми беше јасно дека филмовиве нема шанси да ги гледам Инаку сакав да кажам дека и моја другарка бара друштво за да оди на кино за најновиот дел да го гледала, па ако сакаш чаре давај број од другарка ти и ќе ги договориме заедно да одат
Многу работи сакам да кажам, ама ми е страв. Зборовите се трње, ако ги плукнам ќе ми го распараат хранопроводот, ќе ми ја наполнат устата крв и парчиња месо. Ако плукнам, сите ќе видат. Се прашувам. Дали закопувањето на желбите е доволно да не разочараш некој? Но со тоа доаѓа разочарување од себе си. Кое разочарување боли повеќе? Дали е ова животот што го сакам? Дали сите се прашуваме секојдневно, или е време да прогледам. Скарани сме со огледалото. Не ја сакам жената што ми ја покажува. Таа е многу пасивна. Нејзе и тежи чекорот, и тежат соништата. Нозете и се тромави, одот бавен и траурен. Не може да мрда. Мечтите дивеат. Таа пробува да ги закопа. Да ги удави. Тие лажат дека спијат, па се будат повремено и протестираат. Дали некогаш ќе замолчат? Таа е тркалезна. Уморна. Кожата нејзина е мазна, кремите за нега скапи. Годините се "најубави" а поривот ко плима. Но, потенцијалната енергија не успева да порасне во кинетичка. И оди, оди. Каде не знае. Оди, со железните нозе, со шилците на стапалата, и секој чекор е болен, без суштина. Сакам да се видам себе си во огледало. Не ја познавам јас таа жена. Долго ја гледам, ама не ја познавам. И таа само ме гледа. Ништо не прави. Ме гледа. Боже колку е досадна! И нападна. Само гледа. Ништо не прави. Околу неа летаат птици, таа не ги гледа. Боже колку е глупава. И еднаш едно маче и застана на рамо, и од тогаш стои таму. Мјаука, се лижи, ја лижи. Ама трома и е раката за да го погали. Или не го гледа. Зарем е слепа? Келнер! Дајте ми друго огледало! Дајте ми друго огледало, Ве молам! Ова не работи. Поправете го. ... поправете ја...
Еве го најдов... Еве го за нас... Еве го за сите нас феминки, силни на свој начин... Еве го нека трепка, нека не потсетува на се...
Читам во темата “што е најмрзливото нешто што сте го направиле” и се чудам што ќе правам ако ми е толку мрзливо детето. Сериозно, мрза, неодговорност и неспособност за самостоен живот не се нешто за фалење. Поминав некое време со таква личност, сакав да ја убијам.
Животот е убав,со сите убави и помалку убави работи што ни ги носи секој нов ден, со секоја радост и тага. Убаво е кога човек знае да им се радува на малите нешта, на ситниците, кога знае да се заблагодари на секој убав гест. Човек кој постојано се жали и кажува дека ништо убаво не му се случува, дека другите нечинат и кога во секоја една работа знае да најде или направи проблем, не е до другите, во себе треба да го најде проблемот и да го реши.
Не значи де, не реков тоа. И јас имам денови кога не ми се мрда од кревет. Ме инспирираше темата, муабетот ми беше за луѓе што цело време така се однесуваат.
Сдк зошто некои луѓе сакаат да се упикаат кај што не им е местото. Па не може да се уклопат сите секаде
Не најдов соодветна тема. Сакам да и ја посакам сета среќа на овој свет на @vitamina и во четврток да заблеска целосно. Да биде насмеана и да и се наредат сите коцки. Секогаш да бидe позитивна и да ја видиме во фустанот. Заслужува од се срце.
Останаа ли кавалери и џентлмени во овој мизерен свет? Во пошта еден дечко ќе ме утепаше оти тој е на ред , а не јас, а беше застанат надвор од редот да си чачка во телефон Ајде повели пред мене му реков со висок тон! Во истиот момент се обратив на останатата толпа што чекаше: кој смета дека е на ред и дека сум му го фатила местото, нека повели! Сите чекаме, имам разбирање дека во таа гужва ненамерно може да фатиме место, ако некој смета дека не сум на ред нека застане пред мене, не правам проблем! Настана штама во просторијата .Се засрами дечкото, главата во земја и не знаеше како да излезе низ вратата. Страшна работа!