@JollyGirl @x.Daisy.x Мене една колешка ми вика оти имаме ист матичен заболекар, да сум и земала некое кафе чоколада и така она ќе ми дадела боледување. Како па да не дека ќе земам мене тоа ми е глупаво така јас да земам ќе ми изгледа како да го поткупувам, јас ако одам таму да тражам што ќе тражам значи отидела сум по совет а не да и носам кафе па чоколадо што да не сака и вино да и носам. Како прво тие се доктори и нема што да им носат подароци, не можам да ги разберам, каков народ сме а викаме не сакаме поткупување не сакаме лажење, па почнете првин од себе и после другите. И што ако не и однесам зависи за што и за кого се работе што нема ли да ме услуже, епа нека не мора ни терам ни водам. Треба да се опаметат ама изгледа нема.
Љубовта е сила поголема од било која друга. Невидлива е, не може да се види или да се мери, сепак е доволна моќна да те трансформира за момент и да ти понуди повеќе радост.
Доцнам еден ден, ама да не остане некажано. Многу ми е смешна дебатава, дали да се слави Валентин или Трифун. Најчесто на една страна имаме личност во врска што за еден ден станува дупло полигава од обично, а на друга изнервиран православен кој се чувствува индиректно повикан да ја брани верата. Доволно е да се каже дека е очигледно зошто дебатава нема разрешница. Генерално Валентин се смета за католички празник, но интересно е што неколку цркви го имаат прогласено за светец, меѓу кои и источната православна, но не и католичката. Таа го има деканонизирано уште пред да се актуелизира кај нас. Сепак, тоа е една од причините поради која дебатава добива религиозна форма. Ама, да бидеме реални, смешно е да се преправаме дека црквата има некаква улога во комерцијализацијата на Св. Валентин. Одамна таа нема удел во масовните празници како Божиќ, Халоуин итн. Па ваквата ситуација можеби звучи како некој одвратен порок на денешницава, но дали навистина има некаква закана, освен нели, заканата кон џебот на луѓето кои сами одлучуваат каде ќе ги дадат своите пари? Apparently, има, според старите конзервативни луѓе кои тврдат дека ни се наметнува нов општествен поредок, масовно перење мозок, секако, од „запад“. Која би била целта на американската влада, ни тие со сигурност не знаат, но она што го знаат е дека патот за постигање на таа цел е продавање срценца и балони. Друга анти-Валентин група се слабоупатените православни кои се обидуваат да ја вратат младината на вистинскиот пат со противтежа на Св. Валентин, т.е. првиот светец кој се погодил да се слави во истиот ден. И пред да рипне некој, не, не можете да ме убедите дека уникатните quirky млади луѓе кои попуваат за славење Св. Трифун (амин) на социјални мрежи ќе имаа исто ниво на верски активизам да не се актуелизираше Св. Валентин. Please. Интересно е што буквално следниот ден, т.е. денес се чини дека е поголем христијански празник од Св.Трифун според православниот календар (нешто во стил Јesus meets world for the first time), но за жал нашите православни активисти се зафатени со раскажувањето колку се твроглави и специјални, што почитуваат само „наши“ празници, а не западни измишљотини. Постои, секако, и трета страна на дебатава, а тоа се оние кои ги соединуваат двата празници, што знам, наоѓале некаков баланс меѓу нив и тврдат дека демек на крај на иста порака се сведувале и треба нели многу секуларно да си ги „толкуваме“ и двата. (Жими сè, овие се тие што ја измислиле проклетата фраза „денот на виното и љубовта“.) За неутралниве, да се надеваме дека ќе им биде пријатно во ходникот на пеколот, кај што би ги сместил Данте. Anyhow, Св. Валентин е факинг изнасилен празник, не велам не, ама уште поизнасилен е Св. Трифун, кој некако ја искористи фркава и си доби повеќе „фанови“, чисто од инает на Валентин. Останува само да се надеваме дека загрижените, отпорни-на-комерцијални-глупости православни не красат новогодишна елка дома, оти отиде сè во вода.
Како стареам на другите им изгледа дека станувам помудар, а јас сум само едно магаре натоварено со книги.
Кога сумм депресивна, се изолирам од сите секогаш сама се обидувам да си го најдам сама патот кон себе, ама баш тогаш кога мислиш дека си му терет на секој, на се, на себе пред се ќе се најде некој кој дрско ќе ти рече„остави ме“... Минута молчење феминки мои за ваквите душички кои чекаат човек да е долу за да го згазат, за да го распрачат и да го направат безвреден.... Минута молчење феминки мои за себичните кои не знаат нникогаш , никому рака да подадат... Мене денес прв пат не ме болеше овој удар, и радосна сум, сум ги надраснала и пораснала баш во таа состојба која ја понижуваат тие... Минута молчење за телото што го влечкаат и китат со најскапа облека, а под неа трули мртва душа....
Откако ни ги предочија тажните последици од укинувањето на пресветиот воен рок олицетворени во дечко што носи ташна, македонските онлајн богови на смешките Камај strike again – со видео на кое девојка млати, клоца и му удира глава од ѕид на дечко, сето тоа со дескрипшн „Ден после Валентајн“ Фрчат пак, како и во првиот бисер, илјада и кусур лајкови и доле простаци се тагнуваат, плачат од смеење... Има ли надеж за македонскиов бејзик широкоприфатен хумор?
Конечно успеав да направам успешна запршка на манџа,радост ми е ова,и успех,нели како за вистинска македонска жена Не за друго,досега горчеа сите јадења,во обид да ги направам поцрвени,ги правев само погорчливи,а и се заигрував со маслото,пливаа манџите од масло Ајде ќе ме биде
Позади секоја насмевка се крие среќа,но и болка која другите неможат да ја видат. Па често знаат да коментираат дека на тебе ти било лесно. Но секогаш има бар еден кој ќе ти рече: Ај престани да глумиш,и кажи си ја маката. Си ги сакам овие што ме дешифрираат
Една пријателка психијатар ми рече: „Ти си торнадо од емоции, една чудесна хиперсезитивност, во облик на торнадо, и како очекуваш од луѓето точкички, кои немаат вкусено покажување основна емоција да се однесуваат како тебе? Како, како ли се разочаруваш во нив, кога тие се мали точкички?“ И трепкало тоа во мене, варело што би рекол некој и утрово прв пат го почувствував тоа... Прв пат ја почувствував рамнодушноста пред точката која некогаш мотив за милион работи ми беше... Па нека трепка тука за добро утро можеби и вам ќе ви користи!
Како што извинувањето и простувањето имаат моќ... ништо друго нема... ништо... Се што ви е тешко, мачно и неубаво од себе, во себе, за себе или друг...пуштете глас... а ако сте тие на кои ви бараат прошка не се кријте зад големите ега... не знаете колку убаво се дише потоа...
Животе, зошто? Не ја ни познавам жената, по три инвитро - последниот обид резултира со фетус а потоа го снема....не ја ни познавам жената, беше прерадосна по тел сакаше да му помогнам со исхраната....и и пуштив порака што се случи, дали сакаш да продолжиме? го изгубив бебето ми пиша, не сум во состојба ништо да правам. А јас имам маж кој не сака да си го види детето, и син кој не си го познава татко си. Зошто тоа копиле има дете, макар што е и мое - а жената не можи да има? Моментално и јас плачам, тоа бебе ќе имаше и пари и татко и мајка. А сега го нема.
Кога ќе переш на тараса под нулата на снег, тогаш дојди и збори ми за љубов. П.с. Ова нема никаква врска, едното со другото.
Колку треба да си мизерен, без осет, основна култура и манири кога на една иста жена со години цело време и вршиш притисок и поставуваш едно те исто глупаво прашање кое гласи: А ти што чекаш, кога ќе родиш второ? Затоа денес, после долги години, женава конечно им врати со: Може не чекам! Колку добра тишина настана после кажаново... Друг многу глупав муабет што идеше денес: - Абе на оваа и рекле крвна слика да направи, да провери дали е трудна. - А гинекологот ја пратил? - Да. - Е, ова го има само во Македонија, гинеколог да неможе да види дали си трудна, а крвната слика да и каже. Е, драга моја, ако си неинформирана или неедуцирана, подобро е устата да си ја држиш добро затворена отколку да покажеш на светот колку си уствари "паметна" ти самата а не гинекологот.
Колку што е глупо кога на фб на некој му честитаат роденден со негова слика кога бил 8мо одд по пижами на екскурзија, 100 пати поглупо е кога му пишуваат на ѕид да почива во мир на некој што починал. Барем во првиот случај славеникот ќе ти врати Фала, а што е со вториот случај? Изрази им сочувство на блиските, и навистина не мора на ѕид да му пишуваш да почива во мир. Не знам што очекуваат да се случи откако ќе пишат на ѕид таква глупост кај човек што не постои. Морбидно е. Исто како што е морбидно и без осет на мајка што ја изгубила ќерката, на ѕид да и оставиш поема за смртта на ќерка и. Мајката кога ќе се приклучи на фб и кога ќе ја види поемата што да направи? Да рече фала што ми го искрши срцето? Лајк да стави? Да игнорира? Да реагира со расплакано човече? Останатите луѓе треба лајкови да притискаат? Слабо осет и сочувство. Сигурно не мислат ништо лошо такви луѓе, ама кога се делел осетот тие во некој ќош биле скриени.
Тапа ден, без некој посебен разлог. Цело тело ме боли, или ме фаќа настинка или реума. Се надевам настинка е. Премлада сум за реума, im not even thirty. Иако се осеќам ептен shitty не го прескокнав денешниот аеробик, мислејќи дека ќе ми биде подобро. Под туш ќе заспиев. Енергија левел: нула. Прогноза за викендов: кревет, пижами, серии. Well i think im getting old after all.