Баба ми велеше немај доверба ни во сопствениот задник и тој може да те изневери, па да пуштиш голубче да ми простиш на изразот. Некој учи на туѓи, а некој на сопствени грешки.
Кога се паѓаше во несвест #protivDEPRESIJATA кога се изгуби животот на млада професорка сите беа сложни дека не треба да се игнорира,треба да те разговара. Пишуваш те фатило некое депресивно расположение и одма си на сеен. Те вика во емисија,внимателно те ислушува,слоза поронува на твојата тажна судбина. Се гасат рефлектори не те ни поазнава. #ичНеСмеЛицемерни-само малку.
Вистински пријател,на кој вистински му значиш,никогаш нема да бира зборови кога ќе ти зборува.Ќе ти каже се и сешто.Секогаш прв и секогаш искрено до срж.Но доколку некој друг се обиде да те повреди,би се погрижил тоа да му биде и последен..
За сите оние кои сенпигчасно се каат за пропаднатите љубови, за премолчените емоции, непотребно закопани за кеиф на комшиите нека им трепка овде...
СДК има такви напорчиња... Олабавете бе. Се ви е тесно, се ви е малку, се нешто ви фали, се вие најпаметни. Да, ви фали една добра анализа да си мавнете сами на себе. Уморна сум неделава од вакви.
СДК 1:Денес го превртив цело Веро да најдам чај од магдонос,барав ли барав,пред очи ми бил не го видов,а баш убаво гледав Моментот беше кога на една постара жена и реков да ми помогне,и таа за секунда ми го најде,и се заблагодарив нормално. Ама ми беше смешно,секогаш мене ко помлада ми пристапиле повозрасни да им помогнам нешто а сега беше обратно. Е па тоа е,кога не си ги носам наочарите СДК 2:Од луѓе,најмногу ме нервираат оние кои мораат да се секогаш во право
Сакам да кажам дека на форумов премногу ми недостигаат смешките на @Summerlover Самерке ако не читаш овде на форумов, аман жити се враќај се зошто овде многу депресивни човеци станавме
СДК дека секогаш кога сакаме некому да му посакаме убаво , му посакуваме здравје,среќа и живот. ВЕРБАТА никој не ја спомнал. А замислете ако неа ја изоставите, првиот тежок момент во здравјето,среќата и животот,ќе Ви се сруши се. Вербата ги држи сите убавини.
Се договарам со другарка да излеземе во кафич во моја населба зошто претходно требало да оди кај роднини во населбава. Арно ама, ми се јавува, ми вели морало Центар да сме оделе. Причината- мајка ѝ не и дозволувала да доаѓа навака, туку морала секогаш во Центар да биде. Дури се испокарале. Не дека мене ми менуванешто, ама не сфаќам зошто има потреба толку да ја ограничува на 19 години. И не е прв пат вака да и' кажуваат што и како да прави. Се случувало и претходно да не ја пуштат негде чисто бидејќи така не сакале да биде таму и таму. Еднаш не ја пуштија да излезе со мене во еден ресторан бидејќи татко и' мислел дека ќе не нападнел некој таму. Кога бевме на екскурзија во Прага во трета година, и' рекле ништо да не купува од таму. Кога требаше еднаш да излезе девојчево со другар, мајка и' и' рекла да не планира ништо со него зошто не го бендисувала така на изглед. Татко и' пак, понекогаш и' го чекпал телефонот да види со кого пишувала. А девојчето е фино, нема потреба толку да ја ограничуваат. Ќе речат некои, родители биле, мислеле најдобро за неа. Ако беспотребно му ограничуваш на детето каде да оди и да се дружи и тоа кога веќе станува возрасна личност, не правиш ништо добро, само му го отежнуваш осамостојувањето терајќи го да се чувствува како марионета, морајќи за се' да чека дозвола и наредба и потценето. И да велиш да не излегува зошто ќе го нападне некој, веќе е параноја, не грижа. Ај дома да се затвориме, најбезбедни сме нели . Не знам кога некои луќе ќе сфатат дека строгиот однос кон детето нема никаков позитивен ефект врз него.
Знаеш дека се дружиш и си опкружен со прави луѓе, кога никој од нив не те викнал да идете на Ана и Раста и никој од нив нема ставено сториња од нивен концерт пошо вчера си бил на поинтересни места.
СДК Струмица е супер град и имат многу јаки журки амаа... зима е и поќе голи жени немам видено во фебруар никогаш..
Сдк се е отидено,секој гледа за другите а не за себе,место да гледаме за себе гледаме за другите да им биде ок,секогаш ни е крив некој друг
Пабло Неруда , Матилде, жената која ја опишувал во своите песни како универзумот по кој трагал низ животот и на крај го открил во неа, кој љубовта ја дефинирал како маѓија која не прави подобри, помоќни, посигурни, која не прави најдобрата верзија од нас самите, ќе се разочара кога би видел дека ние цел форум тука пополнивме пишувајќи за љубов која не унаказила, разочарала, повредила, наполнила со бес и ни ја рушила самодовербата... Време е и ние феминки да го најдеме нашиот универзум кој ќе не направи подобра верзија, каква не сме ни сонувале...........
Порано пе*ер беше тој што имаше дисбаланс во хормони и се знаеше тоа. А сега е помодарство така да да, тоа во книгата е точно. Епа не може никој да ме убеди дека секој трет има дисбаланс у естроген бе, не верувам!!! Адервајс нивна работа со кој сакаат нека бидат. Никому не му се мешам. Зборам за тоа во книга што пишува .