Сакам да кажам, дека често сум контрадикторна кон себе, а тоа е така зошто се чувстувам така. Во исто време сакам и неќам. Во исто време сум среќна и тажна. Кога кажувам за еден настан, јас во него сум и среќна и тажна, и сакам да го правам нештото и неќам. Не е апсолутно грешно ако кажам дека сум среќна, ама и ако кажам дека во исто време истото ме прави несреќна. Со ова сакам да кажам, ќе биди вистина ако кажам дека имам висока самодоверба и високо мислење за себе, ама исто така ќе биди лага. Имам многу силни, интензивни емоции, ама сепак држам рамнотежа во средината. Во скоро секоја ситуација, со сосем благо наклонување кон нешто. Дај бар да се напијам, за се ова да прај смисла.
Добро бе, шо чоек сум бе ја шо прв пат после месеци за прв пут се израдував ко мало дете, и тоа оти Киндер јајцава у Дојчландија се со Маша и Медо?! А не ни јадам тоа... И сите што не ме знаат се чудат оти се палам на светки, холо ствари, играчки, мечиња, имам милон чашки со цевки, со светки што мрдаат у нив, ги гледам сите цртани, влегувам во продавници за играчки и испуштам звуци ко да имам оргазам, да ми извините на францускиов... Најверојатно оти го правам истово, облечена цела у црно, со сив кармин и рестинг бич фејс, на 26 години... Се се мислам дека плановите за строго родителсво ќе ми пропаднат у вода, оти моите деца не мора ништо да ми побараат да им купам, веќе ќе го имаат. Страшно.
Кога ќе размислам подобро некои околности не се за простување. Кога Бог простува по автоматизам простува и човекот. Прошката е вистинска кога е заслужена. Простете, за да ви биде простено.
Сакам да кажам, муабетот од @buba4e89 погоре ме потсети на нешто што зборуваше мајка вчера со комшивката. Ѝ велеше нешто во смисла дека ние бараме прошка од тие со кои сме во добри односи, а не со тие со кои не сме. Дека денот било да се смириме со тој што сме во лоши односи, нели си згрешивме па сме во такви односи. Жената има еден таков однос, па размислуваше да ѝ побара прочка иако несаканата ситуација не е предизвикана од нејзина страна. Следно што сакам да кажам, овој ми е најнеомилениот празник. Мајка ми секогаш се жали дека сум била ѓубре дете, не е далеку од вистината. Кога ќе дојди овој ден ми е тешко зошто или треба да изгледам како отпадник во фамилијата или да лажам. Неќам ни едно. Ќе бидам отпадник ако не побарам прошка и ако не простам на тие кои бараат од мене. Или да лажам и да барам прошка, и да простувам на тие кои бараат од мене. Јас барањето прошка го сфаќам многу сериозно во последно време, не од религиозен карактер туку од интерперсонален, до степен ако те неќам нема да побарам прошка зошто неќам да бидам во добри односи. Или пак ако те неќам не можам да те излажам дека ти простувам. Лага е, едноставно. Не сакам да лажам, и не поради некаква казна, едноставно ако лажам јас, ќе очекувам да бидам лажена. Злопамтило сум, се неќам ради тоа, ама тоа е вистината. Злопамтило кое простува е ... Невозможно. Имам една другарка со која не сме во добри односи на која ѝ памтам дека ми згреши нешто пред десетина години. Ако таа ми побара прошка, стварно нема да знам што да ѝ вратам дури и денес. Останете ми поздравени дур јас се двоумам како ќе ги поминам првите десетина минути од фамилијарната средба!
Во еден момент се чусвтвуваш како да имаш сила да го освоиш светот, а веднаш после тоа се осеќаш како најголемото го*но на цел свет. Зафркнато.
Си го мислам. Доцна во ноќта. Во раните утра. На светлината на денот и во темните ноќи. Ми плови низ мисливе толку нежно и мирно чиниш се постои само за него. Чиниш светов запира за да не го вознемирува неговото постоење во мојов живот. Чиниш.. ако само нешто не е баш такво како што е... целата хармонија ќе исчезне низ новите струи на воздухот. Си го мислам и кога спијам и додека сум будна. И додека дишам.. или не.. А кога бев со него често не дишев. Често ќе го запрев воздухот на 2-3 секунди само зошто сакав да задржам некој момент да трае подолго. Мислев дека тоа совршено чувство само така можам да го чувствувам само уште малку.. Потоа сфатив дека со него секој миг ми е комплетно совршен за да го пропуштам поради некој друг миг.. па дишев колку можев повеќе. Сега го дишам него. А низ него.. и се што тој ќе каже или ќе допре.. Денеска простувам. За се и на сите. Некои делови од мене одамна беа застанати на различни фази од поимувањето кое не можев или не сакав да го разберам и преку кое претходно не можев да поминам. Време е да се пресечат јазлите, да престанат да се хранат старите болки, гневот со уште повеќе гнев и да се тргне. Оти не се стига до целта ако нешто те влече назад. Оти расчистувањето со старите сметки со себе си е најдоброто нешто што можеш да си го направиш. Дека убавината честопати не е онаа генерална замисла за работите, туку многу подлабоко од тоа. Складноста на емоциите со кои се носиш е најбитниот нејзин детаљ.
Многу интересни ми се оние луѓенца кои ги немало 3,4 месеци или цела година и одеднаш добиваат таква енергија да ти влетаат во животот, така сосем случајно. Ако сум ви недостигала, како што тврдите, зошто не сте биле барем малку конзистентни во истото? Aqua entertainment Inc. is no longer available. Чао.
*Disclaimer: не сум од оние кои имаат нешто против било кој издвоен датум посветен на вредност која секако дека треба да се негува цела година - вклучувајќи ги и оние верските, иако не сум религиозна. Disclaimer 2: ова не е мрчење, туку само размислување...* Простувањето не е само ствар на религиозност, туку и на психа и човечност. Затоа, и денес запомнете да се извините за можните грешки, навреди и повреда на чувства кон оние кои навистина ја заслужуваат вашата почит, да простите од срце на оние кои навистина го заслужуваат тоа... и за оние со кои сте се помириле и ветиле дека ќе ги премостите разликите - навистина да стоите на тоа, а не да остане само изустено под влијание на празникот. Затоа што ваквите денови ја постигнуваат својата поента кога таа вредност на која се однесуваат (без разлика дали е простување, љубов, мир, ден на мајката, на жените...) се нагласува и сите од срце се потсетуваат колку е важна, а не само ради реда да ја шират привремено затоа што е таков денот.
Вика една туфла - Откако го запознав него, ми тргна, го пропатувавме светот, многу сум среќна, еве дојде ред на свадба. Другарка ми - Па логично, он е програмер со пари. Штама. Savage. Многу језива искреност има, ама и ја сакам. И викам - Многу ми е мачно, мислејќи на мачнина у стомакот после јадење. Она - И мене би ми било мачно со таа ружна фризура, дај земи смени ја. И си запали цигарче... Фризурата навистина ми е ужасна, што е право, право е.
Кога си од животот разочаран како мислеш да продолжиш понатаму, како можеш да живееш, дали можеш да живееш. Што ти преостанува освен да се надеваш, а за кого, на кого да ја даваш таа надеж, со кого и како да продолжиш да живееш. Што ти преостанува, животот е суров, за тие што биле повредени, не од човекот лично туку од сопствениот живот, гледајќи што се случува околу него како тој или таа ќе се изградат како личност во тој суров и безначаен живот, како ќе може да ги помине сите пречки до дека да стигне до одредено ниво на живот. Во кого да се огледува кога нема никој до него, во кого да верува кога никој не му кажал што е тоа доверба, по кои стапки да оде кога нема никој пред него. Што ни преостанува, надеж верба, упорност, поддршка, љубов, светлина.... Останав веќе без зборови.
Луѓе смислувам план за одмазда Дечко ми многу ме нервира, ќе се изнасликаме и на крај кога ќе ја постира нај значи НАЈ гадната слика ми се темни. Ми ги праќа мене другите да ги видам ја лепојка на тие Ова намерно изглеа, демек он поубав
Недела ми е ден за кој ги оставам најтешките или најдосадните обврски што треба да ги завршам затоа што секогаш мислам дека од некаде волшебно ќе добијам премногу енергија, и потоа како и секогаш завршувам поминувајќи го цел ден со некоја серија, книга по слободен избор или пак единствената активност за денот ќе ми биде дишењето Не, не ја сакам неделата како ден и никогаш нема да ја засакам И кој го измислил она дека Sunday е funday, стварно не знам што гледа fun во немање појма што да правиш со животот. И тоа
Сакам да ви кажам, како да ви кажам. Ви се познава некоја ароганција. Форумов не е светот, па пред да пишете нешто, одалечете се од компјутер, погледнете околу себе и забележете каков живот водите. Можеби и не сте толку битни колку што мислите. Балонот не се дува до бесконечност, кога тогаш ќе пукне. Изморена сум од секакви филофозирања за секое едно нешто. Знаете што, кога во животот ќе се сретнете со некоја ситуација, ниедно правило не важи. И наоѓаш сила што не си бил свесен дека ја имаш. И ти е преку глава од луѓе што ти дрндаат такви филозофии, затоа што реално...не сфаќаат, не се битни, немаат влијание. Да го допијам чајов и да каснам нешто благо. Мислам светов ми се закачил на рамена, умор.
Грди ми беа мусливе од јаболко за јадење ама денес ја јадам последната порција од пакетчето. Тамам го навикнав вкусот се потрошија. Исто и во животот. Тамам се навикнуваш на тешко и го прифаќаш горчливото, тоа поминува. Имајте убав понеделник.