Дојде време да не може човек да си се облече слободно во црно,а да не биде запрашан зошто така,да не е во жалост Често ми се случува,луѓе кои не ме виделе подолго,да ми речат само здраво,и втор збор,леле зошто си во црно цела,кој го жалиш Wtf!!? Откачете се бре Нит жалам некој,нит ништо,едноставно одсекогаш црната боја ми е омилена и 90% од облека и обувки ми се во црна боја.
Љубовта на 26 има една дефиниција, а на 30 години сосема друга... Затоа не залудно рекле љубов е онаа која ќе ти се случи после 30, откако си порпилично создреан за да знаеш што сакаш и што ти треба
Mразам ама многу мразам откажување на нешто 5 до 12. Буквално. Си тргнал од еден крај на друг крај на градот, оти нели договор е договор, на крај 5 минути пред да стигнеш ве известуваат дека средбата е одложена, од причини што се ептен глупи. Две недели унапред се знае кои сме-што сме, знаат точна бројка, ама немале време да се организираат. Ај јас ќе се вратам назад не е проблем, ама некој од Тунгузија се забрал да дојде рано -рано, за да го вратат назад Професионалност на нивоУ.
Мразам дожд. Понеделник сабајле и дожд по катастрофална комбинација не може да биде. Секој пат денот по утрото не се познава. Лошо утро а добар ден излезе денес.
Читам по форумов и се прашувам понекогаш од каде ги наоѓате тие луѓе околу вас? Не знам... ама мене не сум забележала некој намерно да ми работи зад грб, немам злобни комшии, не ми пишуваат манијаци ни на инстаграм ни на форумов, никој не ме прашува зајадливо кога ќе се омажам, ни колку плата зимам ни зошто носам црно. Не ме бараат за жирант, одамна не сум имала испад од некој вработен на шалтер, не ми доаѓаат комшики на кафе за оговарање (а ни на мајка ми), не ме прашуваат од која партија сум и за кој сум гласала. До мене е изгледа... живеам у некој паралелен универзум...
И така сабајлево си имав гости, поточно тетка ми, и си ја вработила комшика и на тоа работно место за каде што јас студирам еве веќе 3 години, браво тетка ми!! Напред во нови победи со поддршка од најблиските СДК и родниниве не се тоа што беа, ама добро е, сега во лице ти кажуваат, порано зад грб оговараа
Често слушам муабети од луѓе кои го споредуваат „своето“ време со денешново, најчесто во негативен контекст и речиси без исклучок како критика на некои денешни појави. „Денес петнаесетгодишни девојчиња имаат секс, па ја на тие години уште си играв со кукли“ или „Еее, децава денес не можеш да ги станеш од компјутер – ја на нивни години си играв по цели денови надвор; немавме ни играчки, си игравме со камења и кал“ и слични ствари. Ваквите работи се кажуваат без притоа да се земат во предвид фактите. Како на пример дека просечната возраст на влегување во пубертет во последниве 50-ина години е намалена од 17 на 12 години. И како на пример дека пред 20-ина години компјутерите, видео-игрите и интернетот не ни постоеле. Ако малку размислиме, целосно е нелогично да очекуваме светот денес да биде буквално ист каков што бил „во наше време“ и нема ниту една валидна причина за тоа, ама сепак – токму тоа го очекуваме. И сѐ што е поинакво од нашите лични очекувања го толкуваме како нешто негативно и лошо. Ваквите споредби се неизбежни – секој од нас ги прави, повеќе или помалку свесно – се чини дека сме hardwired да го правиме тоа. Но иако сме навикнати да го мериме светот околу нас според сопствениот аршин, не е лошо да имаме на ум дека тоа е целосно субјективно и, во најголем број на случаи, неиздржано и погрешно.
Јас често се прашувам зошто секогаш другите мислат дека подобро знаат што е добро за тебе. И ти солат памет со еден ист муабет повторен по стотина пати со изговор дека не ти мислат лошо. Па јас мислам дека доколку човек што не е ментално заостанат од еднаш кажано те сфатил, не мора да верглаш по сто пати и човекот да го малтретираш психички и да се потресува без врска. Јас најдобро знам што е добро за мене, а некој може да ми даде совет но на мене останува дали тој совет ќе го прифатам или не.
Моментот кога отвараш форум после месец дена и последни активни теми се Курва, и Какви гаки носите. Лог аут и чао пријатно.
Мене омилен момент ми беше кога отворив форум после месец дена и дежурните кавгаџики ме нападнаа дека сум немала живот и по цел ден сум дремела на форумот
Со братучед ми бевме во Џамбо и баш кога поминувавме кај играчките, тој се лизна на влажните плочки, се сопна и за малку ќе паднеше. Се фати за рафтот до него, му паднаа неколку играчки врз него, малку се удри ама ништо не му беше...Се насмеавме и продолживме. Одеднаш слушаме некој вика по нас да застанеме. Се вртиме и гледаме жена со 2-3 годишно расплакано девојче. Жената му се обраќа на братучед ми: -Ај те молам кажи и дека ништо не ти е, те видела дека си се удрил кај играчките и плаче мисли дека те боли. Се насмевна братучед ми и и кажа дека не му е ништо, дека е добро и да не се секира, па ја погали по косата и ја гушна, а таа со рачето си ги триеше очињата и срамежливо го гледаше. Ептен се изненадив кога слушнав што рече. Чувствителна душа. И мајка и рече дека девојчето препремногу е емотивно. Не е свесна колку ќе пати во животот ако остане таква чувствителна, и колку нема да може да функционира. И посакувам да се смени од корен во иднина. Некои уште дур се бебиња гајле немаат ни за родената мајка, а ова кутрото плачеше дека некој непознат се удрил. Братучед ми не можеше да поверува дека непознато мало детенце се расплакало заради малиот удар, и му беше криво што дошло до плачење, ама дефинитивно се осеќа неопислива топлина кога ќе видиш како малечки очиња полни со солзи грижливо те гледаат дали си добро. Сонце. Цел ден ми остана во мислите.
Зошто се мора да има рок на траење и употреба? За некои работи велиме дека немаат цена,бесплатни биле,а сепак и тие завршуват,со тек на време стануваат гнили и трули...
Sporting во последна минута дава гол пред да го искинам ливчето. Сакам да кажам ЗБОГОМ сиромаштијо, фатив 5 иљадарчина.