Ако треба да го објаснам периодов во кој живеам и се развивам со еден збор, би било - селектирање. Селектирање отпад, селектирање безбедна храна, селектирање со кого да се поздравам и разменам муабет, селектирање стари алишта, селектирање емоции, селектирање се' што може да се подреди и да му се даде смисла. Прекрасен период и на „во едно уво влегува, во друго излегува“. И на банализирање нешта, затоа што бесмислено е во даден миг да си чесен, да сакаш подобро, да си донкихотовско магаре, а сите околу тебе да беснеат ко ветерници. И тоа чувство на универзална неприпадност е само поради нежноста со која сум си го задоила умот. Но затоа, животот ти дава грст сонце кога има најтемни облаци. Вчера на предавање, еден прекрасен ученик со Даун ми ја пееше „Што имала к'смет Стамена“. Со силен напев и радост. Сфатив дека е најдобро освен да готвиме, со нив и да пеам. Очите им светат кога пеат. Музиката е терапија што наместо да ја практикуваме, ја сфаќаме несериозно, со надменост на припроста снобовштина. Сакам во иднина да се посветам на тоа прашање. Што се' може да учини музиката за ваквите состојби кај луѓето. И во меѓувреме да си го пуштам новиот албум на London Grammar.
Треба да завршам толку многу работи што се ситници де но мене ми е толку преку глава што немам енергија. А не дека немам него мислам дека ме мрзе па оставам за друг ден и така од ден на ден само нови работи доагаат.
Гнев во мене кој не можам да го извадам од градите и да го претворам во нешто корисно. Само си се таложи во мене, а гласот ми е смирен и не задрхтува. Барем да можев да скршам чаша.
Горе читам нема да функционираат емотивните луѓе во животот. Пф..емотивците се најјаките луѓе во животот.
Како што големата Бети Буп рекла - упс! Ајде ајде, не потраја да не им притребам после 3 месеци, саде 2 и пол месеци работата која не ја работев - стана очигледно дека ја работев. Епа, кога ме избркавте ви бев терет на компанијата. А сега некако очигледна е мојата работа....Забавата само што започнува, после година дена ќе видиме дали работев или не. Отсуството мое ќе си го платите од џебот сите. А посебно лицето кое ми рече Да си ја барам среќата. Со баш тие зборови. Ајт мрш! Ти ќе си платиш најдебело, охоо со прераспределбата на работните места - има 10 000 денари помалку да земаш плата, само заради моето отсуство. Блазе мене. Јас сум во прв ред, имам пуканки, имам сокче и тоа фанта - ова ќе биде најголемото шоу, карма ис а бич бејби, бринг ит он. Тишина! Филмот ПоЧвит!
Знаиш наш газда како велиТ?? Денес секој е заменлив,ама не мисли на парите кои ги губи со замената. Да избркаш искусен,па време да обучиш нов,па и новиов да работи како искусниов?
И додека ме боли цело тело прво од бегање од нечии психички игри, па од напнатост, од згрченост, од собирање се во себе мислам пари би платила за некој да ме извади од ова на ден, два, пет... мислам пари би платила за во некој да имам доверба и конечно да си кажам се, баш се за тоа се да престане да ми го јаде телово.... Ама тој некој уште касни............
Сакам да кажам дека денеска на цел па не беше на цел глас де него онака ко збореш, викнам Сакам цел свет да го гушнам така со растргнати раце бев и тоа на работа, среќа никој не ме слушна, и така си ги скротив рацете и почнав (шочнав) ќе пишев, да работам. Инаку дека јас цел свет ке го гушнам он ме веќе гушнал одамна.
Мразам луѓе кои за све живо и диво имаат цврсто изграден став, а немаат ништо проживеано. Се они знаат како треба, со 25 години мислиш имаат 100 годишно искуство, они знаат како се живее, како треба да се постапи во секоја можна ситуација,они сите проблеми на светов би ги решиле само да се прашуваат... Леле леле сезнајковци што цел живот со златна лажица се хранети најубаво се ќе решат. Како и во реалниот живот така и тука на форумов врие од такви . Фрустрирате со толкава интелегенција и совети .
Во психичкото насилство жените се убедувани дека се погрешни , секој нивни збор, став, мисла, жените се убедувани дека други се поубави од нив, поважни, поуспешни, жените се убедувани дека не заслужуваат внимние, а љубов уште помалку... Ова насилство секогаш е зачинето со емотивно па им се даваат квалификации како лабилни, емотивно нестабилни кога кутрите се осудени заради нивната бесузловна љубов кон некого и кога се обидат да побараат барем малку за возврат... А што е најлошо во ова насилство колку и жените да излезат јаки, непоколебливи, силни и здрели веќе не веруваат на никој и ништо, се осамуваат зошто самотијата им е штит, им е сила, им е самодоверба... И секогаш најмалата ситница, најмалиот коментар нечија љубовна приказна ќе ги врати во времето на насилството, ќе им ги врати сите слики, зборови и со прашањето„ зошто... што бев јас помалку од неа..“ повторно се ретрауматизираат самите себе и ја дробат и така кршливата самодоверба... Супорт за овие жени, оти модринките поминуват 7 -10 денови, а психичките рани , таман мислиш зацелиле, се отвораат посилно!
Кога ќе ја пронајдеш Македонија достапна за регистрација меѓу мал број држави на сајт за одредена ствар, иако се противев да ја погледнам листата. Ехх Македонијо, има надеж и за тебе...