Сакам да кажам, кога истражувате не истражувајте само од една страна. Ако има опција 1 и опција 2, не ја истражувајте само опција два за да си зацврстите верувањето во неа, притоа да тврдите дека е една вистина. Ако опција 1 има едни информации, а опција 2 има сосем други, патем негирајќи веќе постоечки и докажани факти, која е причината што опција 2 е пологична? Ако не негирате нешто што веќе постои, ај ќе речам, можеби има нешто логично во исказов што јас не го гледам, ама вака иди како да пржиш храна ама таа да остани здрава и не замастена.
Си мотам на Инста некои туторијал во позадина "Хавана унанаа"... Исклучувам. Пуштам MTV- "Хавана унананааа". Мозоков ми прсна од песнава.
Фејсбук нека ја тргне опцијата меморис Не ми треба да ме потсетува на глупостите што сум ги објавувала и на личности кои ми недостигаат
Сдк, Денес избувнав.. да избувнав. По телефон На мејл пратен на 08.02 ми вратија денес. После 13 дена. Па ми ѕвонеа на телефон... да ми објаснеле. Ама така уморна од животов, им наредив се по список.. како се неажурни, незаинтересирани, дека непрофесионално е да не креваат на тел во работни денови и ред други работи од професионален аспект. Фирмава не е некое обично фирмиче, само 2 има од таа област во МК и јас уплескав односи со едната Мислам дека нема да ме биде за бизнисменКА Има некое апче против непрофесионалност? Колку чини ќе им го платам..
Браво за мојава газдарица што е толку искрена и што ме просветли дека дефинитивно кога ќе планирам семејство нема да работам во таа фирма,пред некој ден ми рече и не беше првпат такво нешто дека што брзала колешката да роди сега немало да може она на некое патување да оди заради неа,трчала да роди таа,е што треба никој од нас да нема семејство само зашто на нив така им одговара,а они зошто раѓале,крајно безобразно,и знаат на некои поблиски да им кажат многу се е*еш е сега ќе ти е тешко со бебе,а они така без она ги зачнале и родиле,не се онакуват,мизерно ми е да слушам,наместо човек да се радува дека ќе добие дете дека ќе стане мајка на нив не им одговара,па ке мрцкаат,мизерија,и така си решив пред да останам бремена нема да работам таму оти сакам да се израдувам а не некој наопаку да ме гледа што ке станам мајка и зад грб да ме оговарат,неее фалаа,чао,пријатно,со здравје.
Зошто си дозволувате бе ваков третман? Од што трпиме све и свашта, условите не ни се менуваат и си тапкаме во место.
Она кога разговарајќи со (формално) образовани личности, во контекст на она што пробуваш да им го објасниш ќе спомнеш нешто сосема реално кажано од еминентен писател/поет, и тие ќе ти реагираат во стил „многу сонуваш, книгите ти перат мозок, и многу читање не е на арно“... А во една добра книга можеш да стекнеш и толку живописно да почувствуваш искуство за нешто пред реално да го искусиш, да најдеш одговор на толку многу прашања кои никогаш не си ги ни поставил/а и токму затоа не си можел/а да разбереш некој друг... Неначитаноста, тоталната незаинтересираност за книги и како шлаг на тортата – гордеењето со сето тоа, е поголем проблем отколку што се смета и третира. Многу токсични размислувања би се избегнале кога повеќе луѓе би го тргнале носот од туѓи животи и наместо тоа би се нурнале во некоја книга. Читајте, луѓе... читајте!
Во една статија прочитав дека трите најпродавани предмети во историјата на човештвото се: - рубиковата коцка; - изданието Хари Потер; - ајфонот. П.С. Нека трепка и без НЗС...
Понекад додека читам по форумов, па по оној другион форум за алфа мужјаци со мали ку*иња, по дебилниве вести и весници, и си викам кај живеам бе ја! И после ми текиње дека не живеам веќе таму... Фала ку*цу! Амин.
Тогаш кога ќе ставиш еднакво помеѓу бројот на мрднувањата со уста додека жвакаш храна и бројот на чекорите во текот на еден ден,знај дека нема да имаш проблеми со дисбаланс во килажа. Пробајте..
Вечерва имам многу нешта што сакам да ги кажам. На ладно и врнежливо време не можам да функционирам. Ми фали сонце да ми ја огрее и стопли душава, да ми се разбистри умот и да ми се врати позитивната енергија. Ми пречат радознали личности што поставуваат прашања во рок од една минута, како на пример арна си, а сега каде си, што правиш во животот, каде ќе конкурираш? Боже сачувај, да не треба писмен извештај да доставам со податоци, што било, што се случило, план и програма за следните пет до десет години. Не сакам никој да ми диши во врат, ниту да давам отчет за свои постапки и одлуки, ниту на блиски, ниту на подалечни личности, ама баш на никој не му должам објаснување. Понекогаш ми иде да бидам толку невоспитана и некултурна што на прашање од типот: "што правиш во животот" ми иде да одговорам:'ј*ебем радознали. Друго, сакам да кажам т.е да се пофалам дека полека започнав со шопинг на подароци за осми март. Почнав прво од подарокот за мајка ми.Иако е мал подарокот, сепак е оригинален и од ќе биде подарен. Кога ќе дојде денот ќе го објавам во соодветната тема, дотогаш ќе си го чувам себично оригиналниот подарок. Имајте убава вечер, се читкаме пак.