Мразам кога се двоумам и не знам која одлука да ја донесам... А не сакам трн во здрава нога да си турам... Не знам што е поисправно...Не сакам да избрзам, не сакам да се каам после... Срце вели едно, разум друго. До сега го слушав срцето, што ќе намислев мораше да направам, но сега не знам... Ако го послушам срцето, може да испадне сѐ најдобро, но може и глава да ме боли, да си направам само проблеми таму каде ги нема...
Затоа што навечер не можеме да побегнеме од себеси, затоа што навечер стивнува вревата, затоа што навечер излегуваат болките во нас, затоа што навечер излегуваат сите оние кои ни недостигаат, ќе го оставам ова тука да си трепка за добра ноќ
Ништо не може да ја замени упорноста. Ниту талентот, ниту генијалноста, ниту образованието. Упорноста и одлучноста се моќ!
Да се согласиме дека Шаде асоцира само на некои убави нешта. Кому како и што, сеедно, ама ете асоцира на убавини. Е така.
Толку !!! Раскинавме ....СДК дека не е лесно да се раскине врска заради тоа што ете, тешко би функционирал бракот заради Х причини. Кај нас беше тоа што живееме во различни градови, ни едениот ни другиот може да се пресели заради работата. Џабе љубов, џабе доверба , џабе одличен секс... за брак треба многу повеќе. Останува прашање, што е потешко да се најде ПАРТНЕР/КА или РАБОТА? Времето ќе покаже за двајцата. Чудно ми е ама ич не ми е тешко што раскинав а го сакав. Дали дека работам цело време , и немам време да мислам , ама стварно не ми фали. Арно рекол Хитлер дека работата носи слобода.
Треба во Ујп да си провериме дали ни плаќаат стаж од Фемина Ние машките членови треба бенифициран стаж да добиеме
Минута молк за сите што го пратат чатот и ги искористуваат информациите од таму. Не се срамиме ако јавно кажеме дека сме побарале совет, помош или патоказ од СТРУЧНО лице. Тешко на вам што мислите дека тоа може да го кажете во вид на навреда. Зошто реално за тоа да го памтиш стварно треба да немаш живот и да си мизерен. Затоа минута молк за сите осакатени души кои душевно богатство имаат само ако се исмеваат на луѓе кои не ги ни погледнале во очи. +
Се прашувате како изгледа вистинска љубов? Јас само го погледнувам син ми и знам како изгледа. И како сјаам кога го гледам како јаде, како спие, како ме вика да играме криенка. Бев жена без емоции, а посебно не за мажи....И потоа - си ја родив слабата точка. Ако тоа не ви кажува се - јас не знам како да ви го објаснам тоа. Цел универзум е пред вас и пие млеко.
Ете се срамам од сите свои дипломи, стипендии, докторски титули за кои со крв се борев, ставајќи се на коцка... Ете се срамам од секое патување кое сама си го подарив себе... Ете се срамам од работите што сама сум ги наоѓала и контактите кои ме почитувале заради интелегенцијата... Ете се срамам зошто во ова време кога се бориме за еднаквост на половите, се бориме да покажеме дека жените можат се, и можат сами опшеството ги велича само жените кои гордеејќи се со својата тивкост, понизност, и со цитатите од СЕМЕ СИНАПОВО добиваат работни места и функции затоа што се жени на некој маж или швалерки на некој.... Ете се срамам.... толку енергија сум вложила во борбата за живот, за позиција, за на крај да ја наведнам главата пред ваквите и да се почувствувам помалку важна... Тешко на нас... тешко на нашето опшество... ќе поседиме уште некое време во калта....
Бујрум Авторски текст за Алое вера Па наскоро и за книга дај боже https://makedonijadenes.com.mk/chudesnoto-rastenie-aloe-vera/