Проклето сум емотивна. Ме расплака еден текст, на личноста што не ја ни знам. Мразам такви работи и ме многу погодуват.
Некад, нема ништо подобро од тоа да некои луѓе те мислат за непресметлив, непредвидлив... она на што Американците му викаат loose cannon. Жими се. Ќе ви се најде со такви. Ептем многу.
Понекогаш, да не речам се почесто и почесто се буди една потреба длабоко во мене, потреба за самотија. Потребен ми е мир. Потребно ми е време сама со себе да минувам, во мир и тишина. Изгледа лицемерието на луѓето ми е преку глава. Немам повеќе сила ниту пак желба да слушам празни зборови, да развивам површни и лажни разговори… На човека му е потребен човек. На љубовта и е потребна искреност. На среќата и се потребни среќни моменти. А како минува времето, како растам јас сфаќам дека ако сам не си го подобриш здравјето, расположението, денот а бога ми и животот, никој буквално никој нема да ти го олесни патот и да ти подаде рака. Светот стана едно чудно изопачено општество што од нас искрените, дружељубивите и позитивните направи ладни и саможивни луѓе… Сакам сама со себе да поседам, сама да отпатувам и малку сама да поживеам. Можеби самотијата ќе ми го отвори патот и ќе ме огрее сонце. Можеби! Реалноста е таа, во долги црти.
Сакавте да ме навредите,да ме потцените велејќи дека на син ми не му недостигаме многу.Е па сте се зезнале,напротив ме направите горда.Одгледав син,кој е образован,културен,вреден,работлив,самостоен и пред се кој си ѓи цени родителите.Горда сум на тоа што ја имам пресечено папочната врвца навреме,му бевме и сеуште сме ветер во грбот негов,оние кои му дадоа крила наместо да му ѓи сечат.Горда сум на тоа што знаев да преценам зошто од многу работи се откажувам во негова корист,и денес е човек со големо Ч во секоја смисла на зборот.А вие само зборувајте си,се надевам дека вашите деца ќе бидат и постигнат барем дупло повеќе од моето.И не,немојте да се секирате дали ние помеѓу нас се сакаме,ич да не ве боли глава за тоа.
Сакам да кажам дека ужасно ме нервира овој нашиов министер за култура Роберт Алаѓозовски со то метлата на глава..на се личи освен на министер за ..пази богати..културА
Она кога сум гладна... https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2010566755920796&id=1474282096215934
Се слoжувaм...јaс зaнемувaм пред нејзините фoтoгрaфии a пoрaнo и пoстoви,зaштo oдaмнa не сум сретнaлa пoст oд неa.
ПМС е кога цел ден јадеш само она што ти се јаде, правиш она што ти се прави и менуваш облека на секој саат затоа што во еден момент ти е толку студено што ги земаш сите џемпери, наметки и се што е топло го облекуваш на себе, за после пола саат до саат време да посакаш само да имаш костим за капење на себе затоа што ти е претопло. И како јаготка на тортата, накрај се расплакуваш за најглупавата работа што во друг случај никако не би те вознемирила. Ај отидов да си поплачам затоа што сум заборавила да си купам крема за раце
Ми се пријаде ама баш многу салата. И иако така ''малку'' ме мрзеше да си издробам зелка, сепак решив да си направам. Ииииии си направив се по ред, и сега ставам сол па киселина и нели за крај масло. Иии гледам МАСЛО ЈОК. И јас цела ваква. Shit happends. А баш ми се јадеше ...
Ги преслушав песните на Каролина од новиот албум,и одлична е...Песните прекрасни,значи се во нејзин стил:елегантно,нежно,во етно мелос,дамски,од срце извира-и в срце те погаѓа.Секоја чест