Минатата година повторно почнав да читам како што читав и порано и сакам да кажам многу ми недостасуваше. Имав проблеми со концентрација и не можев да завршам една обична лектира, но успеав да прочитам 30+ книги за неколку месеци? Ми помогнаа да минам низ еден тежок период од животот, bless.
Со сторијава од концертот на Каролина да се запраша човек дали да оди. Секој по една цел концерт го видовме.
Јас не верувам дека судбината му се одредува на човекот според добрите или лошите дела, но верувам дека судбината ќе се одреди сама доколку вие не дејствувате.
има негативни луѓе кои ти влагаат под кожа без да забележиш, те зграпчуваат во мрежата од зборови, те туркаат во длабока јама, во црнилото, во реалноста....
Толку често ми се ежеше кожта кога жените беа нарелувани „курва“ за жал од друга жена, или од исфрустриран маж.. Толку често се прашував искрено што значи тој збор, зошто жените кои слушав дека така ги нарекуваа често бе рски, амбициозни, независни и поприлично храбри, па не знаев зошто во нашето опшество сеуште орденот „курва“ се доделува... Е па ја открив Америка и затоа нека си трепка тука
Daleku sum od sekiranje ama vecerva ne se zakaslav ko prethodnite denovi, a tek kako e da zivees taka nz
Колку топлина, емоции и насмевки се кријат во поканата да излеземе на кафе инцирана од потребата да се видиме. Не го сакам вкусот на инстант кафе, ама ми недостасува мирисот на едно ретро пријателство кое спонтано се роди низ желбата сакам да бидам во блескавото лице на будните очекувања. И додека ја прелистував меморијата, падна првата клапа за средба. Се договоривме почесто да си правиме нови сцени по сценарио на нашите стари видици. За нас двете. Не се современи и модерни како денешниве, ама го задржаа духот на времето во кое препознавме сроден нарав и се изградивме како личности. За нашата доверба што пријателство зрачи...
Колку си подобар,помирен во карактер толку гледаат да ја искористат таа твоја карактеристика насекаде,а особено на работа ќе те натрупаат со екстра задолженија и ќе те потапшаат дека заслужуваш ти тоа дека си добра во душа и најдобра во работата. Ама на плата некако поздрави не стигаат.
Сакам кога се е бело, ти дава позитива, ти дава радост, те прави да се чувствуваш како мало дете. Ех...што си ја дадов санката на внук ми, ќе се санкав од ридов кај мене па надоле. Ехх...животе..
Снег. Снегот е бел, го чисти воздухот, ја покрива нечистотијата и дава налик убава глетка. Сигурно снегот ве асоцира на сладолед во летиот период и знаете да правите снежни топки и да ги лижете (јадете). Има еден феномен кој се појавува во природата, а тоа е жолтиот снег за кој спроведени се истражувања и има докази за тоа од каде произлегува. Поуката е дека не треба да го јадете жолтиот снег. ПозЗ3³ ®
Сакам да кажам дека целта на документарци за животни не е да тераат гледачи да плачат. Или пак само јас сум во ПМС. Да беше само еднаш ќе вервав во второто, ама ...
Моментот кога треба да купиш нешто од продавница и на каса ќе се стави некој друг човек (наместо да си чека ред и да биде еден метар одалечен од тебе) со цел да гледа колку пари имаш во паричникот:
Ги замолувам јсп да ги мијат автобусите, за да можеме преку прозор да видиме до која станица сме. Денес во двокатен за малце ќе си ја промашев станицата зошто прозорите валкани, а и околу вртата гужва, па морав да кршам врат и да се ѕверам во она кај што пишува која станица е. Уште тоа да не работеше, ќе си залутав негде.