Ништо ново, ништо интересно. Така, ќе пропаднеме. За крај, можеби, вечерва сум во елемент. Саатот ми кажува дека немам време за глупости.
СДК: 1. Ако за секој ден кој сме го поминале во безпричинска тага, самотија и разочараност губевме по еден ден од својот животен век, се прашувам колку дена секој од нас ќе живееше? 2. Ако можев да пронајдам пријатели какви што беа оние во „Пријатели“, немаше никогаш да се посомневам во тоа дали имам среќа. 3. Ако познавав човек кој не е преплашен од тоа колку “многу“ снег има надвор, ќе излезевме на вечерна прошетка.
Секое утро будејќи се тука, ги отварам очите и ги гледам гранките на дрвото покрај мојот прозорец, го чувствувам мекото ќебе, па правам кратка пауза за да кажам „благодарам“. Но не знам кому му го кажувам тоа. На таванот, на небото, на светот од кој сум дел...
Да те бакне некој само со очите, да се држи настрана од тебе само да не те уплаши, да спиеш после толку време без кошмари, душо, ти не мора да со мој....само биди тука, до мене, чувај ме да не паднам...веќе не ми е битно дали спијам до тебе, мојата душа и сега е до тебе
Да ми е да знам со каква рамнотежа еднаква на супермоќ располагаат оние што и на снеговиве не се одделуваат од класични високи штикли...
Ако некогаш станам некој фактор во државава,ќе донесам закон против ''хит сериите што го потресоа балканот''.
Се извинувам вака што се вмешувам, но нема никој право мене некој да ми наредува со што и како да идам на работа, дали со кола дали со автобус, ако сакам со кола ќе одам и нема што тука, многу им е глупава идеава, ако толку се засекираа за чист воздух иди затвори ги тие што загадуваат, и готово, а не им наметнуваат глупости на граѓаните со што да идат, свашта.
После битка сите генерали. Чуму? Нема потреба од оперативен план и логистичка поддршка за нешто што одамна завршило.
Срце ме стегна кога видов дека ме имаш означено. Кај да знам што можеш да пишеш, опасна си. Во сигурни раце си, само да знаеш.
Воведен пост на темава САКАМ ДА КАЖАМ Постојат теми за слики со порака, смешни слики, убави мисли и мудри изреки
Сите нормално се движат по снегов, исто како да нема снег, само ја ко мечка. Очигледно мене ми е најголема шансата да шлапнам у вир или да се излизгам. Ебате животот и снегот со него.
Патуваме до месечината, а проблем ни е да запознаеме нов човек преку улица.Мислејќи дека господариме со надворешниот свет, го забораваме нашето мини универзумче внатре...
Сакам да кажам дека денес ми се пие пивце. И ми се игра во снег. И ми се јаде лажен цепелин по пола со него. Вчера кога си легнавме сфатив колку го љубам и колку ми е мака дека сме краткотрајни на овој свет. Завршив неколку важни работи вчера и утрово се чувствувам раат. Немирот дека „мора да се среди се'' е само лажен притисок, но ете си работи. Си направив хранливо смути и средувам некои документи. Се видов и со издавачот и дефинитивно ќе бидне и сликовницата за деца! Се радувам што ќе му оставам на ова идно дете убав збор. И многу неодговорливи прашања. И многу желби за храброст и сила. За... Да остави белег. Можеби многу барам. Можеби ќе биде просечно тупалче што нема да сака да ми ги јаде домашните манџи. Во ниедно време вчера некој ѓаол ме натера да праам палачинки, амерички. Сосе сос од јавор, сосе све. Исходот беше овој: Си ја пуштив Каролина со нејзиниот најемотивен настап - песната на Верица „Празно е без оваа љубов“ на концертот на Дуке, кога бев бесна и тажна истовремено оти не сме заедно. А еве години подоцна, седам во негова горна пижама, пијам кафе што тој ми го направи и чекаме бебе. Животиште.