Запрепастувачки ми е фактот што има луѓе кои не поднесуваат морални и чесни девојки (или момци). На некого му пречат, некој дури ги презира. Каков човек може да најде нешто лошо во нивната чистота и скромност, во нивната ведрина? Кога светот станал толку изопачен и одвратен за неморалот да го стави пред моралот? Многу разочарувачки...
Случаен минувач покрај мене се лизнува на мразот и јас инстиктивно, без осет, на цел глас си реков: Опаа Уште си се смеам за глупоста што ја направив...
Здраво луѓенца Си бегам си реков ај пешки од факс и пато дур да стигнам беше како да одев преку Авганистан,поле со кал и да се тепав со свињи,тротоар со лапајца,коли фрчат како да брзаат да стигнат на конференција на Далај Лама....абе дур да стигнам дома одвај. Сум се наоблекла како на Антарктико да ом,очите одвај отворени ги држев се мачев да не заспијам на сред предавања,од 7 и пол станата...па издржав да не се почудам ххахха На бегање скокај од еден вир кон друг,шлапај во водана,кал свашта ли беше како да учествував во трка на свињи,па дур да стигнам до тротоар како со талибанците да се борев се напрајв и на крајо си реков море Симона глеј си ја душичката и си купив тост да поткаснам и така си стигнав домче...изгледа ќе ми треба поќе од едно кафе за да мом да се сконцентрирам нешо да читнам за на факс....оти нишо чуднo моите да ме нат дома со скриптата гушната нешо поза како:не ја давам скриптата Се извинувам за моите глупости,имајте убав ден
Не вклучувајќи се во политиката, паметните и мудри луге ризикуваат да бидат водени од неранимајковци. - Unknown
Пешачење по снегот со мили луѓе и добар разговор...Дишење чист воздух додека носот не ти стане црвен и разбистрување на главата...Враќање дома со пицата што ја купуваш успат...Удобно сместување пред ТВ со уште помили луѓе...Пуштење Friends, јадење пица и смеење. Снег, пица, Friends, утре заслужено слободен ден. Колку сака клише и избледено нека звучи, мене вакви ситни а толку скапоцени моменти ме прават среќна.
Некои луѓе немат појма од животот, а нашле да ми зборат и да ми држат лекции, за тоа како се живее и ред други работи. Мој живот, мои правила.
Постои денес некој што не би ја злоупотребил довербата која му ја даваш? Постои денес некој кој цени се што правиш? Ајде да видиме. Изгорена сум на млекото и пак го пијам дури е врело. Можеби овој пат нема да осетам дека сум се изгорела зашто сум поотпорна? Или стварно нема да се изгорам?
Кога ќе фатиш девојка,и ти вика неможеш да одиш сам кај својата родена сестра на гости,или кај некој другар,другарка. Или обратно Готов си сега,ти реков не смееш сам да одиш
Епа готов си ти сакаш ем да ја употребуваш девојката ем никаде да не ја покажуваш се сам да одиш,мора пропусница таа да ти дај,кога се друго безрезеврно ти дала.