Порано ми беше важно да бидам опколена со многу луѓе. Луѓе кои биле тука само за забава, неблиски, кул познаници кои секогаш биле расположени да се појават некаде во град. Сега не. Битни ми се тие што се покажале верни и во тешки денови. Малку се. Али доволни ми се.
Мене не ми е јасно како тоа ставате запирки а немате точки во една реченица. Почнувате нова реченица а немате точки .
Чувството кога внук ти на неполни 4 години ти кажува дека во градинка ја бакнал на лице другарката Георгина,ептен беше ќефови и мене ми кажа и на мајка му и баба му. Изгледа почнува да се развива кај него првото чувство на симпатија,очигледно да,тоа девојче често го спомнуваше,но кој да ти знае
Низ годините на созревање и стекнување искуство сфатив дека самокритичноста на карактерната аномалија не е доволна мерка без превентивно реагирање за надминување на проблематиката на индвидуално ниво. Ама само сфатив, а не научив да поставам контролен механизам за поштедување во работата очекувајќи дека вложениот труд нема да биде само репер за лична сатисфакција. Амбициите се толку немирни што зависникот во мене не мирува и кога треба да здивнам и да кажам доста е. Посилен е и од физичката болка и ме одвлекува од потребата за исклучување од се и од сите. Утешно се хранам од сознанието не можам да мирувам. Тоа што само површински сфатив, а не научив свесно да го правам и да биде на рамниште на однесување на мнозинството ми создава револт кој оправдано се акумулира и неоправдано резултира со безвредност. Не прекорувам никој што се припоил кон трулоста на системот. Вината е во мене што пресериозно сум пристапила во спроведување на процедурата, знаејќи дека поединците од старт се прегазени во обидот за освојување на целта. Брутално боли како е кај нас, нели. Многу треба да се направи за да се променат работите од темел, а и кој би се вложил себе си за да отплетка заплеткана мрежа кога полесно е да се биде дел од неа. Се соживеавме со тоа санкциите да постојат само вербално, а трудот да биде маргинализиран. Лута сум на себе што не се приклучив на паролата Како сите така и јас... Ќе почувствував како подобро се поминува и како полесно се стигнува по краткиот пат. А јас се движам по делот што сигурно пропаѓа.
Ми се смачи од местачи, лицемери и злобни луѓе. Смачено ми е од луѓе што ќе ја укашкаат работата и после те местат за да испаднеш крив. До каде ќе одиме со таа злоба? До кога ќе си ги лечите комплексите на други и ќе лечите фрустрации? До кога ќе ги оговарате сите, до кога никој нема да ви чини? Возрасни луѓе сте, не ви личи. Ако не ви е по терк човек, го третирате како глушец за експеримент. Засрамете се!
Уште двајца чекам на фб да ја објават 1ви Март од Каролина и добив кладба. А нема уште 12:00. Ќе јадам милка. Требаше во нешто поголемо да се кладам.
Кога не ми е денот, одам во Насмевка и таму оп тема -Ритуали при извршување голема нужда кога гледам испишани цели 16 страни и една многу интересна работа. Скоро сите какаат додека пишуваат на Фемина. Сега поголемиот дел од луѓето што се зачленети ги замислувам седнати на шоља
Не ги сфаќам жените што имаат комплетна кујна а готват на тераса сигурно ова само во Македонија го има да крчкаш грав на тераса а кујнат како никој да не готвел внатре. Не го разбирам тој страв од мириси на готвено дома, и покрај моќен аспираторор и да замириса нешто не е страшно. Напротив мириса на дом, на трпеза со семејството, топлина.
Младина со култура, манири и почит, и луѓе во години со разбирање, отворен ум и одобрување на позитивното и освежувањето од првите - се две сосема подеднакво важни и бесценети елементи на едно општество.
Мислам дека најпосле ја открив суштината на живеењето! На крајот, се' се сведува на тоа да кога ги одбројуваш последните денови во дом за стари, да има кој да те посетува, со вистинска желба да те види, да те израдува, па дури и да те зафатила склероза и да не ги познаеш, да има некоја искра кога ќе ги погледнеш и од душата да почувствуваш - твои се, за нив животот си го изживеал/а...