После толку време, ми се седи во канцеларијава и добро ми е. Па и музикава ме тера да си потпевнам малку
Летово ќе се искрчка и монографијата за Астални! Ујеа! Па плодна година мајку му. Јуни ќе бидат крунисани 40тите. Со торта и угодно чао чао до следни книжевни борби. Последнава година сфатив дека има доста млади, амбициозни, но за жал неталентирани дејци кои сакаат само да се протнат во тоа небаре уметничко друштво (пази, ко да сме ние некоја париска авангарда), а не знаат да склопат две реченици, немаат структуиран стил, не читаат. Туку ете така, сакаат пет минути слава. А јас стареам како вештерка и такви нешта не дозволувам, односно, ужасно ме нервираат! Јас трипати полагав за 7мица по книжевна херменевтика и семантика на текст, за да сфатам на крај дека теоретските текстови не се учат за оцена. Се учат за да ги разбереш кревките делови од книжевниот свет кој е постојано некаде прелеан, изневерен, на маргините. Дека нешто треба да имаш и „од горе“. Дека како и за секоја уметност, талентот не оди под рака со жестока амбиција да си уважен. Така ја убиваш природноста, создаваш квази-вредност, а во вакви матни времиња, доволно е некој да нема поим и да го прифати тоа како врвно. Жалам, но нема да може. Дали е до годините или станувам опасно критична не знам, но знам дека тоа е мојот ресор и можност за влијание. Од друга страна на планетата: Ме побараа да бидам говорник на една трибина, откажав. Некако, не ми се мудрува каде било. И башка што веќе се повторуваме. Три години борба за отпадот од храна да се претвори во јадлив безбеден оброк и да се дава на бездомници, социјално загрозени. Три години трубење, три години секакви ситуации, средби, сукање ракави, паднат и качен ентузијазам и моменти на целосна бесмисленост и одалечување. Три години ветерници, шупливо во празно, средби со челни луѓе, со донатори... И уште траат сите процеси. Фактот е единствен - кај нас секогаш „некој друг“ треба да ја заврши работата. Одговорноста секогаш е некаде таму горе у облаци. Луѓе од типот „ Ај да направиме ова, ај некој нека направи тоа“, ве молам освестете се и направете ЛИЧНО ВИЕ што можете. За диригенти, видовме колку е раштиман оркестаров. А да! Лоповлук на секое ниво. Така да... Ќе раѓам можда у Холандија.
Тропкаат капките на дождот мал повик на природата,повик за излегување од секојдневната рутина. Убава музика во позадина,второ кафе на маса. Мал момент лично за себе. Помислувам дека е летен дожд и кога ќе отворам прозор ќе мириса на онаа летна свежина по пороен дожд по пеколна жештина. Таа летна свежина толку е заводлива,примамлива за нешто што вечно се памети. Има време наскоро доаѓа пролетта па следи се ова.
Го дочекав март, се израдував како да е мај. Уште колку дождливи и студени денови се пред нас дур да ме огрее сонце? Секакво, било какво, некакво. Како да сме во некој мрачен облак, никако да избегаме од овие магливи чувства. Еден да сретнев да ми речеше дека е добро. Еден. Ќе го прегрнам и бакнам и ќе му се заблагодарам. Како од иднината да доаѓа, како да ќе ми рече, кај и да е, ќе биде, не грижи се... И онака се гушам во недостигања и стравови. Ќе се зафатам за некое јаже позитива, и се лизгаат глупавиве раце. Ете...нека дојде пролет, те чекам пролет, те љубам, дојди ми. Сите убави сеќавања ми изгледаат толку далечни. Нема да плачам. Колку сум слабак... ама нема да плачам.
Од мажи само оние кои кога осетат како ти трепери гласот, дишењето, како немирот ти го обзел телото, викаа: „ајде, време ти е да бидеш со мене........“ Со поглед да смируваат, со мирис на кафе, со безбедност, со бегство од реалноста.....
Калливите улици надвор, неисчистени тротоари, лом дворови, лом пред згради. Прво Ние како народ не чиниме, а после не ни чини државата, ако ова може да се нарече така.
СДК Немам ништо против машките членови тука на форумов, ама повеќе не се осеќам безбедно да коментирам или да прашувам за проблеми и решенија во интимните теми Во некоја тема сум напишала за големината на партнерот, сум пишувала за омилени пози, колку пати најмногу сум имала секс во 24 часа и се е тоа во ред. Сите пишуваме. Анонимни сме Ама кога почнуваат да стигаат пораки од машки членови кои одма почнуваат разговор за секс без ни едно здраво во наслов, почнува да ме мава анксиозност. И почнувам да го мразам форумов заради овие работи. Значи @veren и останати како тебе Што те интересира толку за мојата интимност и која поза ја сакал мојот партнер? Форумов го гледате како еден вид на порно од вистинскиот живот?
@Shery Deaktiviraj ja opcijata da dobivash privatni poraki. Samo tie shto gi sledish napravi da ti prakjaat poraki. Inache neka ne te chudi toa, ima sekakvi tuka. Prijavi go i gotovo, ne se potresuvaj. I jas lugjevo ne mozam nekogash da gi sfatam ama toa e toa...
Ај муабетов да го правиме кога ќе нè вработат и мене и тебе во рудник. П.С. Женава наводно е полицајка, сигурна сум дека е повеќекратно посилна од Зоки наш на пример.
Не сакам повеќе да бидам виновна за се.... Едноставно не знам како да го оправам ова... Некои работи душата не ми дава да не ги правам, иако знам дека можеби се грешни. Се изгубив веќе..Не сум ни јас ова.. Не сум си присутна во животот. Само правам што морам... Веќе сум мртва. Бар да престанам да чуствувам било што, можеби ќе ми биде и полесно. Ни најмалку, воопшто не сакам да повредам некој, а упорно има повредени од моите постапки... Ова нешто што се вика "живот", не е за мене... Оти не знам да го живеам.
Лага е дека времето лечи сѐ. Да лечеше сѐ, немаше навраќањето на одредени настани да ни предизвикуваат солзи во очите и празнина во душата. Времето само ги бледнее работите и спомените.
Моментот кога влегуваш во комбе. Од што има гужва не може да се диши. На сардините мислам им е покомотно в конзерва. И за крај онај тазе и jak мирис на ЗАПРШКА. Priceless
Честиташ роденден без име. Никогаш не ризикувам. Оти знам колкав талент сум. СДК ова тропкање од дождот има некакво смирувачко дејство. Нека си тропка ми годи се додека сум дома.
Многу се радувам на март. Омилен месец ми е ,ама како дојде,мене па од кревет не ми се станува. Место пролет да најави,мене како зимата да ми ја донесе.
Посилна е од мене можам да признаам. Но хулиганот не е посилен од мене. И што не ме означи де,да видам дека си ме спомнала во коментар. Не се срами