Нема ништо поубаво од чувството кога знаеш дека во животот имаш лица кои ќе бидат секогаш за тебе тука, дури и кога ќе имаш обична настинка.
Штознам, кажете што сакате за интернетов, каков - таков, ама мене многу (дури и го болдирам зборот) ми помогна да се едуцирам на одредени теми. И мило ми е што сега знам и можам да се вклучувам во дискусии со факти и аргументи. Читајте повеќе, луѓе. Кликнете на некоја статија на интернет што обично не би ја отвориле. Чисто за промена.
Наречете ме нереален идеалист, ама грд/а ми е премногу груб и безобѕирен епитет за да се даде било кому исклучиво во врска со (дел од) неговиот изглед. Кај секого има нешто убаво да се најде во она што природата му го дала надворешно. Грди се нечовечноста, омразата, негативната енергија, непочитувањето... Треба остриов збор почесто да се користи за она внатрешното што не чини.
И реков на мајка ми дека не се гледам себе си како мајка во иднина, ме нарече дел од секта. Ах бе мамо.
Па кога ќе размислам подобро и јас ќе ја сакав земјава ако живеев во друга поразвиена земја. Што подалеку си од Македонија толку ти е помила земјава, а за тоа доказ се тие што се собрале од Австралија за imeto nego dafame! Заминале на крај на светот за подобар живот (пошто само будалите останаа за 200 евра да работат), ама името не го давале...Пренесете им дека тие ќе бидат прашани...Баш тие се битните во приказнава и среќа што се собрале инаку не знам како ќе се решеше ова
Поддршка можеш да го наречеш, на што се потсмеваш не ми е јасно? Да не излегоа да бараат платите да ви ги намалат што ви се толку трн во око? Да беа Французи, Американци, Швеѓани кои организирале ваква излезеност за поддршка на една држава ќе имавте нешто против? Бог да чува.
Преку глава ми се овие постариве српски филмови со нивните порно сцени и татко ми што ги гледа без да трепне не дава да се смени програма па мора од незгодно од соба да излезам,еве изнервирана сум во моментов,камо да беше од оние што на филски бакнеж менат канал
Еее и братучед ми со бугарски пасош замина Германија ама ене го на фб и кај што стигна кажува Македонија на Македонците. Требало да се бориме за името, за државата... Само не знам тој за која држава се бори, Македонија или Бугарија. И сите тие таканаречени што протетираат имаат Австралиско државјанство, ама не, ние не чиниме зашто врзуваме крај со крај. А тие нека протестираат. МА СУПЕР СИ КАЖА. И ЈАС ДА НЕ ЖИВЕЕВ ОВДЕ ЌЕ ЈА САКАВ МАКЕДОНИЈА ПОВЕЌЕ. АМА КОГА ПОДОБРО ЌЕ РАЗМИСЛАМ ДРЖАВИЧКАВА НИ Е СУПЕР, САМО НИЕ НЕ ЧИНИМЕ (МАКЕДОНЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА И МАЌЕДОНЦИТЕ ОД АВСТРАЛИЈА).
И денот што започнал најлошо, може убаво да те изненади до вечер. Изгледа денот не секогаш се познава по утрото. Не губете надеж, никогаш.
Јасно ни е на сите. Тие што се заминати што подалеку да живеат, се всушност најголеми патриЈоти...Срцето земи им го, ама името немој. Седете вие во земјава и земајте околу 12.000 денари плата, а ние поддршка ќе ви даваме од странство ххухехеу. Што би правеле без нив? Срцки се собрале.