Многу е полесно да им простиме на другите. А дали воопшто можеме да си простиме самите на себе? Еве јас неможам, на сите што ми згрешиле многу денес ги спомнав во себе и им простив. Ја пуштив таа омраза и гнев во мене додека стоев под ладен туш. Незнам зошто... така да ми дојде. Нека оди... Но како да си простам себеси? Тешко ми е, мислам дека никогаш нема да си простам за грешките кои свесно ги направив. Свесно но како некој ѓавол да ме тераше и ми го држеше разумот во заблуда. Мислам дека никогаш нема да можам да си простам... само ќе се обидам да заборавам, што помалку да се навараќам и да престам да се обвинувам себе си. Си ги платив грешките, ма си ги преплатив. За секоја грешка платив дупло, многу скапо, многу ме кошташе се. Колку многу нервози, јадови, ноќи без сон, солзи, болести, финансии... Нека оди и тоа... само тука нека остане. И си реков на себе, на толку лошо може ли да биде уште полошо? Што полошо уште може да се случи? Ме помина, ми се случуваат и добри работи! Сакам да бидам подобра личност, сакам да се поправам, сакам таа себичност и лошотилок да излезат од мене. Сакам да се просветлам, сакам да бидам среќна на раат. Сакам да заборавам на се што било до сега, да се будам со позитивна енергија и насмевка. Да имам надеж за подобар ден. Да престанам да бидам негативна. Секој ден ќе го почнувам со благодарност. Секој ден ќе му се заблагодарувам на Бог за ова што го имам денес, за ова што сум денес. Вистина е дека секое искуство ме направи само посилна но и понечувствителна. Ме направи попаметна но и позлобна. Ми требаше промена, ми требаше ова да го почувствувам за конечно да почнам да живеам. Да, мислам дека токму сега почнувам да живеам. Ти благодарам Боже за овој човек што го имам покрај мене и за бебето што расте во моето меше.
Сум Македонец и сум роден тука,но никогаш нема да искочам на ниеден протест за името,ни сеа ни некогаш,многу од вас ке ме навредат во себе,но ми е гајле.Самиот народ си гласаше свесно и одговорно,самиот народ и ке си трпИ,тоа се вика САМ СЕБЕ УБИЕЛ. Под Турско ропство сме биле 500 години,или 5 века како сакате,НИКОЈ НЕ СЕ ОСМЕЛИЛ ИМЕТО ДА ГО ПИПНЕ,АМА БАШ НИКОЈ.СЕГА СМЕ 6-8 МЕСЕЦИ СО НОВА ВЛАДА И ОДМА СВЕ СЕ МЕНУВА,ПРОКЛЕТ НАРОД БЕВМЕ,ПРОКЛЕТ И КЕ ОСТАНЕМЕ,АЛИ НЕЛИ,СВЕ ЗА ФОТЕЉА
СДК по не знам кој пат ќе кажам,језиво ми е кога мртов човек го означуваат по социјални мрежи... Аман,престанете веќе еднаш,какво е тоа жалење и тоа сочувство,кој ќе прочита,кој ќе лајкне?! Осет да се немало значи...и после следува она:како мртвиот бил најдобар и како сите го сакаат и се погодени од смртта,а претходно за жив не го ни сметаа
Следниот неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија е 6-ти април (Велики петок, а после викендот исто така неработен ден ќе биде и вториот ден од Велигден, 9-ти април, што значи дека следуваат 4 споени неработни денови.
Во животот многу подобро било да имаш искрени непријатели одколку неискрени и задкулисни пријатели. Едноставно со првиве ќе си знаеш на.што си и ќе гледаш да се припазуваш и корегираш за било што.
Speaking of хардкор патриотизам feat. дијаспора, една тазе трагикомична анегдота што чувствувам потреба од своја страна да нагласам дека не е шега, туку вистина... Отворам пред малку фејсбук и ме пречекува изненадување - во пораките најгоре го гледам заедничкиот профил на еден пар роднини кои живеат во Австралија. Нема да навлегувам во фактот колку подобро живеат таму, бидејќи сепак не ми е во природата да споредувам и да завидувам материјално, туку како би ја опишала комуникацијата со нив? Никаква и скроз еднонасочна, пошто мајка ми сепак од култура стално ми вели да честитам и од нејзино име - а од нив ништо... Не би ме изненадило да ги прашаш и да не знаат ни што студирам, па дури и да ме прашаат кое одделение сум и по одговорот да се шокираат колку сум пораснала, ко најрандом комшии од маало на улица кога среќавам. Е сега, погодете во што се состои пораката што ја добив од истиве? Знамето од Вергина и пар патриотски „името не го даваме“ пароли на тарзан инглиш, кои најверојатно копирани ги препраќале на којзнае колку пријатели што ќе им дојдат пред очи. Ете... а вие останете си така со црвено-жолтите очила, радувајте им се и пазете се од нас анти„патриотите“ на кои „ништо не ни е свето“!
Сосема е во ред да се посети вечниот дом на некој што ни е починат на неговиот роденден. Па и да се пишат збор два во негова чест..Ама да се слика неговиот гроб и да се закачи на фејс и да се редат честитки под фотографијата?? Знам се пишувало и порано за ова ама денес кога видов се згрозив..Дали болката си го прави своето или ова стана некоја мода?
Sakam da kazham deka na John Murtovski i na Elisabeth Simitchievska im se dopagja komentarot. Ne e losho vo vrska so ova da se gleda od K-15 videoto so John Krokodilov.
Македонија е стварно глупо име. Треба да го извадиме од Горна. Кои сме ние - Горна земја... Горноземци. Оп стоп, прва го предложив.